Контакт

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Мицкоски да каже дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“

Објавено пред

СДСМ работи во интерес на воспоставување на правната држава и она што значи наша граѓанска обврска пред законите и Уставот, а најмногу пред граѓаните, рече пратеникот од владејачката партија, Костадин Костадинов.

Тој посочи дека прв кој го пријавил случајот „Рекет“ бил токму премиерот Зоран Заев, што, според него, покажува дека правната дежава функционира.

„Од страна на СДСМ беа поставени две прашања во однос на овој случај и сметаме дека може драстично да ја променат ситуацијата – дали Мицкоски имал средба со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор и дали посегнал по парите на еден од осомничените“, запраша Костадинов.

Во име на неговата партија рече дека очекуваат институциите детално да го разгледаат случајот, во интерес на правната држава и интересот на сите граѓани.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ ја презеде улогата на мегафон на Заев за ширење лажни вести

Објавено пред

„По неуспехот да стане преговарач за влез во ЕУ, Бојан Маричиќ мора да ја преземе улогата на мегафон на измамникот Заев за ширење лажни вести. ЕУ ги прочита корумпираноста и неспособноста на Зоран Заев и неговиот тим и затоа сега Маричиќ мора да се сврти кон лажењето“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Бојан Маричиќ.

Според партијата, „Зоран Заев потроши три години од животот на граѓаните распродавајќи ги државните и националнитр интереси за на крајот да добие силна шлаканица од ЕУ. Заев лажеше дека проблемот што Грција го има е единствената пречка за добивање датум, но реалноста го демантира и целата јавност се увери дека ЕУ не сака да преговара со криминалци“.

„Криминалот, корупцијата и рекетот не се и не може да бидат европска вредност. Со Заев на чело на државата Македонија е пример за кримимал, корупција и рекет. Заев сака да остане на власт за да го продолжи криминалниот начин на владеење. Затоа се сите лажни вести и манипулации. Залудно е колку и да се труди СДСМ да ја лаже јавноста. Никој повеќе не им верува. Во тоа ќе се уверат и самите кога на 12 април ќе ги изгубат изборите“, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Ѓорѓиевски: Дали е точно дека во МВР за 20 дена се вработени 100 лица?

Објавено пред

Постои сериозно сомневање дека во последниве 20 дена во МВР се примени на работа над 100 лица, па прашуваме дали тоа е точно, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали после некомпетентниот Жарко Пачемски, близок соработник на Андреј Жерновски, во МВР се примени и деца на обезбедувачите на Оливер Спасовски? По кои критериуми, на кој оглас и кога е примена на работа извесна Теодора и дали таа е ќерка на припадник на неговото обезбедување“, праша тој.

Друг феномен кој паралелно се случува во МВР, рече Ѓорѓеивски, се интерните огласи преку кои Спасовски во очи на изборите се труди да ги пополни местата кои не го интересирале изминативе четири години откако е министер. Тој вели дека се пополнуваат места на кои треба да дојдат професионалци, но очигледно, како што рече, СДСМ се плаши дека во таков случај, полициски службеници кои работат по закон, лесно би можеле да ги откријат сите криминали коишто се правени во МВР.

„Затоа прашуваме колку интерни огласи во изминатиот месец се распишани во МВР? Зошто се брза со пополнување на местата на овие кои со наредба извршуваат работни задачи токму сега? Ова ли е системот на кариера за кој се залагаа началниците на одделите за управување со човечки ресурси кога се носеше законот за внатрешни работи?“, праша тој.

Тој рече дека професионалци кои, како што кажа, постапуваат согласно закон и одбиваат да ги извршуваат политичките нарачки на Спасовски трпеле закани.

„Тие се казнуваат и деградираат, а десетици процеси против МВР за незаконските прераспределувања се веќе завршени. Пресудите се на страна на оштетените, а врз МВР се фрла црна дамка и му е нанесена на МВР сериозна финансиска штета. За сите овие скандалозни одлуки на Спасовски ќе биде информирана и меѓународната заедница, а после неизбежниот пораз на изборите ќе биде истражена одговорноста на сите инволвирани кои му помагаа на Спасовски во бруталните злоупотреби на овластувањата којшто ги има. Затоа ги повикуваме сите оние кои му слугуваат на Спасовски да размислат денес, бидејќи утре може да е доцна. Следува обнова на Македонија, а правдата ќе биде неселективна и никој нема да може да се заштити односно никој нема да може да заштити никого од незаконско работење“, рече Ѓорѓеивски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Арсовски: Заев ја ослободи Катица Јанева од притвор

Објавено пред

Втор ден од СДСМ молчат за ослободувањето на Катица Јанева и вдомувањето кај нејзиниот син Лазар Јанев, кој исто така е под кривична пријава од оштетен во случајот „Рекет“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој обвини дека премиерот Зоран Заев ја извадил Јанева од затвор со цел, како што рече, таа да не ја разоткрие целата шема на рекетирање во која директно е вмешан политичкиот врв на СДСМ.

„Русковска-обвинителството и кацарска-судството совршено, но провидно го глумат театарот дека наводно се караат за ослободувањето на Катица Јанева, додека, пак, Заев, СДСМ и Владата молчат и гледаат од страна. Сите се свесни дека Зоран Заев е тој што ја ослободува Катица Јанева од притвор, бидејќи и самиот си имаше кажано уште на лидерската средба во Собрание пред неколку месеци дека ќе ја ослободи и ќе ја извади Катица Јанева од притвор. Нема јакна што може да го покрие срамот од оваа срамна и смешна одлука на институциите. Сценариото е организирано од СДСМ. Целата постапка за случајот ‘Рекет’ се водеше непрофесионално и аматерски. Катица Јанева најпрвин ги избриша доказите и ги форматираше компјутерите во СЈО, потоа ги изгуби телефоните исто како и Фросина Ременски“, рече Арсовски.

Според него, ослободувањето на Катица Јанева и уште 1.000 други криминалци претходно во изминативе 2 години откако е СДСМ на власт е доволен показател дека власта, Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и сите останати се во длабока спрега и коалиција со криминалот и тоа, вели Арсовски, мора да се казни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Свет8 часа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обвинет за корупција

Израелски јавен обвинител го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за мито, измама и кршење на довербата во три одделни случаи. За...

Македонија8 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија9 часа

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија11 час

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија12 часа

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија14 часа

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија16 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија17 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија18 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија18 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет18 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет18 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија19 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија1 ден

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија1 ден

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа2 дена

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија2 дена

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Досие