Контакт

Соопштенија

(Видео) Заев: Македонски јазик и идентитет признаени од целиот свет е вековна придобивка за Македонија

Објавено пред

Претседателот на Владата и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денеска присуствуваше на граѓанската дебата во Македонска Каменица на коалицијата „Заедно за европска Македонија“ и пред граѓани зборуваше за важноста да се излезе и гласа на референдум.

„Со договорот од Преспа, договорот со Грција што го постигнавме имаме целосна заштита на македонскиот идентитет, целосна заштита на нашиот македонски јазик. И не само тоа. Договорот е потпишан од грчка страна. Грција го признава нашиот македонски јазик, Грција признава македонски идентитет“ , истакна премиерот Заев.

Заев додаде дека вековна определба на нашиот народ, на нашите дедовци и прадедовци е да имаме земја признаена од целиот свет во која живее доминатно македонски народ којшто зборува македонски јазик признает во целиот свет.

„Со договорот од Преспа го постигнавме тоа. Точно е, направивме компромис. Разграничивме северен дел на Грција којшто се вика регион Македонија од нашата Македонија. Но факт е, сите знаеме, учевме во учебниците дека има Егејска Македонија, дека има Пиринска Македонија, па зборуваме за Мала Преспа, Македонци кои живеат во Албанија. Факт е дека од тој историски регион Македонија ние сме северниот дел. Преку ваквиот компромис конечно добивме земја признаена од сите, со народ македонски признаен од сите којшто зборува македонски јазик признаен од сите. Ова е вековна придобивка за нашата Македонија“, порача премиерот Заев.

Пред присутните граѓани на Македонска Каменица, како што информираат од Владата,  се обратија и градоначалничката Соња Стаменкова и младиот политиколог Никола Ќурчиски, кои исто така ги повикаа граѓаните да излезат и гласаат на референдумот на 30 септември.

Соопштенија

Демократски сојуз: Да се откријат загадувачите на Скопје

Објавено пред

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните државни институции да направат вонредни контроли над индустриските капацитети како и над депонијата Дрисла, се со цел да се откријат загадувачите на воздухот.

„Според податоците од мерните станици, најзагадено е во Драчево, Кисела Вода, Црниче, Сопиште итн., каде досега немало такво загадување. Воедно инсистираме овие контроли да бидат зајакнати и континуирани во текот на викендите и празничните денови. Треба јавноста да биде информирана за степенот на загадувањето и да се даваат насоки за заштита на сите граѓани, посебно на децата, постарите лица и ранливите категории“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема да успее со неосновани кривични да го урне концептот „едно општество за сите“

Објавено пред

Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани кривични пријави да го блокираат напредокот на државата, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Игор Јанушев, кој соопшти дека партијата денеска поднесува кривични пријави против претседателот на Собранието, Талат Џафери, Неџбели Ибраими во својство на техничка служба и директорот на Службениот весник, Мартин Костовски, поради сомнение за злоупотреба на службената положба при носењето на Законот за јазиците.

Од владејачката пратија истакнуваат дека антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да шири поделби и омраза и да го поткопува градењето на едно општество за сите.

„Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ не успееја да ја блокираат интеграцијата во ЕУ и НАТО, а нема ни преку неосновани кривични пријави да успеат да го блокираат градењето на едно општество – концепт кој доби огромна поддршка од мнозинството граѓани. Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ додаваат дека македонскиот јазик е заштитен и обезбеден засекогаш, тој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат и ќе се употребува во најголемите западни сојузи како што се ЕУ и НАТО.

„Објавувањето на Законот во ‘Службен весник на РМ’ со потпис на претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов, кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по вторпат со потребното мнозинство во Собранието“, стои во соопштението.

Како што велат од СДСМ, граѓаните нема да дозволат нов Груевски или Иванов, кој ќе ги врати назад во темното минато и ќе ги поразат деструктивните црни политки на Мицкоски на какви било избори, кога и да се одржат.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Единствена Македонија: Писмото од Димитров е доказ дека се брише сѐ што е македонско

Објавено пред

Со писмото на македонскиот бугараш Никола Димитров до грчкото Министерство за надворешни работи, во кое пишува дека нема македонска националност, всушност се потврдија стравувањата дека Владата на Заев брише сè што е македонско, вели Единствена Македонија преку соопштение.

„Со писмото Димитров и официјално потврди дека со договорот за промена на името се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ оти, според писмото, нема македонска етничка група, а ова писмо грчкиот премиер Ципрас го прочита и во грчкиот парламент при гласањето недоверба на неговата влада, која со тенко мнозинство од 151 пратеник од 300-члениот грчки парламент доби доверба токму со писмо доказ од Димитров дека Македонци повеќе не постојат“, вели партијата на Јанко Бачев.

Единствена Македонија вели дека со писмото излегла на виделина големата лага на триото Заев, Димитров и Шекеринска, кои велеле во секоја пригода дека македонскиот идентитет со договорот за промена на името е зајакнат и бетониран.

„Од друга страна, се потврди сето она што во изминатата година го велеше Единствена Македонија дека договорот за промена на името е пишуван според терминологијата на меѓународото право, каде што зборот nationality според меѓународното право означува државјанство, а не означува националност во етничка смисла, не е исто со зборот етнички (ethnicity), а кое вешто го криеше марионетската влада на Заев дека со дговорот се бришат Македонците во национална и етничка смисла“, смета партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет1 час

Трамп најави важна објава

Американскиот претседател Доналд Трамп најави важна објава во врска со блокадата на работата на федералната влада. Неговата најава следи во...

Свет2 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговите закони за прекувремени часови, кои досега неколкупати...

Свет3 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија5 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ5 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион7 часа

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија7 часа

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија9 часа

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија10 часа

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија10 часа

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет23 часа

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион23 часа

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања1 ден

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија1 ден

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија1 ден

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ1 ден

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија1 ден

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија1 ден

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Македонија1 ден

Камчев со Јанакиески: „Шефе, со дупоиве што ги обори Центар, шо стана“?

Во кривичниот суд во Скопје се одржа рочиштето за предметот на СЈО ,,Насилство во Општина Центар“. На денешното судење беа...

Досие