Соопштенија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Царовска е најнеспособниот министер во Владата
Мила Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа и за партиски вработувања. Во ек на огромни скандали поврзани со целосен колапс на системот на заштита на децата, со актуелен случај на силувана штитеничка на установа, како продолжение на хоророт кој што секојдневно го доживуваат децата во институциите водени од Царовска, таа се фали со партиски вработувања, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Царовска е најнеспособниот министер во оваа влада, а денешниот јавен настап го докажува тоа. Без трошка емоции за случај за напаствувано девојче таа се држи до правната терминологија и бега од одговорност. Царовска веројатно и не се чувствува одговорна за случаите на обљуба на малолетници што е тешко кривично дело со казна затвор над 10 години кое по кој знае кој пат се случува пред очите на вработените. Царовска не разбира на колку одговорно место седи додека малолетнички се сексуално злоставувани, абортираат, се присилувани на секакви изживувања и хорори. Деца бегаат од установите и ги снемува во непознат правец, а таа вели „бегството на деца од домовите е вообичаена пракса““, рече тој.
Царовска, додаде тој, денеска во ек на скандали се фали со партиски вработувања и најава за нова партизација.
„Ако сака да зборува за градинките, Царовска нека одговори зошто беа истерани, или правно не им беа продолжени договорите на бројни воспитувачки и негувателки од градинките? За сега партиски да вработува? Ги остави децата без соодветна заштита, иако имаше полна уста зборови за групи во градинките кои нема да бидат поголеми од 20тина деца. Па Царовска колкави се групите денес? До каде е популистичкиот проект кој што го отпочна во септември лани за двосменско работење на градинките? Дали тој се одвива насекаде? До каде е достоинствената плата од 500 евра, меѓу другите и за негувателките која ја ветуваше заедно со Заев? Се сеќава ли Царовска дека прва работа што направи нејзината влада беше кратење на парите за изградба на градинки, и со тоа ја стопираше градинката во Кавадарци“, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
(Фото) Audi Q5 – Најпосакуван автомобил во Македонија
Со убедливи 43.2% од гласовите, Audi Q5 ја освои главната награда на „Златно Тркало“
Audi Q5 е прогласен за Најпосакуван автомобил во Македонија на годинешното издание на „Златно Тркало – Национален избор за најпосакуван автомобил“, освојувајќи импресивни 43.2% од вкупните гласови. Ова признание претставува силна потврда за довербата и интересот што македонската публика го има кон овој премиум SUV модел.

„Златно Тркало“ претставува уникатен концепт на избор, каде што победникот го одредуваат самите љубители на автомобили – преку онлајн гласање, отворено за јавноста. На овој начин, резултатите директно го одразуваат вистинскиот интерес и желби на пазарот.
Audi Q5 повеќе од 15 години е еден од најуспешните SUV модели во сегментот со средна големина во Европа и Германија. Со најновата генерација, Audi дополнително ја зацврстува оваа позиција, носејќи уште поизразен дизајн, напредна технологија и подобрена ефикасност.



Новата генерација на Audi Q5 е првиот SUV модел базиран на Premium Platform Combustion (PPC) – платформа која овозможува високи технички стандарди, флексибилност и развој на модели со уникатен карактер. Моделот е придвижуван од современи бензински и дизел мотори, дополнително оптимизирани со MHEV plus технологија, која обезбедува подобра ефикасност и пониска потрошувачка.
Дополнително, новата генерација ја надополнува и спортската верзија Audi SQ5, додека во блиска иднина, гамата ќе се прошири и со plug-in хибридни модели.

Со интеграцијата на новата електронска архитектура E³ 1.2, Audi Q5 ги носи најновите можности за поврзување и дигитализација, поставувајќи нови стандарди во сегментот на премиум SUV возила.
Освојувањето на оваа престижна награда уште еднаш ја потврдува позицијата на Audi Q5 како модел кој совршено ги комбинира дизајнот, перформансите и иновативната технологија – токму она што го бараат современите возачи.
(ПР)
Соопштенија
„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA
Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија.
Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“.
Највисоките награди на натпреварот ги понесоа вината Barovo Rosé 2024 и Vranec Luda Mara 2022. Притоа, Barovo Rosé 2024 освои двоен златен медал и Гран-при награда за најдобро розе вино, а Vranec Luda Mara 2022 освои златен медал и Гран-при награда за вино што најдобро се комбинира со корејската кујна.
Останатите наградени вина се: Bela Voda Red 2021, кое освои двоен златен медал, Domaine Lepovo Chardonnay 2023, Babuna Red 2022 и Alexandria Premium Cuvée Rosé 2024, кои освоија златни медали и Barovo Red 2021, кое освои сребрен медал.
„Овие признанија се резултат на нашата долгорочна посветеност, како кон квалитетот, така и кон создавањето вина со јасен идентитет и тероарска автентичност. Нашата амбиција е македонското вино да биде препознаено не само по вкусот, туку и по карактерот што го носи“, истакнуваат од „Тиквеш“.
Винскиот натпревар SAKURA е специфичен по својот уникатен пристап во кој вината ги оценуваат повеќе од 400 сертифицирани жени сомелиери и вински експерти од Јапонија, со особен фокус на нивната компатибилност со азиската гастрономија. Со над 4.000 вина пријавени секоја година, овој натпревар претставува релевантна платформа за позиционирање на вината на еден од најдинамичните светски пазари.
Со овој резултат, „Тиквеш“ дополнително ја зацврстува својата позиција како еден од најрелевантните вински производители од регионот и значаен претставник на имиџот на македонското вино на глобалната сцена.
(ПР)
Соопштенија
За зелена иднина – Mozzart повторно засадува надеж!
Mozzart по втор пат реализира голема еко акција и ја потврди својата посветеност кон здрава животна средина.
Овој пат, вработените со заеднички сили засадија 2990 садници во селото Кучково, на површина која беше зафатена од пожар.




Во соработка со ЈП Национални Шуми, беа засадени даб, црн бор, јасен и багрем – симбол на нов живот и свежа енергија.
„Со оваа акција не само што придонесуваме за пошумување, туку и градиме зелена иднина за новите генерации. Тимската енергија и заедништвото уште еднаш покажаа дека Mozzart е победнички тим – и на теренот, и во општествената одговорност,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.



За својата заложба, компанијата доби благодарница од ЈП Национални Шуми – признание за искрена грижа и вложен труд.
Mozzart со вакви акции ја зацврстува својата лидерска позиција и испраќа силна порака: кога работиме заедно, создаваме подобро утре.
(ПР)
