Контакт

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ презентира 10 најголеми успеси на Владата во изминатите две години

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ имаат огромни успеси од кои граѓаните на Република Македонија глава не може да кренат. Денеска, ќе ви ги презентираме 10-те најголеми успеси на оваа Влада постигнати во изминатите 2 години, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција.

1. Зоран Заев успеа да ги вработи членовите на семејствата на функционерите од СДСМ што не беа вработени, тука само ќе спомнеме неколку, како Мира Дизел, Милева Ѓорѓиева, Татјана Лалчевска и многу други.

2. Зоран Заев успеа да го направи својот брат Вице Заев најпосакуван бизнис-партнер во државата Република Македонија. Семејството Заеви влезе во бизнисот со марихуана, го откупи струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“ за цена колку една гарсониера, а камиони на фирмите на Заеви вршеа транспорт во РЕК „Битола“.

3. Зоран Заев успеа да се избори за втора и трета амнестија. Затворен е случајот „Поткуп“ во кој се бараа 200.000 евра мито, а нема ништо ниту од случајот каде што јавно повикуваше на поткупување гласачи за време на референдумот. И во двата случаја постојат аудио и видеодокази, но позицијата на премиер очигледно го направила и невозможното возможно.

4. Заев и Анѓушев успеаја да обезбедат субвенции од Фондот за иновации, од кои се офајдија Кочо Анѓушев и Цветанка Ласкова.

5. Власта успеа во првиот квартал 2019 година да се впиша во историјата како власт што успеала да го намали приливот на странски инвестиции 10 пати во однос на истиот квартал од претходната година.

6. Зоран Заев успеа да ја намали откупната цена на земјоделските производи до степен на земјоделците повеќе да им се исплати да ги сечат своите долгогодишни насади и родот да го фрлаат на буниште отколку да го продаваат.

7. Зоран Заев и Венко Филипче успеаја здравството да го донесат на дното. Луѓе се лекуваат со СМС-пораки наместо со пари од ФЗО. Лекови во аптеките нема по 15 во месецот.

8. Власта успеа досега да потроши 10 милијарди евра на име буџет, а притоа никој не знае на што се потрошени. Нивото на капитални инвестиции за првите четири месеци од годината изнесува само 10 отсто. Нема нови 600 километри автопат ниту, пак, 550 километри магистрални патишта.

9. Зоран Заев и Оливер Спасовски успеаја безбедноста да ја донесат на најниско можно ниво. Убиствата и грабежите станаа наше секојдневие, а запалените автомобили се како декор на улиците.

10. Власта на Зоран Заев успеа да ја деградира војската на Армијата на Република Македонија. Касарните ни ги чува агенција за приватно обезбедување, а војниците немаат ниту чизми.

Ова се 10-те најголеми успеси на оваа Влада, кои им го загорчија животот на граѓаните. Со оваа Влада бесперспективноста е сè поголема. Колку побргу оваа Влада на Зоран Заев си замине, толку подобро“, истакна Стоилковски.

Соопштенија

СДСМ: Струјата остана непроменета, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра

Објавено пред

Концептот на Владата предводена од СДСМ за враќање пари кај граѓаните е базиран на реални и остварливи мерки што даваат резултат, соопшти СДСМ.

„Реформите во енергетиката даваат резултат. Цената на струјата останува непроменета 2 години, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра.

Ја вративме евтината тарифа на струјата, која донесе до 11 милиони евра годишно заштеда кај граѓаните.

За споредба, на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан (Хидро) Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на струјата поскапе 100 отсто, а евтината тарифа беше укината.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните. Зборот важи!“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Лажните разговори покажаа дека мито е првото нешто на кое помислува Заев

Објавено пред

Зоран Заев со неговиот криминоген и расипнички карактер ги урна угледот и достоинството на Република Македонија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека разговорите со лажниот Порошенко покажале оти Заев без воопшто да размислува веднаш се впушта во криминални дејствија.

„Очигледно дека тој првото нешто на кое помислува е мито па затоа нема проблем да понуди поткуп било тоа да се работи за македонски бизнисмени, или пак за Вселенскиот Патријарх“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека фактот оти Заев е опкружен со криминал го откриваат и пораките кои самиот тој ги пуштал до комичарите.

„Во нив се гледа дека во владиниот кабинет одржувал средби со меѓународен криминалец обвинет за нелегално финансирање на политички изборни кампањи, перење на пари и поткуп за пропаганда со лажни вести, но и инволвиран во скандали во земји кои се докажани пријатели на Македонија. Слушнавме како ги загрозува пријателските односи со соседите и како го озборува и исмејува како на селска чешма актуелниот претседател на Украина, Владимир Зеленски, нарекувајќи го популист, а со комичарите се согласува и дека е платеник на Русија“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека во разговорите Заев ги потценува граѓаните и гласачите во Република Македонија.

„Во еден од тие разговори тој веднаш се согласува со сталинистичката изрека дека не е важно како гласаат граѓаните, важно е како се бројат гласовите, што доволно ни кажува како ги организираше изборите и референдумот во државава и зошто обвинителството не реагираше за изборните нерегуларности“, стои во соопштението во кое се истакнува дека одговорност за сето ова мора да има, не само зошто постојат индиции за криминал и прекршоци, туку и дека изнесени се сериозни информации и сторени се дипломатски и меѓународни скандали.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ:196 милиони евра назад кај фирмите во првата половина од годината

Објавено пред

Над 196 милиони евра се вратени кај фирмите од страна на државата со редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите во првата половина на оваа година, соопшти СДСМ.

Според партијата, она што е дополнително важно е податокот дека повратот на парите од ДДВ назад кон фирмите е поголем за 20 отсто во однос на истиот период лани. Тоа се 2 милијарди денари повеќе пари за фимите.

,,Во споредба со 2016 година, односно за времето на ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна, дури 70% повеќе. Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ само грабаше од граѓаните, од фирмите. СДСМ враќа пари назад кон граѓаните, кон фирмите. Редовниот и неселективен поврат на ДДВ ја подобрува ликвидноста на фирмите. Позитивните тенденции во стопанството, во економијата се гледаат и преку засилената активност на фирмите”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион22 минути

(Видео) Макрон пристигна во Белград

Францускиот претседател, Емануел Макронм пристигна во дводневна посета на Белград, а го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. Двајцата на аеродромот...

Македонија47 минути

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија2 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија2 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија2 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија3 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија4 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија6 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава7 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет7 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет8 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион8 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт17 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа19 часа

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт20 часа

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет20 часа

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Спорт20 часа

Трилер на Вимблдон! Ѓоковиќ по пет часа тенис го „собори“ Федерер

Новак Ѓоковиќ по петти пат ја освои титулата од Вимблдон, откако во едно историско финале со 7:6(5)/1:6/7:6(4)/4:6/12:12(3) го совлада освојувачот...

Регион21 час

Ердоган: Испораката на С-400 системите ќе заврши в година

Испораката на руските ракетни системи С-400, Турција би можела да ја заврши до април следната година, изјави денеска турскиот претседател,...

Регион21 час

Јулски снег во Бугарија

На планината Рила во Бугарија, падна снег, објави Метео Балканс. Лошите временски услови ја зафатија Бугарија, а метеоролозите најавуваат обилни...

Македонија24 часа

Лидерската средба е неизвесна, власта и опозицијата не можат да ги усогласат темите

Неизвесно е дали ќе има лидерска средба помеѓу првите луѓе на најголемите политички партии, а несогласувања постојат во оснос на...

Досие