Контакт

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата

Објавено пред

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата. Со ова се покажа уште еднаш вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, тие се против поголема минимална плата, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа во Собрание, се пријавија како присутни, а потоа ја напуштија пленарната седница на која на дневен ред беа Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите. Тоа е обновата на режимот која опозицијата ја нуди. Тие се против минималната плата, ВМРО ДПМНЕ е против тоа парите да завршуваат назад кај граѓаните, ВМРО-ДППМНЕ се против секоја мерка што е во интерес на граѓаните“, рече тој.

Додека ВМРО-ДПМНЕ е заробена во груевистичката матрица и е симбол за криминал и расипништво, додаде Костадинов, СДСМ секојдневно носи конкретни мерки за повеќе пари да завршуваат назад во семејните буџети на граѓаните.

„Со измените на Законот за минимална плата, минималната плата повторно ја зголемуваме, овој пат на историски највисоки 14.500 денари. Тоа значи дека годишно дополнителни над 60.000 денари ќе завршат кај околу 90.000 работници кои добиваат минимална плата. Со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување ќе се субвенционираат придонесите за оние компании кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 6.000 денари“, рече Костадинов.

Соопштенија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ почнаа да измислуваат лажни формули за растот на платите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски до толку не може да се помират со растот на платите, па почнаа да измислуваат лажни формули за платите во образованието, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски, кој тврдеше дека платите за наставниците и професорите според законот треба да бидат повисоки од најавеното покачување.

„Работното место наставник според колективниот договор за основно образование има коефициент на сложеност 2,503. Тој се множи со утврдената најниска плата во дејноста образование, а не со минималната плата како што лаже ВМРО-ДПМЕ, а таа изнесува 13.417 денари или пресметка за плата на наставник математички прецизно: 2.503 х 13.417 = 33.583 бруто-плата или 22.713 нето-плата“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека со сегашното покачување од 10 отсто, што ќе биде ефективно во јануари 2020, платата за наставниците со коефициент 2,5 ќе биде токму онолку како што се предвидува.

Од СДСМ нагласуваат и дека за цели седум години од 2010 до 2017 година просечната плата во образованието пораснала едвај 850 денари.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Владина делегација положи венец за помен на загинатите припадници на ЈНА

Објавено пред

Делегација на Владата, предводена од националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов, денеска, положи венец на споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот Слобода.

Претставниците на Владата им оддадоа почит на педесет и четворицата загинати припадници на поранешната ЈНА, кои настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година, а потекнуваат од нашата држава.

На настанот, кој е во организација на Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92, во соработка со националниот координатор за воени и полициски ветерани, присуствуваа и положија цвеќе и претставници на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегација на претседателот, Стево Пендаровски, и делегациja предводенa од началникот на Генералштабот на АРСМ.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Заев со провидно итроманство сака да ги залаже професорите

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ, потценувајќи ја интелигенцијата на професорската и наставничката фела, секој месец им крати и им зема по 5.660 денари од нивната плата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.

„Покажувајќи провидно итроманство, што го препознаваат и професорите и наставниците, Заев мисли дека може да ги залаже професорите да прекинат со протестите и да не си ги бараат своите плати, па им покачи некои си 10 отсто, кои се многу помалку од тоа што треба да го добијат според законот, односно според колективниот договор од 2010 година“, порача тој.

Како што рече Арсовски, според колективниот договор, наставниците и професорите имаат коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533:

„Коефициентот се множи со минималната плата, која моментно изнесува 12.500 денари нето, при што се добива плата од 31.660 денари, односно за 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10 отсто“, појасни партискиот портпарол.

Според него, доколку предвид се земе фактот дека минималната плата ќе се зголеми на 14.500 денари, тогаш во согласност со законот и колективниот договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари.

Арсовски порача дека по изборите на 12 април, ќе дојде нова реформска влада, која ќе изврши обнова на Македонија и која, како што рече, ќе го почитува Законот за минималната плата.

Прикажи повеќе...

Најново

Интервју/Дебата1 час

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија1 час

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ2 часа

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Топ3 часа

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија3 часа

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија4 часа

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада4 часа

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија4 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Македонија6 часа

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија6 часа

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија7 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија8 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа8 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет8 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет9 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион9 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет10 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет11 час

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија23 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Досие