Контакт

Соопштенија

(Видео) Стерјоска Локвенец: Локалната власт предводена од СДСМ покажа дека е успешна во вработувањето роднини и пријатели

Објавено пред

Во текот на вчерашната седница на Советот на Општина Прилеп беше донесена одлука за формирање ново претпријатие за енергетика. Ако се земе предвид фактот дека Прилеп е далеку од гасификација, дека во нашата општина немаме потрошувачи, корисници на гас, јасна е целта за постоењето на едно вакво претпријатие во кое ќе треба да се вдомат партиски кадри од редот на СДСМ, рече Ирена Стерјоска Локвенец.

„Во текот на вчерашната седница именуваниот директор Игор Спиркоски, кој ќе треба да застане на чело на ова претпријатие, соопшти дека истиот бил во роднинска врска со градоначалникот Илија Јованоски. Истото лице го потврди фактот дека сè уште е далеку протекувањето гас во нашиот град и најверојатно до крајот на мандатот на градоначалникот.

Оваа локална власт предводена од СДСМ досега покажа дека е успешна само во една работа, а тоа е вработувањето  роднини и пријатели на високи партиски функционери во јавните претпријатија, на убави и раководни места. За жал, не само што оваа практика на непотизам не престанува, туку истата продолжува, овој пат без срам, на штета на обичниот граѓанин кој едвај врзува крај со крај, заработувајќи го чесно парчето леб.

Животот ѓто  го ветуваа предизборно дојде за неколкумина најблиски. Иако во овој момент во Прилеп нема апсолутно никаква потреба од едно вакво ново претпријатие, сепак, некој решил дека покрај трупање на општината и останатите институции со нови кадри блиски до СДСМ, потребно е да се формира уште едно претпријатие за нивно вдомување.

Како што тргнале да размислуваат градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет, Талески ништо чудно во иднина да формираат претпријатие кое ќе биди на границата на научна фантастика при тоа губејќи ја реалноста на градот.

И додека оваа локална власт има мизерен процент на реализирани проекти, Општината ќе треба да издвојува пари од буџетот за финансирање на ова ново претпријатие, или поточно ќе се трошат пари на плати за партиски војници.

Градоначалник, уште колку членови од вашата фамилија треба да се вработат и да добијат убави партиски раководни места? За доброто на сите нас, за доброто на Прилеп и Македонија треба што поскоро да заврши ваквата политика на СДСМ“, порача Стерјоска Локвенец.

Соопштенија

Единствена Македонија: Лидерски средби меѓу две албански и две македонски партии се неприродни и штетни

Објавено пред

„Зоран Заев повторно, којзнае кој пат, за утре свикува таканаречена лидерска средба само со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиите на албанското малцинство во државата. Досегашната практика на т.н. лидерски средби во исклучиво тесен круг учесници не дава гаранција за решенија во корист на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија оти Македонија практично се движи кон сопственото исчезнување со бришење сè што е македонско“, соопшти Единствена Македонија.

Партијата упатува јавен предлог до Заев како организатор на настанот за промена на форматот на учесниците на т.н. лидерски средби.

„Решение да се бара според формулата за учество на 15 партии во преговорите со следниот формат: турска, српска, ромска, влашка, бошњачка, две албански и осум македонски партии, и тоа од најмалку две причини, прво, учеството на поголем број партии овозможува решение со најширок легитимитет прифатено од македонскиот народ и сите национални малцинства и, второ, учеството само на две македонски и две албански партии е неприродна, неприфатлива и недозволива состојба оти не ја отсликува македонската реалност, недозволиво го фаворизира албанското наспроти сите други малцинства во земјата и не дава гаранција за заштита на виталните национални и државни интереси.

Ги потсетуваме Заев и Мицкоски дека во татковинската војна во 2001 година Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски прифатија преговори со учество само на две македонски и две албански партии поради што државата излезе поразена, посрамена и понижена со немерливи последици до денешно време“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Новиот случај од Обвинителството е доказ за владеење на правото

Објавено пред

За СДСМ, актуелниот случај поведен од Обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – Обвинителство – МВР, кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, велат од владејачката партија.

„Државата изгради институции и создаде систем кои се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има“, стои во соопштението.

Воедно, од СДСМ ги охрабруваат и ги повикуваат надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага и да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во земјата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сигурно знаел за рекетарската сага на Боки 13

Објавено пред

Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму повикуваат исто така да се објави кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни објавени во медиумите и кој е јавниот обвинител за кого се зборува дека соработувал со нив.

„Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сума, утре може да ги снајде некое злодело“, се наведува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во овој случај станува збор за институционален криминал, кој невозможно е да бил спроведуван без знаење на, како што се вели, аболираниот криминалец Зоран Заев.

„Впрочем, и самиот Заев призна дека не само што знае за рекетарската сага туку дека знае и кои лица се кријат зад псевдонимите. Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани. Истрагата мора да продолжи и целата разврска да резултира со одговорност за сите ликови од оваа рекетарска и криминална банда, вклучително и функционерите од Владата и СДСМ“, повикуваат од опозициската партија, од каде што додаваат дека СДСМ и Зоран Заев мора што побргу да си заминат за да се врати владеењето на правото и законите во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Во Шкотска најмногу починати од дрога

Во Шкотска минатата година од употреба на дрога починале 1.187 луѓе, што е за речиси 27 отсто повеќе отколку во...

Македонија10 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион12 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет13 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија15 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа17 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија17 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија17 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт17 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија19 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија21 час

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет21 час

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет22 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион22 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет23 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија24 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа1 ден

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија1 ден

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Досие