Контакт

Соопштенија

(Видео) Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, Владата крати 6 милиони евра од буџетот наменети за намалување на сиромаштијата 

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања до власта. СДСМ продолжува да удира по најсиромашните, односно Владата крати 6 милиони евра од буџетот наменети за намалување на сиромаштијата, обвини Слаѓана Митовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Митовска посочува дека Заев од опозиција ветуваше дека буџетот треба да се троши за најсиромашните, но тој само создал лажна надеж кај луѓето и предизборно ги манипулирал, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие кратењата се случуваат во период кога Република Македонија има над половина милион граѓани што живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај или тоа се 21,9 отсто од вкупното население во државата. СДСМ, иако имаше можност една и пол година, не презема ниту една мерка за реално намалување на сиромаштијата, напротив, во економијата продолжија да ги користат бенефитите што беa спроведени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Митовска.

Дополнително, додава таа, државата е на трето место во светот по младинска невработеност, таа изнесува над 50 отсто, а пред нас се само Јужна Африка и Босна и Херцеговина, а ова се, вели Митовска, официјални податоци на Светската банка.

„Извршувањето на капиталните инвестиции за девет месеци изнесува само 24,7 отсто, што е очајно најниско ниво на реализација од постоењето на државата до денес. Ова е показател на неработа и незнаење и во никој случај со ваков начин на работа не можеме да очекуваме нови работни места“, посочува Митовска.

Соопштенија

СДСМ за Силјановска: Граѓаните нема да дозволат нов полтрон да ја заземе претседателската позиција

Објавено пред

Како што се очекуваше, Мицкоски денеска го официјализираше својот кандидат кој застана рамо до рамо со него, тргна против напредокот, проитв НАТО и ЕУ, по стапките на Иванов и Никола Груевски, велат од СДСМ како реакција на изборот на Гордана Силјановска за претседателски кандидат на опозициската партија.

Според нив, Силјановска денеска имала шанса да покаже дека се разликува и дека е против, како што велат, антизападните политики на Мицкоски, но не го направила тоа.

„Силјановска не се огради ниту од криминалните политики на Никола Груевски, ниту од деструктивните активности на Христијан Мицкоски против напредокот на нашата земја, против Договорот од Преспа, против НАТО и ЕУ. Таа не го осуди ниту говорот на омраза и поделбите на граѓаните кои што доаѓаа од нејзини колешки, колеги, блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, посочуваат од владејачката партија од каде додаваат оти Силјановска покажува дека не е ништо друго освен уште еден изрвшител на Мицкоски.

Од СДСМ посочуваат дека граѓаните не сакаат нов полтрон на претседателската позиција и дека нема да дозволат да се повтори Ѓорѓе Иванов во друга форма.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да размислува за оставка по поразот на изборите

Објавено пред

Уште едно алиби обраќање на антизападниот Христијан Мицкоски од Конвенцијата на која лично тој си го бира својот фаворит, својот кандидат кој со него треба да застане против НАТО и ЕУ.
Мрачното обраќање на Мицкоски многу добро го отсликува него и состојбата во којашто се наоѓа: „чудовишта“,  „џелати“, „кризи“, „исклучувања“,  „жолти картони“, „на колена“…, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, нема поголемо разочарување за земјава од однесувањето на Христијан Мицкоски и делувањето против НАТО и ЕУ.

,,Од една страна се граѓаните, СДСМ, мнозинството, кои Република Северна Македонија ја носат напред кон светла иднина во НАТО и ЕУ.Од друга страна е осамениот Мицкоски обземен со мракови и деструкции, со мрачното време на режимот на неговиот Никола Груевски. СДСМ е за економија, за прогрес, за реформи, за безбедност. Затоа сме ЗА НАТО, затоа сме за ЕУ. Штета што на Мицкоски и ова ракаоводство на ВМРО-ДПМНЕ тоа им пречи.

Мицкоски нека не бара алиби, туку да се подготви за убедлив изборен пораз на слободни, фер и демокартски претседателски избори.Граѓаните ги отфрлија неговите деструкции, неговите црнила, не сакаат да се вратат назад во мрачно време на неизвесност, криминал и изолација.
Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов ниту нов Груевски, тоа време заврши, Северна Македонија оди напред.Граѓаните, Северна Македонија, одбраа иднина во ЕУ и НАТО. Мицкоски може да размислува за оставка од неговата партија, по извесниот пораз на претстојните претседателски избори”, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ:За првпат наш министер за одбрана седна на масата во Алијансата

Објавено пред

За првпат во историјата, наш министер за одбрана седна на масата на Алијансата. Министерката Радмила Шекеринска учествуваше на состанокот на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, рамо до рамо со колегите од земјите членки на Алијансата, соопшти СДСМ.

,,Зад нас се годините кога земјава тонеше во изолација, поделби, економско уназадување и неизвесност. Република Северна Македонија конечно е дел од НАТО сојузот, учесник во процесите за глобална безбедност.Граѓаните се горди на историскиот успех, ние сме НАТО.

Во меѓувреме, започна и ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во парлеманетите на државите членки на НАТО.  Протоколот веќе е ратификуван од парламентите на Република Грција, Словенија и Република Албанија, а во наредниот период се очекува ратификација и од парламентите на други земји членки.Република Северна Македонија го добива своето заслужено место во НАТО и станува 30 земја членка на Алијансата, што значи безбедност, сигурност и стабилност, но и економски раст, повеќе инвестиции и повеќе пари за граѓаните”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Заев и Ципрас: Договорот им го посветуваме на младите генерации и нивната иднина

Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, денеска зедоа учество на панелот „Разговор со добитниците на наградата...

Македонија6 часа

Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција...

Регион7 часа

Тензични протести во Тирана: Приврзаниците на опозицијата се судрија со полицијата

Повеќе од илјада приврзаници на опозицијата се судрија денеска со полицијата на антивладините протести во Тирана, барајќи оставка на премиерот...

Македонија10 часа

Неколкумина повредени кај Ласкарци сѐ уште се борат за живот

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката сообраќајна несреќа, во моментов се лекуваат 19 пациенти. Од нив,...

Македонија11 час

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на...

Свет12 часа

(Видео) Работник кој добил отказ застрела петмина колеги во Чикаго

Пет лица се убиени и пет полицајци се повредени во предградието на Чикаго, кога 45-годишн маж пукал во индустриско складиште...

Македонија13 часа

Притвор за 11 членови на криминална група, разработиле шема за шверц на мигранти од Грција кон Србија

Единаесет членови на криминална група кои што разработиле шема за шверц на мигранти од Грција, преку земјава, кон Србија, завршија...

Македонија14 часа

Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со...

Свет15 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот Доналд Трамп прогласи национална вонредна состојба на границата Мексико, во обид да обезбеди повеќе пари за ѕидот кој планира...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија1 ден

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија1 ден

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија1 ден

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија1 ден

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија1 ден

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет1 ден

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија1 ден

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија1 ден

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија1 ден

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија1 ден

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Досие