Контакт

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Aнтизападниот пион Мицкоски да каже каква е неговата поврзаност со компанијата „Енерготек“

Објавено пред

Антизападниот пион на Груевски, Христијан Мицкоски, не може да побегне од поврзаноста со криминалите на својот претходник, рече пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, во изјава за медиумите.

„Наместо да се крие зад конфузни и нејасни реакции, антизападниот и антинароден Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори каква е поврзаноста на антизападниот Мицкоски со компанијата ‘Енерготек’ ДОО Скопје и дали оваа компанија учествувала во конзорциум што добил концесија за користење вода и закуп на земјишта за мали хидроцентрали од владата на својот ментор Никола Груевски“, јавно запрша Костадинов во своето обраќање.

Тој нагласи дека очигледно постојат причини поради кои, како што рече, антизападниот Мицкоски ги следи погубните политики на Груевски и затоа по секоја цена се обидува да ја закочи иднината.

„Ова е уште една причина преостанатите пратенции на ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да им се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО“, порача пратеникот од СДСМ и коалицијата.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска-судството изрекува политички пресуди и ги држи Заев и бандата над законите и правдата

Објавено пред

Kacarska Кацарска

Во Република Македонија не постои судство ниту правен систем, постои Кацарска-џубокс за исполнување на нарачаните желби и пресуди на единствениот во Европа криминоген, однароден, аболициран, помилуван премиер Зоран Заев за организиран политички прогон, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено нешто за што постои судската зграда е да ги брани криминогениот Зоран Заев и неговата банда додека ја разнебитуваат државата.

Кацарска-судството има за цел да спроведе селективна правда, да изрекува политички пресуди и да ги држи Заев и бандата над законите и правдата!
Антизападно е раководењето на државата со криминал, корупција и партизација и сето тоа да се прикрива со политички прогон.

За македонското несудство, повеќе не важи максимата „правдата е слепа“, туку во македонските судници под симболот на тасот слободно се чита „апсениот Заев рече живи луѓе ќе јадеме“. Нема аргументи, нема факти, нема докази – има само нарачка, диктат на властодржецот и желба на Kацарска-судството за што подлабоко задоволување.

Во налетот на одмаздољубивост и желба за изедначување, залудни се обидите на ова  Кацарска-судство и СДССМ  кого било од ВМРО-ДПМНЕ, од поранешното и актуелното раководство, да го изедначат во очите на јавноста со криминогениот Заев и однародената влада.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Македонија блокира“ и Координативното тело на дијаспората во Европа поднесоа писма до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори „Македонија-блокира“ и Координативното тело на дијаспората во Европа денеска поднесоа писма до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ зошто не треба да ги гласаат уставните измени.

„Денеска во име на Кризниот штаб ‘Македонија блокира’, во кој членуваат 84 организации, и Координативното тело на дијаспората во Европа поднесуваме до пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ писма во кои ги даваме причините зошто не треба да учествуваат во злосторството спрема македонскиот народ и македонската држава. Ние сме убедени дека пратенциите ќе го слушнат гласот на македонскиот народ и ја гледаат еуфоријата што владее во земјата против промена на Уставот, оти ако помине ова, Македонците се бришат од светската мапа на нации. Има време пратениците да се вразумат, веруваме дека имале само лош ден кога гласале за одлуката за пристапување кон измена на Уставот, а сега до нас допираат информации и дека биле под силни закани и уцени. Ги повикуваме да издржаат, патем, и нам не ни е лесно, нè следат, прислушкуваат, нè повикуваат во полиција, но набргу ќе се менуваат работите, на пролет имаме претседателски избори, исто така, на пролет ќе има избори и за Европскиот парламент и овие белосветски битанги од типот на Хан, Могерини ќе си заминат оти и во ЕУ владее општа еуфорија во која доаѓаат десните партии. Затоа, пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат на страната на македонскиот народ“ – рече Бачев.

„Како претставник на 36 организации од Австралија во ‘Македонија блокира’ сакам да го изнесам ставот на нашинците од Австралија. Ние сме против промена на Уставот и ги повикуваме пратениците да размислат што ќе се случи доколку го сменат Уставот. Не ја признаваме оваа нелегитимна власт што е донесена и насадена од странски фактори и мешетари кои се мешаат во нашите внатрешни работи иако според меѓународните конвенции не сметаат да го прават тоа. Ние ги подржуваме македонските организации кои се борат да прекинат овие собраниски дебати, да се закажат нови избори и да дојдат нови политички сили кои ѝ мислат добро на Македонија“ – рече Кире Јовчески од Австралиско-македонскиот совет во Австралија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се остаток од режимот

Објавено пред

Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се остаток од режимот и затоа го бранат криминалот на Груевски, никој не е над законите, правда мора да има има, реагираат од СДСМ на прес-конеференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека правосудниот систем работи по системот Заев – живи луѓе ќе јадеме.

„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски се остаток на темното минато на режимот и затоа се посветени на одбрана на криминалот на Груевски. Колку и да не му се допаѓа тоа на антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од пионот Мицкоски, во Македонија, конечно, функционираат правото и правната држава, судството е ослободено од политички притисоци и законите важат за сите еднакво. Македонија денес е правна држава и секој за кој низ судска постапка се докажало дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна судска пресуда мора да понесе одговорност. Правда мора да има“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

(ВО ЖИВО): Полиција пред домот на Груевски

Полицијата дојде пред домот на експремиер Никола Груевски, кој требаше да се јави во затворот во Шото Оризари на отслужување...

Македонија1 час

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Македонија2 часа

МВР го бара Груевски со потерница за издржување на затворската казна

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот...

Топ3 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија4 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија5 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет6 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија6 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа7 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион10 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија11 час

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Топ1 ден

Кривична пријава за стружанец оти одгледувал канабис под пластеници

Стружанецот М.К. (52) од селото Корошишта доби кривична пријава отккао полиција во неговата фарма под пластеници нашла 10 стебла канабис....

Топ1 ден

Возило излетало од патот и се превртело, две лица се повредени

На магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Р.С....

Досие