Контакт

Соопштенија

(Видео) Георгиевски: Заев ветуваше загарантиран откуп и сигурна цена за земјоделските производи, но наместо тоа, сега го менува името

Објавено пред

Василево и Струмичко на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ. Илјадници земјоделци мака мачат и не знаат што да прават со она што ќе го произведат зашто Заев, кој ветуваше загарантиран откуп и сигурна цена, сега, наместо да им ги решава проблемите на граѓаните, склучува капитулантски договори за промена на името, идентитетот, историјата и културата, рече Георгиевски при посетата на Василево.

„Оваа криминална власт не работи за граѓаните, туку само за лична корист на поединци, истакна Георгиевски. Тој посочи дека во Струмичко најмногу се гледа криминогеноста на Заев, кој ѝ доделил ексклузивна лиценца за спроведување возачки испити на фирма без никакво искуство во областа, без ден работен ангажман со возила, основана еден и пол месец пред да се распише огласот од страна на другар на Заев од средношколските денови“, истакна Георгиевски.

Тој нагласи дека ова е класичен пример како работи Заев.

„Граѓаните кажаа дека се разочарани од оваа власт и дека повеќе од една и пол година во Василево нема ниту една инвестиција, дека општината тоне и дека власта апсолутно не ја интересира што тие имаат проблеми со откупот на земјоделските производи, што младите нема кај да работат и што сè повеќе луѓе се иселуваат“, рече Георгиевски.

Георгиевски кажа дека состојбата е иста насекаде во Република Македонија, а тоа се должи на безидејноста и неспособноста на СДСМ, од кој една и пол година гледаме само криминал.

Соопштенија

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид бара решавање на проблемите кои настанале при исплата на штетите од земјотресите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, преку соопштение информира дека бара разгледување на проблемите кои настанале при исплата на штетите од земјотресите во општина Охрид во 2017 година, како и предлог-мерки за нивно надминување.

„Од овие причини денеска од Советот на општина Охрид како највисок орган на општина Охрид бараме да го надополни дневниот ред со оваа точка и истата заради итноста да се разгледува како прва точка на дневен ред. ​Со цел операционализација на активностите на општина Охрид и во услови кога гледаме дека раководството на локалната самоуправа несериозно пристапува кон надминување на оваа состојба, ги предлагаме следните заклучоци:

-В.д. Градоначалникот Констатнтин Георгиески веднаш, усно на самата седница да реферира за досегашните преземени мерки и активности во врска со проблемите кои настанаа при исплтата на штетите од земјотресите;

-Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе го извести Основното јавно обвинителство во Охрид за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;

-Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе го извести Секторот за внатрешни работи во Охрид за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;

-Се задолжува Претседателот на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во рок од 1 (еден) ден од оваа седница да упати писмо во име на Советот на општина Охрид, со кое ќе ја извести Владата на Република Македонија за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите;

-Се задолжува В.д. Градоначалникот Константин Георгиески на наредната седница на Советот на општина Охрид да достави писмен детален извештај за преземените активности во врска со надминување на овој проблем, кој ќе се разгледува како посебна точка на дневен ред“, се посочува во сооптението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

​Во изминатиов период, додаваат оттаму, до ВМРО-ДПМНЕ пристигнале определени информации од кои може да се утврди дека постојат многу сомнителни активности со исплатите на проценетите штети предизвикани од земјотресите во 2017 година.

„​Како одговорна политичка партија, а се со цел да ги потврдиме нашите индиции, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до општина Охрид доставивме барање за информации од јавен карактер, со кое побаравме да добиеме информации за нашите сомнежи и соодветна пропратна документација поврзана со случајов.

​Од тој момент раководната структура во општина Охрид отпочна постапки со цел расчистување на настанатата состојба во однос на испплата на штетите. ​Од нашите информации кои се јавно достапни прекината е исплатата на штетите до расчистување на случајот. Кој знае колкава ќе беше штетатата на општина Охрид и Буџетот на Република Македонија и какви се не процедурални грешки ќе направеше раководството на локалната самоуправа во Охрид, доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја откриеше целата афера и не доставеше барање за информации од јавен карактер во однос на овој проблем“, додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт

Објавено пред

Само Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска може да слават и да се гордеат дека го промениле името на државата и ги продале националните интереси, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и неговите 81 послушници ја донесоа најсрамната и најцрна одлука во историјата на нашата држава. Тие мислејќи само на сопствените кариери и џебови, им нанесоа огромна штета и неправда на државата, македонскиот народ , нашите предци, но и на идните генерации.

