Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Вработените во МНР три месеци немаат здравствено осигурување

Објавено пред

Трет месец македонската дипломатија не е здравствено осигурана. Трет месец на македонските дипломати, амбасадорите, целата дипломатија, службите, вработените во ДКП-ата не им се покрива здравственото осигурување, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, македонската дипломатија и вработените во МНР, коишто се државни службеници, администрација, повеќе месеци земаат плата од државата, од буџетот, ама немаат здравствено осигурување. Ова е скандал од огромни размери којшто отвора повеќе скандалозни прашања. Прво, како е можно министерство, особено МНР, македонската дипломатија да дели плата, а вработените да немаат здравствено осигурување? Како е можно Министерство, дел од Влада, да не уплаќа здравствено осигурување? Каков пример дава Владата, МНР до македонското стопанство, до бизнисмените, со тоа што може да исплатува плата, а вработените да немаат здравствено осигурување? Втор  аспект на проблемот е каде е Синдикатот на МНР? Каде се членовите на Синдикатот на македонската дипломатска служба, чијашто веројатно последна активност беше да се повикаат вработените на таканаречениот марш за Европска Македонија, односно за поддршка на референдумот за промена на државното име?“, праша тој.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против сè` што е во интерес на граѓаните

Објавено пред

Додека ВМРО-ДПМНЕ е против сè што е во интерес на граѓаните, Владата предводена од СДСМ е насочена кон економски раст, намалување на буџетскиот дефицит, стабилен јавен долг и вложување во човечки капитал, реагираат од СДСМ на тврдењата на портпаролот на ВМРО-ДПНЕ, Димче Арсовски, дека државата денеска ќе се задолжи на 65 до 67 милиони евра.

„ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека останува на страната спротивно од интересите на граѓаните. Откако претходно се изјаснија дека се против растот на минималната плата и против раст на платите во приватниот сектор, а со тоа и против парите да завршуваат назад кај граѓаните. Политиките на Владата предводена од СДСМ се во насока на економски раст , намалување на буџетскиот дефицит, а со тоа и потребата од негово финансирање, односно задолжување и стабилен јавен долг“, реагираат од СДСМ.

Истовремено, велат од СДСМ, предлог-буџетот за 2020 година е развоен со акцент за инвестирање во човечкиот капитал, а тоа значи инвестирање во подобро здравство, образование, социјална грижа и воопшто, подобри услови за живот на сите наши граѓани.

„При тоа, имаме финансирање на стари доспеани обврски. Па така, следната година за враќање доспеваат 439 милиони евра по основ на стари долгови земени во 2013 година, кој доспева во јануари во висина од 155 милиони евра. И во декември во износ од 178 милиони евра по основ на еврообврзницата издадена во 2015 година. Овие стари долгови мора да се рефинансираат, но како резултат на водење на политика за стабилизирање на долгот, како и сегашните поволни услови на пазарот на капитал, долговите ќе се рефинансираат по значително помали каматни стапки. Тоа значи помал трошок за државата и стеснување на долгот. Според последните податоци, јавниот долг изнесува 47,7% од БДП, што е за 1,1 процентен поен понизок од 2016 година“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според оценката на ММФ, велат од партијата, се очекува економскиот раст да забрза следната година и го проектираат на 3,4%, што е подобрување на проекцијата за 0,3 процентни поени во однос на пролетната проекција.

„Пониските даноци и повисоките пензии и плати, вклучително и минималните плати, очекуваат да бидат дополнителен стимул за потрошувачката. Намалување бележиме и во невработеноста, кое, пак, е поддржано од значителното креирање ови работни места. 17.8 отсто историски најмал процент на невработеност и 54.000 нови работни места. Успешните политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати за што потврдуваат и официјалните бројки кои се јавно достапни. ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да манипулира со дезинформации. Сè додека е против интересите на граѓаните, ги очекува загарантирано фијаско на претстојните избори во април“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Силјановска

Објавено пред

На повидок е нов скандал поврзан со начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори, изјави на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој кажа дека од финансискиот извештај може да се потврди оти ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Силјановска.

„Согласно Изборниот законик, сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг“, истакна партискиот портпарол.

Костадинов вели дека ВМРО-ДПМНЕ и потписникот на сметката за овие избори, генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, не го почитувале Изборниот законик.

„Повикуваме надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста“, кажа гласноговорникот на СДСМ и порача дека одговорност за скандалот мора да има.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Државата ќе се задолжи за нови 67 милиони евра

Објавено пред

Нина Ангеловска и Зоран Заев денеска повторно ќе ја задолжат Република Македонија за нови 65 до 67 милиони евра. Четири месеци како е министер Нина Ангеловска, има пет задолжувања во вредност од над 270 милиони евра и ниту еден капитален проект што може да се види со голо око, изјави  Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Психолошката граница од над 50% задолжување е одамна помината и граѓаните и државата секојдневно живеат во неизвесност. Најкрупниот проект на новата министерка е враќањето на рамниот данок по примерот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека државата се води недомаќински. Секое ново задолжување само ја покажува развратноста на Владата во делот на финансиите. Нема ниту еден капитален проект реализиран“, рече тој.

Реализацијата на капитални инвестиции, додаде Арсовски, како и сумата на странски инвестиции директни влезени во Република Македонија во моментот се историски најниски.

„Заклучно со септември капиталните инвестиции се 37.6%, значи 3 од 4 квартали не е постигнато ниту 40% од планираната реализацијата на капиталните инвестиции и тоа планирана со ребаланс на буџет. Новиот буџет што го предвидуваат СДСМ, Заев и Нина Ангеловска ќе биде историски најголем, со историски најголема сума нето задолжувања идната година каде што стотици милиони евра ќе се задолжи нето државата само во 2020 година. Капиталните инвестиции повторно ќе бидат драстично пониски и од оваа година“, рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија11 час

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија13 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија16 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија16 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија17 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија17 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет19 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет19 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија20 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија21 час

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија1 ден

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет1 ден

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа1 ден

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет1 ден

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија2 дена

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет2 дена

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет2 дена

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија2 дена

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион2 дена

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Досие