Соопштенија
(Видео) Спасовски: На 30 септември да заокружиме „за“ и да го оствариме сонот на нашата генерација

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Оливер Спасовски, вчера беше во посета на Кичево, каде што оствари средби со граѓаните и учествуваше на отворена граѓанска трибина.
Пред присутните Спасовски зборуваше за придобивките за Македонија со влезот во Европската Унија и НАТО.
„Со членството во НАТО се гарантираат границите на Република Македонија, територијалниот интегритет, им обезбедуваме мирен сон на нашите семејства и на нашите деца и преку таквата стабилност ги затвораме сите отворени прашања што 28 години демнеа над Република Македонија“, рече Спасовски.
Спасовски ги повика граѓаните, без разлика на нивната верска, национална, етничка или политичка припадност, да се вклучат во процесот за интеграција во ЕУ и НАТО и на 30 септември да излезат на референдумот и да гласаат „за“ и со тоа да придонесат да се оствари сонот на претходните, сегашните, но, како што рече, и на идните генерации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Наградата за Заев и Ципрас е уште едно признание за пријателските политики

Наградата „Евалд Фон Клајст“ за премиерите Заев и Ципрас е уште едно признание за успешноста на политиките кои создаваат пријателство и отвораат перспективи, вели СДСМ преку соопштение.
Желбата за подобра иднина, смета СДСМ, ги надмина стереотипите и низ дијалог се дојде до решение во интерес на граѓаните од двете земји, Република Северна Македонија и Република Грција, а тоа е препознаено и гласно поздравен од целиот демократски свет.
„Европа и Балканот стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.
Отворени се перспективите за засилен развој и напредок на Република Северна Македонија, интегрирана во најмоќните сојузи, НАТО и ЕУ. Тоа за граѓаните значи сигурна иднина, стабилност, безбедност, силна економија, поголеми плати, подобар животен стандард за сите“, се додава во соопштението на владејачката партија.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 60 илади тони јаболка во Ресенско стојат во магацините

Земјоделието е во катастрофална состојба. Над 60 илјади тони јаболка во Ресенско стојат во магацините, на само 2 месеца пред крајот на сезоната, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и додава дека произведувачите на јаболка, кои треба да почнат со подготовка на плантажите за новата сезона, немаат средства за обработка на нивите.
„СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците. Минатата година без пласман останаа производителите на зелка, домат, пченица, слива, бостан, грозје, праска и ориз, земјоделците наместо загарантиран откуп и фер цени, немаа никаков откуп. Заев ги излажа земјоделците и го клекна земјоделието на колена во изминативе две години. Земјоделците се жртва на манипулација. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија додава дека власта не смее да остане глува на проблемите на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ бара власта итно да ја врати интервентната мерка по 3 денари од килограм и да им помогне на произведувачите на јаболка.
Соопштенија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прашајте го Мицкоски како станал асистент кај својот татко

СДСМ како одговор на обвинувањата за непотизам во своите редови вели дека вистинската адреса на која ВМРО-ДПМНЕ треба да постави прашања за непотизам е нивниот лидер Христијан Мицкоски.
„Мицкоски треба да им одговори како од толку многу професори на Машинскиот факултет, тој станува асистент токму кај својот татко со кого и заедно пишувале книги и учебници?
Како Мицкоски добил бизниси со хидроцентрали од владата на Никола Груевски, каде што бил советник?“, наведува СДСМ во реакцијата.
Владејачката партија додава дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги партизирало сите државни и јавни претпријатија, а од институциите правело партиски штабови. Велат дека остануваат доследни на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизам, притисоци и политика.
„Како што е веќе најавено, ќе се испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор, како и на лица блиски до одредени функционери и јавноста навреме ќе биде информирана. Доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување или, пак, влијанија, ќе бидат преземени соодветни мерки.
Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да влијае на вработувања.
Деполитизирана и департизирана администрација значи вработување спроед мерит-систем, а не според политика или партиска припадност“, се вели во реакцијата на СДСМ.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал