Контакт

Соопштенија

(Видео) Ковачевиќ: Владата крати 2 милиона евра наменети за животната средина, а троши за набавка на луксузни производи

Објавено пред

Kриминалната влада на Зоран Заев има пари за сè, само за потребите на граѓаните не, обвини Виолета Ковачевиќ од ВМРО-ДПМНЕ. Како што вели таа, СДСМ од опозиција ветуваше:

„Зголемување на инвестициите за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот, а од позиција на власт крати 2 милиона евра од буџетот наменети за заштита на животната средина.

Човекот што дрско одеше и ветуваше квалитетен амбиентален воздух, сега ни на крај памет не ја става животната средина како една од приоритетите на граѓаните.

Две години подоцна откако Зоран Заев ги изманипулира граѓаните, наместо за подобрување на квалитетот на воздухот, парите на граѓаните ги троши на милионски тендери во четири очи, за набавка на луксузни производи, цвеќиња за владата од 670 илјади евра, кафе за 40 илјади евра, морам да ги споменам и фантастичните 1 милион и 600 илјади евра за лубриканти.

Од друга страна, мерните станици за квалитетот на воздухот на повеќе локации не функционираат, а во буџетот нема пари за нови. Но, Владата треба да знае дека тоа што на места нема мерни станици не го менува фактот дека воздухот е загаден.

Град Скопје, а и други градови од внатрешноста, кои минатата година соборуваа рекорди во загаденост на воздухот, ниту оваа зима нема да ги заобиколи овој проблем бидејќи власта не направи ништо од она што го ветуваше.

Министерството за животна средина, кое е најповикано во однос на овој проблем, една и пол година нема направено ништо за животната средина, нема активности, нема нови проекти, а дури и повеќето од планираните проекти се одложени.

ИПА-проектите доцнат, а најклучните, како двете регионални депонии, се доведени во прашање. Може да се случи поради несериозниот пристап и непрофесионалност на градоначалниците од СДСМ, да се изгубат повеќе од 50 милиони евра.

Тука да не го заборавиме и проектот за колекторот за Охридското Езеро, кое во исто време навестува голема загриженост, а токму власта нема ниту денар ниту идеја како да се почне со овој проект.

Со ветувањата дека ако почнеме преговори со ЕУ, ќе добиеме многу средства со компензациските фондови, се поставува прашањето каде и како ќе ги потрошат кога не знаат да ги искористат ниту овие што сега им се на располагање, а очигледно сето тоа е поради немањето ни идеја ниту, пак, стручност за понатамошна реализација.

Ако не беше владата на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да ги има ниту пречистителните станици во Берово, Гевгелија, Волково, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп, Карбинци, Ново Село, а и многу други проекти за кои имаме подготвено техничка документација.

Тоа е разликата: во искрената посветеност, професионалност и желба за подобра животна средина на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Карактеристичните лажни ветувања без реализација, но и без срам за нивно нерелизирање од страна на СДСМ. Токму затоа оваа неодговорна власт мора да си замине“, порача Ковачевиќ.

Соопштенија

(Видео) Колев: Потребна е реформа на изборниот процес и ограничување на пратеничките привилегии

Објавено пред

Визијата на Граѓанско-демократската унија (ГДУ) за ограничување на моќта на владата и нејзините инструменти е втемелена како двигател на нашето политичко дејствување, рече претседателот на партијата, Петар Колев, на прес-конференција.

„Ние како политичка партија секогаш истакнуваме дека е неопходна промена на политичкиот систем, рационализација на државните органи, нивните надлежности, буџет и одговорност. Првиот чекор за тоа е реформа на целиот изборен процес како на национално така и на локално ниво, проследено со намалување на бројот на пратениците и нивните привилегии“, посочи тој.

Колев истакна дека ГДУ ја поздравува секоја искрена иницијатива која може да придонесе во таквиот процес.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Затуроска: Вработувања во СЈО се вршеле според роднински врски од три вида

Објавено пред

Покрај огромните финансиски средства што си ги делеле вработените во СЈО помеѓу себе како додатоци, дневници, награди, фрапантни се податоците што дури сега излегуваат во јавноста, а се поврзани со личниот и партиски непотизам на СДСМ внатре во СЈО, рече денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, на прес-конференција.

Како што рече таа, СЈО била институција во која вработувањата се вршеле по три основи:
1. Ако сте роднина или близок на некој од обвинителите,
2. Ако сте роднина на функционер на СДСМ или добиете партиска препорака,
3. Ако сте дете на судија или обвинител кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ и СЈО.

„Во изминатите години СЈО вршеше класично партизирање на своите редови со вработување членови на СДСМ, како и внуци, братучеди и други блиски и далечни роднини на самите обвинители, кои беа дел од тимот на Катица Јанева“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение таа наведе повеќе примери за кои посочи дека се класични показатели за партизација и непотизам во редовите на СЈО.

– Ефимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.

– Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.

– Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, близок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.

– Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.

– Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.

– Петре Бошков, вработен во СЈО, зет за прва братучетка на министерката Рената Дескоска.

– Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.

– Вработена во СЈО е и девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.

– Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.

– Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот ‘Скопје, Есад Рахиќ.

– Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, Марија Василевска.

– Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.

– Ќерката на членот на Советот на јавните обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.

– Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.

– На платниот список на СЈО е и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.

– Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.

– Во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев, директор на Катастарот, Катерина Тунџева.

– Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.

– Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ, Борче (Боки) Трајковски, лице осудено за измама, кое издржало една година затвор.

– Ѓорѓи Камчев, кој активно учествувал во протестите во организација на шарената револуција.

– Пане Нацев од Неготино, кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување државни и културни објекти, е дел од вработениите во СЈО.

– Ангажманот на Мирослав Грчев кој од СЈО е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос.

– Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев, случајно или не.

– Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар, чиј зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ.

Со ова Затуроска ја заврши листата и порача дека токму од вакви причини Собранието е должно на македонската јавност да ѝ го обелодени досегашното функционирање на СЈО, кое требало да биде пример за институција имуна на партизација, непотизам и беззаконие.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократскиот сојуз за промена на изборниот модел

Објавено пред

Од партијата Демократски сојуз информираат дека подготвиле предлог на Законот за промена на Изборниот законик, со кој се предлага територијата на државата да биде една изборна единица.

„Пропорционален изборен модел, со тоа што Македонија ќе биде една изборна единица, составот на парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓание, ќе се зголеми одговорноста на извршната власт и, конечно, ќе се демонтира еднопартискиот систем, каде што лидерот на владејачката партија и воедно премиер одлучува за сè“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека заговарањето за враќање на мнозинскиот модел значи враќање на насилството на улиците.

Се очекува претседателството на Демократскиот сојуз вечерва да го утврди текстот на законот, а во текот на утрешниот ден да го достави до парламентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и...

Македонија3 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија4 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ5 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет6 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет7 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет7 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет18 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт20 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион21 час

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија22 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија23 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Досие