Контакт

Соопштенија

(Видео) Коциќ: Македонското здравство добро се справува со коронавирусот

Објавено пред

Македонското здравство реагира навреме и соодветно и добро се справи со пандемијата на коронавирусот, изјави Ненад Коциќ, кандидат за пратеник на СДСМ од ИЕ 3.

Според него, состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола.

„Бројот на активни случаи е стабилен. Зголемениот број новодијагностицирани изминативе денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со тоа. Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем“, рече Коциќ.

Но, додаде тој, вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен сè додека не се стекне имунитет или не се пронајде вакцина.

„Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме на новата реалност, на новото нормално. Да бидеме свесни дека сè уште може да се заразиме за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот, но на начин на кој ќе бидеме заштитени, а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас“, рече Коциќ.

 

Соопштенија

Алијанса за Албанците: ДУИ ја користи пандемијата како алатка за предизборна кампања

Објавено пред

Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 за нивните партиски интереси, се наведува во соопштение на политичката партија Алијанса за Албанците.

„Министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези“, се посочува во партиското соопштение во кое се додава дека ваквата навредлива практика ја применуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ.

„Градоначалниците на Дебар, Хекуран Дука и тој на Чаир, Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани“, реагираат од Алијанса за Албанците.

Од партијата ја повикуваат Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро на, како што се вели, недоличното однесување на функционерите на ДУИ кои своите институционални позиции ги ставаат во служба на нивниот рејтинг.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Николов: Филипче наместо да признае неуспех вината дрско ја префрли кај граѓаните и МВР

Објавено пред

Состојбата со Ковид-19 епидемијата е алармантна, а на владата и се случува здравствена капитулација, рече денеска на прес-конференција Игор Никлов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека дрско, безобзирно и неодговорно ја префрла вината кај граѓаните, или кај МВР, иако претходно уверувал дека состојбата е под контрола, дека пикот е поминат и дека заразата е победена.

„Граѓаните не се виновни, виновна е власта кој што не го заштитува здравјето на граѓаните и носи чудни мерки. Имаме чисто фијаско на Владата на Спасовски, и Филипче кое што граѓаните го плаќаат со животите. Граѓаните се препуштени сами на себе, затоа што сами мора да се грижат за сопственото здравје заради нивните мерки. За три дена имаме 10 починати, 115 ново заразени, од кој само денес се 52 заразени“, нагласи Николов и додаде дека Македонија по бројот на заболените станува изолиран случај, на врвот по неуспешноста.

Партискиот претставник посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на членовите на Комисијата за заразни болести и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои, како што рече, нема да подлегнат под политички влијанија и ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Министре потребни се ефикасни решенија. Потребно е да се престане да се глуми нормализација, потребно е да бидете одговорна Влада, тоа го очекуваат граѓаните на Македонија“, јавно му порача Николов на Филипче.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните во Прилеп

Објавено пред

Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески и Ане Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, рече во денешната изјава за медиумите Филип Попоски, портпарол на прилепскиот огранок на СДСМ.

„Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири, на кои присуствувале и двајцата, јасно се гледа дека Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето. Ваквото неодговорно однесување, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со Ковид-19“, нагласи Попоски.

Тој порача дека со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата и го повика министерот Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија11 час

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион13 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија14 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија15 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија16 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија16 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија16 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија17 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија17 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија17 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет18 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет19 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион20 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет20 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа21 час

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет21 час

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија21 час

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија1 ден

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Досие