Соопштенија
(Видео) Димовски: Невенка Стаменковска е кадар на Груевски, нејзината неспособност не може да се прикрие

Сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Владата се производ на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Затоа не чуди нивната режимска, насилничка матрица, која сè уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ. Особено не треба да нè чуди и продолжувањето со лажењето на македонската јавност и нудењето постојано и постојано лажни информации и бројки. Со таква понуда Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат силен, убедлив пораз на предвремените избори, соопшти Методија Димовски, член на Комисијата за информатичко општество и администрација на СДСМ.
„Граѓаните треба да знаат дека вистинските бројки за вработувањата не се тие кои ги соопштува гламурозната дополнителна заменик-министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска.
Вистината е следната. Како и секогаш, ние сме отворени и транспарентни, па ќе ги соопштиме и бројот на вработени на неопределено и оние на определено време. Ова во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше државна тајна. Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во месеците ноември и декември 2019 година бројот на вработени на определено и неопределено време, на кои им престанал работниот однос, изнесува 6.460, а во исто време бројот на вработени кои засновале работен однос, изнесува 6.015. Ова значи дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор е намален за 445 лица. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ ние го кажуваме изворот на информации, тој е јавно достапен и јавноста може лесно да се увери во лагите и паушалните изјави на партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, ајде малку да направиме една длабинска анализа и споредба, која исто така е факт. Во периодот 2009—2015 година режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вработувал во просек годишно по 1.671 државен, односно административен службеник само во органите на централната и локалната власт. За споредба, во периодот 2017—2019 година Владата на СДСМ, работејќи според законите и правилата кои ги донесе Владата на ДПМНЕ, преку Агенцијата за администрација вработувала просечно годишно само 1.098 административни службеници или за повеќе од 35% помалку отколку во времето на режимот.
Почитувани граѓани, Невенка Стаменковска е кадар на Никола Груевски, кој едно мисли, друго зборува, а трето прави. Затоа, во првиот нејзин настап како гламурозна заменик-министерка зборува дека сакала „конечно да дојдат квалитетни кадри кои се обучени и треба да ја водат Македонија напред кон Европската Унија“. При тоа заборава да спомене дека само пред две недели нејзината партија изрази жестока спротивставеност за предлогот за новиот Закон за висока раководна служба, предложен од Владата предводена од СДСМ.
Тоа е закон што е изработен во соработка со СИГМА и е поддржан од страна на ЕУ, а негова цел е целосна деполитизацијата и професионализација на високите позиции во администрацијата, бидејќи предвидува високите раководители, односно извршните секретари и извршните директори да бидат избирани низ целосно јавен и транспарентен процес, а потоа постојано стручно да се усовршуваат и развиваат, заради успешно остварување на институционалните цели и работни задачи.
ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема план, не знае што со јавната администрација, нема предлог, нема ништо. ВМРО-ДПМНЕ јавно ни порачува дека не се промениле и дека сакаат да продолжат со бруталната партизација од времето на заробената држава на Груевски.
Затоа, почитувани граѓани, СДСМ е убеден и верува дека на 12 април вие, граѓаните, уште еднаш ќе ја поразите насилничката и манипулаторска матрица на ВМРО-ДПМНЕ и ќе им порачате — РЕЖИМ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ“, истакна Димовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Не успеа крвавото сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери

Христијан Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, крваво сценарио со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, кое на крајот не успеа. Мицкоски синоќа не беше цел туку само ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните, соопшти СДСМ.
„Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизвикани од највисоки претставници на партиите во опозиција. Цуфи Кока е личноста која според крвавото сценарио на Мицкоски треба да глуми негов напаѓач и истото лице вчера беше приведено веднаш.
Се работи за човек кој е брат на висок член на коалицискиот партнер на Мицкоски, Алијанса, кој беше назначен за директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје. Станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен функционер во кампањата на Данела Арсовска. Тоа се гледа и од фотографиите објавени во прилог. Данела Арсовска е на секоја втора фотографија.
Сè е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сценарио кое синоќа не успеа. Тие воопшто и немаат друга стратегија освен креирање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Тоа нема да го дозволиме. Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано“, велат од владејачката партија.
Оттаму апелираат до граѓаните да не подлегнувааат на вакви конструкции, повикуваат на смиреност, а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот.
Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидат поразени, порачаа од СДСМ.
Македонија
СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „не“ на Апасиев наместо да биде во анти-ЕУ коалицијата

Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна, модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка, се посочува во соопштението од СДСМ.
Понудата на Мицкоски, додаваат од таму, е лажна затоа што тој пред целата јавност рече дека е против Европската Унија.
„Во една реченица, Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси. Мицкоски требаше да му каже ‘не’ на Апасиев наместо да биде во анти-ЕУ коалицијата, која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, потенцираат од СДСМ.
Македонија
Јазикот е чист македонски јазик, вчера тоа и Мицкоски го повтори, денеска друго, кој Мицкоски е ова?

Вчера Христијан Мицкоски велеше дека зачувувањето на чист македонски јазик во ЕУ е измислен успех, дека никогаш не бил спорен македонскиот јазик, за утрово неговата ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека јазикот ни бил загрозен, велат од СДСМ.
„Едно зборува Мицкоски на прес-конференции, друго преку соопштенија од белиот дворец. Кој Мицкоски е реален, овој од денеска кој тврди дека македонскиот јазик ќе биде оспоруван пред ЕУ или тој од вчера кој велеше дека македонскиот јазик не е спорен? Ваквото несериозно однесување за важни национални прашања само потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат државнички капацитет и нивните ставови се менуваат од ден за ден“, посочуваат од партијата на власт.
Во предлогот на француското претседателство, како што додаваат од таму, јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.