Контакт

Соопштенија

(Видео) Мицкоски: Mакедонската економија можеме да ја направиме да биде прва на Балканот

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Битола ја промовираше програмата на неговата партија насловена проект „Обнова“.

Како што рече тој пред присутните, проектот „Обнова на Македонија“ опфаќа мерки и планови кои се изготвувале повеќе месеци од врвни експерти од земјава и странство, а е базирана на директните потреби на граѓаните.

„Главниот фокус се економијата, претприемништвото и поддршка на бизнисот, а целта е едноставна, повеќе пари за секого. Ние мораме преку реиндустријализација и константен економски развој да постигнеме стандарди базирани на вредности. На народот потребни му се пари, наместо демагогија, а на државата работа и резултати, наместо неспособност и порази“, рече партискиот лидер.

Тој посочи дека со оваа програма ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме на раст на БДП од минимум 4% секоја година, невработеност под 10%, повисоки плати за минимум 25% и ниски даноци.

„Верувам и знам дека македонската економија можеме да ја направиме да биде прва на Балканот“, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека за младите кои ќе се вработат мора да има пониски даноци, тие да студираат на барем еден македонски универзитет којшто ќе биде во првите 1.000 на Шангајската листа, а студентскиот стандард да биде сериозно зголемен.

„Мора да си ги вратиме децата во нашата земја. Да ги наполниме испразнетите градови и села. За образовните работници, наставниците и професорите ќе извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, за просветните работници во основното и средното образование личен доход од 36.000 денари месечно, за вработените во високото образование до 100.000 денари месечни примања. Ќе обезбедиме целосно реновирање и реконструкција на студентските домови, ќе одвоиме 4 милиони евра за претприемачка иницијатива на млади и одвојување 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот познат како спортски денар“, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Рече и дека со програмата се обезбедуваат повеќе пари во земјоделството, субвенции во износ минимум 640 милиони евра во еден мандат и сигурен откуп.

„Успехот е резултат на правилен избор на повеќе одлуки и подразбира многу работа, решавање на многу предизвици. Можете да ја прифатите тешката реалност, но можете и да ја промените. Вашиот глас ја носи промената, а изборот е јасно и гласно обнова“, порача Мицкоски пред битолчани.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет во инфраструктурата е изградба на автопатишта, железничко поврзување со Бугарија и набавка на пет возови

Објавено пред

Патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис-секторот. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево – Охрид, проширување на патот Гостивар – Тетово со што би се добил современ автопат, изградба на автопат Прилеп – Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско – Прилеп, експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш и др.

„Дополнително ќе се изработат проектните документации за автопатот Гостивар – Кичево, експресниот пат Струмица – Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и друго. Во делот на железничката инфраструктура се предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир, но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е со 150 заболени и 10-тина починати дневно приоритет на Заев и Филипче да биде снимање ПР-спотови

Објавено пред

Во јуни имаше заболени колку сите месеци претходно. Заев и Филипче наместо да покажат грижа за здравството, тераат митинзи и снимаат спотови, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија речиси цел месец бележи троцифрени бројки на заболени. Црниот биланс во последното деноноќие е 120 новозаразени и 4 починати лица. Само во  јуни има заболени колку месеците претходно. Македонија е рекордер во регионот по заразени и починати лица на еден милион жители. Тоа сепак не го спречува Филипче да глуми во спотовите и митинзите на Заев.
Ова е на дело неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче.

Да беше криминал, корупција или рекет власта на Заев би била организирана максимално, но не и кога треба да се заштити здравјето и животот на граѓаните.

Цела јавност виде како се организирани кога треба да договараат со контроверзниот бизнисмен Дака, за што самиот тврди дека исплатил 300 илјади евра. Гледаме како се пазарела правдата за 4, 6, 8 милиони евра, а патем има сведоштво дека сите изрекетирани пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви. Цела јавност виде како директорот на Фондот за здравство, вториот човек во здравството во Македонија, ноншалантно става снопчиња пари во својата торба, додека во Македонија луѓе умираат од банални болести или недостиг на финансиски средства за операции.
Ова е бедата на владеењето на СДСМ и Заев, која граѓаните ја почувствуваа на својот грб.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на свивањето ‘рбет. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме Саше Политико да биде сликата за новинар, итно да се извини за навредите кон Силјановска

Објавено пред

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ ги осудуваат, како што велат, говорот на омраза и навредите кои Саше Ивановски – Политико, ги упатил кон Гордана Силјановска Давкова, носител на листа за пратеници во првата изборна единица.

„Бараме итно извинување од новинарот, но и од неговите спонзори и мотиватори – семејството Заеви. Дополнително ги повикуваме новинарските здруженија да го осудат ваквиот напад“, се наведува во реакцијата од партијата од каде велат дека ги почитуваат новинарите, но не сакаат сликата за новинар во јавноста да биде лицето Саше Ивановски.

„Говорот на омрза и навредите не смеат да прераснат во пракса во општеството“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија3 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија4 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет5 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет5 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија5 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет6 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија6 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет6 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет6 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет17 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија24 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија24 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие