Контакт

Соопштенија

(Видео) Колев: Потребна е реформа на изборниот процес и ограничување на пратеничките привилегии

Објавено пред

Визијата на Граѓанско-демократската унија (ГДУ) за ограничување на моќта на владата и нејзините инструменти е втемелена како двигател на нашето политичко дејствување, рече претседателот на партијата, Петар Колев, на прес-конференција.

„Ние како политичка партија секогаш истакнуваме дека е неопходна промена на политичкиот систем, рационализација на државните органи, нивните надлежности, буџет и одговорност. Првиот чекор за тоа е реформа на целиот изборен процес како на национално така и на локално ниво, проследено со намалување на бројот на пратениците и нивните привилегии“, посочи тој.

Колев истакна дека ГДУ ја поздравува секоја искрена иницијатива која може да придонесе во таквиот процес.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на второто место по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот

Објавено пред

Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозоциската партија оценува дека Владата доживеала фијаско во справувањето со пандемијата, а статистичките показатели се поразителни.

„Речиси 2 илјади граѓани се заболени од почетокот на кризата, a 113 наши сограѓани ја загубија борбата со вирусот, голем дел на патот кон болницата. Дел од нив немаа шанса навреме да се тестираат. Додека Владата на СДСМ се фали со успесите во справувањето со пандемијата, во последните 5 дена Македонија има најголем број на новозаразени на 1 милион жители. Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители. Македонија е прва со црната статистика со најголем број починати на 1 милион жители во регионот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттука додаваат дека додека македонските граѓани живеат со последиците од неспособноста на власта во справувањето со коронавирусот, Заев агитира за брзи избори, иако тоа го загрозува здравјето на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМР0-ДПМНЕ: Одлуката на Рама шамар за Заев и Спасовски

Објавено пред

Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива.

„За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија.Оттука прашуваме некадарната дипломатија на Димитров и неспособната влада на Заев на кој начин реагираа на одлуката на Албанија, превземаа ли нешто или и овој пат ќе си премолчат за овој нов пораз?За неколку месеци неколку порази и отворени прашања со соседите е резултатот на неспособноста на Заев и владата во заминување“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГДУ: Владата молчи за државната помош доделена на фирми поврзани со власта

Објавено пред

Изминува и третиот ден откако се појави прилогот во кој се набројани некои од компаниите кои добиле помош од државата за исплата на плата на вработените. Реакциите во јавноста се главно негативни со оглед дека на него се наоѓаат имиња на поранешни владини функционери, казина, коцкарници како и фирми кои и досега користат бенефиции од државата, велат од Граѓанско демократската унија.

„Можеби и не е за изненадување, но сепак, молкот од Владата и Министерството за финансии, пропратено со „предизборни активности“ на членови на владиниот кабинет, остава горчлив впечаток дека приоритетите во моментов не се врзани со последиците од сегашнава состојба. Граѓанско Демократската Унија пред безмалку два месеци, јавно предложи државната помош за вработените да се насочи дирекно на сметките на вработените, а не на сметките на работодавецот. Бевме свесни, колку и да е добар системот за кој тогаш Владата размислуваше, ќе предизвика реакции во јавноста. Исто така, нема(ше) никаква објективна пречка тоа да не биде реализирано“, се наведува во соопштението.

Според партијата, впечаток е дека помошта до самовработените и малите правни лица од 1 до пет вработени воопшто ја нема, или тешко доаѓа.

„И да бидеме искрени, дел од компаниите кои се наоѓаат на списокот, почнаа со отпуштања безмалку со почетокот на кризата. Конечно, министерката за финансии на ова нека гледа како на шанса да го поправи впечатокот од нејзината последна прес- конференција и да и ги објасни на јавноста контроверзите кои се појавија. Впрочем, кога веќе дел од нејзините колеги почнаа со кампања, веруваме дека тоа би бил одличен предизборен чекор“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа13 минути

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што поскоро отворање на границите меѓу европските земји, откако тие беа...

Македонија32 минути

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата со коронавирусот....

Регион44 минути

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Откако Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет12 часа

Италија бара 60.000 доброволци кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати околу 60.000 доброволци кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија13 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет14 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа14 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет15 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет15 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа16 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија19 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија21 час

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет21 час

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион22 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија22 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија23 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија23 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион24 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет1 ден

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Досие