Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Градоначалници од СДСМ глумат локални шерифи со поддршка на Заев

Објавено пред

Курто Дудуш, тепачот од Шуто Оризари, Марјанче Стојановски од Демир Хисар кој што се заканува со прислушување, Боро Стојчев шверцерот на цигари од Ново Село, се луѓе огледало на Зоран Заев и огледало на СДСМ, порача на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во неполни три години прво нема ниту обвинение за тешки закани од градоначалникот од Демир Хисар кон граѓаните, за што има и снимка. Следеше пресуда на само 6 месеци за прекуграничен шверц вршен од семејството и лично од градоначалникот на Ново Село, а во акцијата за апсење беше пукано кон полицијата. Сега Курто Дудуш за тепање и малтретирање сограѓанин, но и по снимки за киднапирање и изживување на сограѓанин, минува со судска опомена“, констатираше партискиот портпарол и додаде дека ниту еден од овие градоначалници на СДСМ не е соодветно санкциониран, поради заштита од централната власт.

Стоилковски вината за ваквите, како што кажа, криминали, ја лоцира во Зоран Заев и СДСМ и порача дека на 12-ти април ќе следи одговорност за сите неправилности.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски беше најлош директор на ЕЛЕМ, заедно со Груевски ја поскапеа струјата и го ограбија народот

Објавено пред

Извршителот Мицкоски, советникот на Груевски за енергетика, беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и водеше катастрофална енергетска политика. Во негово време цената на струјата растеше, а тој со професорска плата стана сопственик на хидроцентрали, обвинија од СДСМ.

„СДСМ за 2,5 години ги реализираше ветувањата дадени кон граѓаните, како што е враќањето на ефтината тарифа на струјата, одржувањето на цената на електричната енергија на исто ниво, кое е најниско во Европа.

СДСМ го зголеми домашно производство на струја. Сега не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25%, увозот достигна огромни 38%.

ЕСМ (ЕЛЕМ) сега не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

Оваа компанија сега има добивка од 80 милиони евра, за разлика од загубите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ спроведува мерки за засилени инвестиции за гасификацијата, за обвновливи извори на енергија, како фотоволтаични електрани, кои се иднина на енергетиката, а не јагленот, како што сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголеми инвестиции во енергетскиот сектор се извршени во време на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали само со расфрлање на народните пари за барокни згради, споменици и други фикции на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе“ пипува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ветува финансирање на половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада во домовите

Објавено пред

Мерките и проектите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги ветува ќе донесат обнова на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ преку новата програма планира проект со кој ќе им обезбеди на граѓаните енергетска обнова во нивните домови, најави партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа практично значи можност секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што половина од инвестицијата ќе ја покрие државата, односно 50 проценти е на трошок на државата.

Во нашата земја многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, или воопшто немаат фасада, а нивната обнова или изградба на фасада чини доста пари.

Затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасен оков во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина.

Оваа мерка ќе придонесе граѓаните да имаат топол дом на зима, и ладен на лето и она кое што е најважно пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети.

Со овој проект ќе имаме и заживување на градежната индустрија, но истовремено подразбира и заштита на животната средина. По 12-ти април, во Република Македонија обновата ќе победи, и ќе дојде време кога ќе има повеќе за секого“ се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

АД ЕСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против купување сопствена механизација за РЕК Битола

Објавено пред

Лицето Ивица Томовски кое е вработено во Елемтурс и кое држи прес конференции против фирмата од каде зема плата, треба да и соопшти на јавноста за која јавна набавка зборува во неговата денешна изјава, реагира ЕСМ на обвинувањата на Томовски дека скандалозен тендер од 19 милиони евра на ЕЛЕМ се мести да го добие фирма блиска до власта.

„Ја известуваме јавноста дека предметната јавна набавка се однесува на купување сопствена помошна механизација за РЕК Битола, со која комбинатот ќе почне да ја намалува својата потреба од ангажирање надворешни фирми. Доколку тоа не им одговара на ВМРО ДПМНЕ би требало тоа јавно да го соопштат и исто така да кажат од кои причини не го поддржуваат опремувањето на РЕК Битола со своја механизација. Јавната набавка е објавена уште пред два месеци од страна на претседателот на владата и од генералниот директор на АД ЕСМ, што ја покажува важноста и сериозноста на проектот, и нејасно е зошто лицето во овој момент зборува за истата“, се наведува во реакцијата.

Од компанијата велат дека набавката е на самиот крај и се очекува до крајот на месецот да се избере и најдобриот понудувач од 12-те пријавени фирми, кои се светски познати во својата област и во областа на производство на механизацијата која се побарува.

„Технички дијалог, испитување на пазарот и сите потребни анализи за оваа набавка се направени минатата година, во рамките на веќе еднаш распишан тендер за истата намена. По него следуваше распишување јавна набавка според новиот закон, кој овозможува да се набави механизација која ќе биде квалитетна и која ќе трае долго време, односно која со години ќе го опслужува процесот на ископ на јаглен во РЕК Битола. Доколку зад прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ стојат дезинформации лиферувани од незадоволни економски оператори, тоа само покажува дека на партијата и на дел од економските оператори не им одговара што сега не се фаворизираат понудувачи, туку се цени исклучиво понудата која секој понудувач ја дава, за разлика од случаи кои се евидентирани во минатото и за кои дури има и судски пресуди, во времето кога ВМРО ДПМНЕ раководеше со компанијата“, велат од ЕСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ33 минути

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет1 час

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет1 час

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Свет2 часа

По грешка пуштиле 23 патници од крузерот без повторен тест за коронавирус

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот...

Свет2 часа

Сандерс води во Невада, порача дека ќе работи спротивно од Трамп

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс според проценките на Си-ен-ен победи на кокусот на демократите во Невада, додека поранешниот потпретседател на...

Топ20 часа

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ1 ден

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа1 ден

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ1 ден

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа1 ден

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет1 ден

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ2 дена

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија2 дена

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија2 дена

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија2 дена

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ2 дена

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија2 дена

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија2 дена

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Досие