СДСМ се обидува насилно да го проурка и законот за двојазичност. Овој закон урива уште еден темел на Република Македонија кој ги поврзуваше сите етнички заедници што живеат тука.

Законот за двојазичност е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо.

Со објавување на законот во „Службен весник“, без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов, Талат Џафери, директорот на „Службен весник“, како и сите инволвирани, ќе одговараат.

СДСМ и Заев во мандат од две години не сработија ништо за да го подобрат животниот стандард на граѓаните.
Граѓаните се разочарани поради губење на името, идентитетот, историјата и културата, а Заев тоа го прогласува како херојство. Зоран Заев ја зави Република Македонија во црнило. Заев, единствено што може да биде, е предавник на сопствената држава и граѓаните на Република Македонија.

На Република Македонија ѝ се потреби предвремени парламентарни избори заедно со претседателските за да може граѓаните да одлучат во каква Македонија сакаат да живеат.

Македонија со СДСМ и Заев само оди назад и губи. За државата да оди напред, мора криминалниот картел, наречен Заев и СДСМ, да замине што побргу“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Зелен катастар и ослободување на заробеното зеленило во град Скопје

Објавено пред

Борбата против загадувањето продолжува секојдневно како на централно така и на локално ниво, посочуваат преку соопштение од владејачкиот СДСМ.

Владата предводена од СДСМ, Град Скопје, општините, ресорното министерство и сите надлежни институции продолжуваат со спроведување на мерките што обезбедуваат почист воздух и здрав животна средина, се вели во соопштението.

„По масовните акции за зазеленување, со кои само за една календарска година се подигна зелена површина од речиси 130.000 квадратни метри, Град Скопје почна со реализација на проектот за зелен катастар.

Со зелениот катастар се добиваат прецизни и квалитетни податоци со помош на кои ќе може целосно да се спречи непотребното сечење или оштетување на дрвјата и да се спречи целосното уништување на зеленилото за потребите на разни градежни активности, како и насоки за подобро планирање на заштитата на постојното зеленило.

Град Скопје веќе заврши голем дел од фазите на овој проект, како што се геодетско снимање на зелените површини и дрвјата и парковската инфраструктура. Изработена е и ГИС-апликација за преглед и управување со јавното зеленило на територијата на град Скопје.

Досега попишани се над 65 илјади дрва.

Освен подигање нови зелени површини, Град Скопје големо внимание ќе посвети и на заштитата на постојното зеленило. Во соработка со Шумарскиот факултет се работи на мапирање и ослободување на заробени стебла и корења на дрвја со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности.

Се работи и на искористување на изворите на обновлива енергија. Почнато е поставување фотоволтаични системи за производство на струја од сончева енергија во две средни училишта и во зградата на локалната самоуправа во Кочани“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека со тоа ќе се намали потрошувачката на електричната енергија и ќе се зголеми искористеноста на обновливите извори на енергија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николоски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Регион2 часа

Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ

Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Плешевица, се сериозно повредени,...

Македонија2 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион3 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести3 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија3 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет3 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет4 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет5 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет5 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет15 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион16 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион17 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет18 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче бара максимална казна за „Македонијалек“ за техничката грешка со декларацијата на МРП-вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што...

Истражувања21 час

(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново...

Култура22 часа

Министерството за култура унапредува по етничка основа, а брка реномирани советници

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор...

Македонија22 часа

(Видео) Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а ќе има и локални во 3 општини

Поради Велигден, за една недела ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април. Според процените...

Македонија22 часа

(Видео) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив во согласност со надлежностите

Вчера, во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во „Службен...

Вести23 часа

Каменос: Ќе сторам сè актуелната влада да не добие поддршка

Ќе ги искористам сите расположливи механизми што ми се на располагање сегашната влада да не добие поддршка за договорот од...

Досие