Контакт

Соопштенија

(Видео) Вељановски: СДСМ сака со законско решение да подметне македонскиот јазик да биде означен за втор јазик

Објавено пред

СДСМ е фатен на дело како се обидува набрзина, преку предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, да подметне законско решение со кое македонскиот јазик ќе биде означен за втор јазик во Република Македонија. СДСМ дополнително го понижува македонскиот јазик нарекувајќи го странски јазик во Македонија, обвини Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Молкот на Заев, Спасовски и нивните послушници за скандалозното законско решение нема да го скрие срамот на СДСМ од овој голем скандал. Имено, молкот само потврдува дека тие се согласуваат со скандалозната формулацијата во член 4, алинеа 11 од предложениот Закон за употреба на македонскиот јазик, во која СДСМ за македонскиот јазик вели дека е „странски/втор јазик во и надвор од Република Македонија“. Но, според Уставот и законите, македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски ниту втор јазик во Република Македонија. Во согласност со Уставот, ДРУГ јазик може да се употребува ПОКРАЈ Македонскиот на сите јавни настани, а не македонскиот да биде придружен јазик на некој друг јазик. СДСМ мора итно да прифати дека македонскиот јазик не е ниту втор јазик ниту странски јазик во Република Македонија“, рече тој.

Заев, Спасовски и СДСМ, додаде Вељановски, заговараат неуставно и навредливо законско решение, кое во членот 7 повторно го понижува македонскиот јазик. Во него се вели „на јавните настани финансирани од буџетот задолжително се употребува и македонскиот јазик“.

„Иако во оценката на состојбите што треба да се уредат со овој закон звучно се декларира дека со овој закон се зацврстува посебната заштита на јазикот како нематеријално културно наследство, одредбите на овој закон се далеку од третирање на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство и наследство од духовен карактер. Затоа, итно бараме Заев, Спасовски и СДСМ да не ја ставаат политиката над науката и да ги слушнат жестоките реакции и критики на 90 отсто од стручната јавност за ова несреќно законско решение. Со оглед на извонредното значење на овој закон за широката јавност, овој закон не смее да се носи на шверцерски начин и со импровизации, туку во редовна постапка, со прифаќање на сите забелешки на експертската јавност и задолжително во редовна процедура, односно преку три читања“, рече тој.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ моли европратеници да не ни дадат датум за преговори

Објавено пред

По којзнае којпат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е криминална и антидржавна партија преку нeјзиниот последен обид да издејствуваат ЕУ да не ѝ додели датум за почеток на преговори на Северна Македонија, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Партијата на Мицкоски на средби моли меѓународни претставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско-криминална матрица е така кодирана да ја уништува државата, да ѝ ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира“, посочи партискиот портпарол.

Ваквите постапки Костадинов ги оцени како антиевропски, антидржавни и антизападни.

„Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е Северна Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста за тоа што ја покрадоа државата“, кажа тој и додаде дека СДСМ останува посветена на реализација на стратешките интереси на државата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Законот за ЈО е ефикасен против сите кои сториле криминал, нема никаква скриена амнестија

Објавено пред

Законот за Јавно обвинителство е гаранција за воспоставување правна држава и како партија тврдиме дека со законот нема никаква скриена амнестија, порача на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој истакна дека Законот за Jавно обвинителство е ефикасен и применлив против сите кои сториле криминал.

„Продолжуваат предметите на СЈО кои се во фаза на судско постапување и нема законска пречка да им се суди на партиските криминалци од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Затоа го повикуваме судот да престане со бескрајното одложување на процесите и конечно да создаде услови за секојдневни судења. Продолжуваат истрагите и предистрагите на СЈО кои беа запрени со mислењето на Врховниот суд, иницирано од судијата Јово Вангеловски, кој важеше за судски заштитник на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи партискиот портпарол додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се соочи со фактите затоа што целото нивно постоење и функционирање почива врз криминал и корупција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Авзиу: ДУИ се грижи за административните службеници и напредокот на нивната кариера

Објавено пред

Изминатите години успеавме да создадеме можност за вработување на околу 25.000 административни службеници Албанци и ја зголемивме правичната застапеност од 2 во над 20%, изјави на прес-конференција Адем Авзиу од ДУИ.

Тој порача дека грижата за административните службеници продолжува со законските измени, со кои се олеснува можноста за унапредување и признавање на високото образование за административните службеници вработени со средно образование, кои во меѓувреме завршиле факултет.

„Секој административен службеник кој две години е на работно место на исто ниво и имајќи ја предвид и последната просечна оценка при оценувањето, ќе може да премине од пониската во повисока позиција на тоа работно место“, објасни Авзиу.

Тој нагласи дека почнувајќи од 1 декември годинава, административните службеници ќе имаат можност да поднесат барање до раководителите на институциите, за обезбедување на вреднување на адекватното ниво на образованието во основната компонента на плата.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија7 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија7 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија9 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион9 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија11 час

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно12 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија12 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион13 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт15 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија15 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет15 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет1 ден

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт1 ден

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет1 ден

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие