Контакт

Соопштенија

(Видео) Заев: До небо верувам дека нашиот народ нема да бојкотира и да оди против државата

Објавено пред

Имаме огромни пријатели со чија помош оваа наша земја, заедно со граѓаните, ќе ја направиме земја за почит, изјави премиерот Зоран Заев на граѓанска трибина во Демир Хисар.

Тој порача дека главната цел на политиката на неговата влада е сите, вклучувајќи ги и младите, животот да го живеат во својата земја.

„Ги повикувам сите граѓани, ова е наша заедничка татковина и наша заедничка обврска е да водиме грижа за неа. Носев одлуки за договорот со Бугарија, Грција, едно општество за сите, застанаа зад мене Владата и Парламентот, сега барам да застане и народот. Одлуките ги носев верувајќи дека огромното мнозинство граѓани ќе ги поддржи и верувам дека и цензусот ќе го постигнеме. Овој народ секогаш кога станувало збор за државата носел правилни одлуки“, рече Заев во своето обраќање.

Притоа појасни дека цензусот на референдумот е крупна работа и токму поради тоа, како што кажа, секој треба да гласа.

„Треба да гласаат 904 илјади гласачи. Секој има обврска кон државата да гласа. Може да биде ‘за’, може ‘против’, но секој кој бојкотира е против државата. Верувам до небото во нашиот народ“, додаде премиерот.

Тој посочи дека со договорот од Преспа имаме држава што никој повеќе не ја спори, со македонски идентитет потврден од сите и македонски јазик, потврден од сите во светот.

„Европскиот парламент ќе го користи македонскиот јазик како 26. официјален јазик, 156 илјади страници европско законодавство ќе бидат преведени и на македонски јазик. Вчера во ЕП зборував на македонски јазик“, посочи Заев и порача на 30 септември европски Демир Хисар да се изјасни „за“ европска Македонија.

Соопштенија

СДСМ: Наместо да шират лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го кажат ставот за референдумот

Објавено пред

Од

Наместо да шират лажни вести за договорот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да кажат дали ќе учествуваат на референдумот в недела. Залудни се бесмислените обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за наводни историски фалсификати. Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско-грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет, се вели во реакцијата на СДСМ.

,,Децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјаснат, дали сакаат да влезат во ЕУ и НАТО како Македонци или ќе останат сами и изолирани во одбрана на криминалот? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да измислуваат и поголеми лаги, но, за среќа, тие не се оние кои одлучуваат. Одлучуваат граѓаните чие мнозинство е јасно определено за иднина во ЕУ и НАТО. Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември. Одлуката ја носи огромното мнозинство кое ќе каже за европска Македонија”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Владата спроведува изедначување на македонското малцинство во соседството со македонската дијаспора во светот!

Објавено пред

Од

Политичарите што ги бидува да лажат и да манипулираат имаат име и презиме. Тоа е Зоран Заев и картелот околу него. Политичарите што се коцкаат со идентитетот на македонскиот народ и граѓаните да ги ставаат како влог „олл ин“ имаат име и презиме. Тоа се Зоран Заев и картелот околу него, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Зоран Заев и таквите како него не разбираат и не може да разберат дека не се сите исти. Има политичари што не лажат, кои имаат достоинство и на кои државните и националните интереси им се приоритет.

Остануваат уште четири дена до референдумското изјаснување на кое Зоран Заев бара поддршка од граѓаните да се самоукинат како народ. Уште четири дена, а Заев ги крие амандманите на македонскиот Устав скроени по грчка мерка, кои јавноста ги дознава преку медиумите. Зоран Заев и потписниците на капитулантскиот договор, со прифатените планирани измени на преамбулата на Уставот доставени од Грција, го бришат историскиот контекст на македонската борба за независна и самостојна држава. Се брише АСНОМ, а се брише и сувереноста. Со измените во преамбулата се создава нова бинационална држава.

Според информациите на медиумите за доставените измени, преамбулата би гласела:

„Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ, како и граѓаните што живеат во нејзините граници, кои се дел – турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“.

Вчерашниот обид за манипулација од власта за планираните измени во Уставот покажува дека се свесни оти се фатени во лагата дека наводно не ги знаат амандманите и измените, па тргнаа со нова лага во обид за привид за штетните измени.

Заев договорил, а Димитров спроведува изедначување на македонското малцинство во соседството со македонската дијаспора во светот! Тоа не смее да се случи! Тоа се две категории. Дијаспората е економска категорија, луѓе што по разни економски причини заминале во светот. Малцинството е политичка категорија што се поврзува со заедничкото етничко потекло.

Македонското малцинство во Грција, кое се бори за признавање, но и за исправање на историската неправда проследена со прогони, етничко чистење и насилна асимилација, сега според најавените амандмански измени на Уставот, макар и да не мине референдумот, како што најавува власта, нема да бидат Македонци со заедничко етничко потекло со Македонците од планираната нова нација и нова држава.

И тоа било зачувување и зајакнување на идентитет и историјата според Заев, Димитров и кланот на власта. Изедначувањето на македонското малцинство во соседството со дијаспората, заедно со бришењето на топонимите, значи целосно бришење на македонското постоење во северниот дел на Грција од историјата.

Ние ќе бидеме северните Македонци, тие што живеат во Егејска Македонија ќе бидат грчки Македонци бидејќи според чл. 7 од договорот им е дозволено да бидат поврзувани со хеленската цивилизација, култура, традиција, историја. Ќе се создаде вистински етнички хаос меѓу нас што живееме во Република Македонија или како што планираат по ново, Република Северна Македонија и сите други. А тоа е и целта, да нè изолираат и со текот на времето да исчезнеме како мала нерелевантна група, а сите Македонци во дијаспората да ги одродат од нас. Напросто, со менувањето на нашиот идентитет сакаат да направат нов народ на Балканот, без корени и без врски“, порача Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Гаши: 30 септември е ден на голема историска одговорност

Објавено пред

Од

Движењето Беса, на чело со претседателот Африм Гаши, вчера одржа митинг во Сарај. На присутните им се обратија пратеникот Реџеп Мемеди и генералниот секретар Зејд Реџеп, кои уште еднаш ја потенцираа важноста референдумот на 30 септември како историски момент кога се одлучува за иднината на нашите семејства и на државата.

„Претседателот Африм Гаши пред присутните порача дека 30 септември е ден на голема историска одговорност кога сите ние заедно со нашите семејства, пријатели, масовно да го поддржиме референдумот и гласно да ѝ кажеме ‘да’ на нашата европска иднина. Гаши напомена дека како Движење Беса се решени за НАТО и ЕУ и од моментот кога ќе станеме рамноправна членка, ќе бидеме рамо до рамо со западноевропските земји и САД, земји каде што владеат правото, благосостојбата и економскиот развој“, соопштија од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион14 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија15 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија16 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток17 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток17 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ18 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток19 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story21 час

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток21 час

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион21 час

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија22 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет22 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет23 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ23 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет1 ден

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт1 ден

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија2 дена

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија2 дена

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Досие