Соопштенија
(Видео) Спасовски од Берово: Со влезот во НАТО обезбедуваме трајна заштита на границите и територијалниот интегритет

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера се сретна со граѓани на Берово, а учествуваше и на граѓанска трибина на која се разговараше за придобивките од членството во најмоќните сојузи.
Силна поддршка од страна на граѓаните за започнатите процеси за влез во ЕУ и НАТО, додека од страна на министерот Спасовски беше потенцирана важноста од влезот во НАТО за трајно заштитување на границите и обезбедување на безбедноста на државата и нејзините граѓани.
„Со влезот во НАТО обезбедуваме трајна заштита на границите и територијалниот интегритет. Македонија станува 30-та земја членка на најголемата безбедносна коалиција и рамноправно ќе одлучува со најмоќните држави во светот. За тоа овој референдум, може да се спореди и со референдумот од 8 септември, кога претходните генерации ги обезбедија независноста, државноста и суверентитетот на Македонија“, порача Спасовски
Зборувајќи за придобивките од членството во НАТО и ЕУ, Спасовски потенцираше дека членството во НАТО не значи само безбедност туку и раст на економијата, бидејќи сите потенцијални инвеститори бараат безбеден и сигурен пазар за инвестирање. Истовремено, влезот во ЕУ, порача Спасовски, е влез на пазар од 500 милиони потрошувачи, што значи поголем пласман на македонски производи и зголемена конкурентност на македонската економија.
„Македонија нема друга алтернатива, затоа цврсто и до крај решено го оди овој пат. Членството во ЕУ и НАТО значи дека ги донесеме европските вредности овде. Нашата иднина и иднината на нашите деца е во наши раце и ние треба да донесеме правилна и мудра одлука и на 30 септември да гласаме ЗА европска Македонија“, порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше против НАТО

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека е против државните интереси и се обидува да ги дискредитира институциите и да го наруши угледот на државата и на армијата, реагира СДСМ на обвинувањата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој побара оставка од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, срамот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.
„ВМРО-ДПМНЕ кое правеше сè за државата да не стане членка на НАТО, а кога тоа се случи не собра сили ни да честитаат и да се израдуваат на исполнувањето на тридецениската стратешка цел на Република Северна Македонија. Токму Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ беа на власт“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ велат дека ДПМНЕ ја држеше земјата 11 години во изолација, ги држеше војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови.
„Војниците сега од глава до петици се облечени во ново. За три години три пати се зголемени примањата во армијата. Примањата на војниците и подофицерите, заедно со додатокот за станбено обезбедување се зголемени за 50%, а на сите цивилни лица платите им пораснаа за најмалку 26%. Срамно е темата за НАТО да ја злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја“, пишува СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: НАТО им удри дипломатска шлаканица на Шекеринска и Пендаровски

„Угледот на македонската армија и на Република Македонија го рушат Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски. Македонија 2,5 години нема воен претставник во седиштето на НАТО затоа што НАТО го одби кандидатот што Шекеринска и Пендаровски го испратија. Тоа е дипломатски скандал од највисок степен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, самиот факт што пулените на Шекеринска и Пендаровски не ги поминуваат НАТО-филтрите говори дека власта го руши угледот на државата.
„Ова отвора и ново прашање – дали кадарот на Шекеринска и Пендаровски е вратен од страна на НАТО затоа што бил соработник на странска тајна служба од земја што не е стратешки партнер на Македонија? Залудни се обидите на СДСМ да ги исперат Шекеринска и Пендаровски и вина да бараат во други. НАТО даде потврда на нивната неспособност и аматеризам со дипломатската шлаканица што им ја удри“, се додава во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Пописот е важна статистичка операција, повикот за бојкот е повик за кршење на законите

„Законот за попис на населението овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис во согласност со меѓународните стандарди и прописите на Евростат. ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно“, соопшти СДСМ.
Според партиите, бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Мицкоски, значи и повикување на кршење на законите.
„Тоа е апсолутно апсурдно и секако прв случај што можеме да го видиме во Европа и светот. Да биде појасно, пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот. Победници од пописот ќе бидат граѓаните, компаниите, институциите, кои конечно ќе имаат на располагање точни и веродостојни податоци, неопходни за планирање, креирање политики и стратегии. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да спречат одржување попис во согласност со меѓународните стандарди и пракси“, се вели во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира