Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Граѓаните знаат сами да одлучат во каква Македонија сакаат да живеат

Објавено пред

Народот на Република Македонија е горд, умен и има капацитет самиот да одлучи како ќе постапи на 30 септември, граѓаните знаат сами да одлучат во каква Македонија сакаат да живеат, а од одлуката на граѓаните може да се плашат само политичари што имаат црни дамки и кои знаат дека тоа што го сториле е погрешно и предизвикува долгорочна штета, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ова не е договор што ќе ја затворат балканската Пандорина кутија. Ова е само почеток на нови кавги, нови несогласувања, нови блокади. Само за минливи и површни актери во политиката ова е наметнување на добрососедство и на овој начин се гради пријателство. Капитулантскиот договор ги навредува интелигенцијата и достоинството на Македонецот“, изјави Стоилковски.

Ова е договор за Северна Македонија со јазик и народ во фуснота, додаде Стоилковски, и посочи дека вистината што Заев и капитулантската свита секојдневно ја кријат е дека во целост се брише сè со што Македонците се поистоветуваат, со што се гордеат, со што се идентификуваат, од каде што го црпат колективниот и индивидуалниот идентитет.

Соопштенија

СДСМ: По повикувањето на Кичеец на распит, кулуминира нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Нервозни реакции доаѓаат од белиот дворец во моменти кога, според информации во медиумите, на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, Зоки Кичеец, велат од владејачкиот СДСМ.

„Денеска кулминира нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести, панични изјави, прес-конфернции“, се наведува во партиското соопштение во кое од СДСМ прашуваат дали нервозата во опозициската партија има врска со распитот на Зоран Милески.

Од таму додаваат дека ваквиот заклучок е уште пореален доколку се земе предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена, како што велат, јавно признал дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.

„Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа? Но, нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогнат на оние што ги чека соочување со правдата“, истакнуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Општина Карпош за Трнодол: Реакциите од граѓаните се потврда за нашата транспарентност

Објавено пред

Не се точни тврдењата дека се менува влезот на Трнодол, како што не беа точни ниту тврдењата дека на т.н. чатал ќе се гради нова зграда или, пак, дека каналот ќе се затвори, велат од скопската Општина Карпош.

„Токму денешната изјава на двајца од претставниците на граѓани од Трнодол е потврда за промените во начинот на носењето на детаљните урбанистички планови во Карпош.
Денеска, граѓаните имаат можност да ги посочат своите забелешки и предлози уште на почетокот кога се носи одреден ДУП, нешто што, за жал, не претставуваше пракса во минатото“, наведуваат општинските власти.

Од таму додаваат дека поканата за јавна презентација била објавена транспарентно, без намера нешто да се скрие.

„Затоа и посетеноста на првата јавна презентација беше голема, но, за жал, не постоеја услови и работна атмосфера за детаљно, од стручните служби, да се образложат дилемите што ги имаа засегнатите граѓани“, образложуваат од Општината.

Од таму ги охрабруваат граѓаните да дојдат и на втората јавна презентација во текот на есента, каде што стручни лица, заедно со претставници од Секторот за урбанизам, повторно ќе го образложат предлог ДУП-от за Градската четврт Ј 03 Блок 7.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да излезе и да каже дали се среќавал со Груевски и со италијанскиот новинар

Објавено пред

Тајкнуните за кои се водат серија предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски, велат од владејачкиот СДСМ, од каде што додаваат дека лицата што се на снимките поврзани со „Рекет“ се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот ‘Рекет’, споменатиот Зоран Кичеец“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека медиумот во кој се објавуваат снимките има линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Од СДСМ го повикуваат лидерот на опозициската партија, наместо, како што велат, да се крие за лажни вести, да излезе пред граѓаните и да одговори дали имал тајни средби.

„Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто? Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал? Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?“, се прашањата за кои од владејачката партија очекуваат одговор од Мицкоски.

Од СДСМ исто така констатираат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија останува посветена на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет9 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион9 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа9 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ12 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ13 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија14 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија15 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија19 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ19 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија19 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија20 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа20 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет21 час

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет1 ден

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет1 ден

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија1 ден

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие