Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Дали функционери на СДСМ му помогнале на Боки 13 да изнуди 750 илјади евра?

Објавено пред

Веќе е очигледно дека невладината организација на Бојан Јовановски Боки 13 била замешана во сомнителни трансакции со индиции за криминал, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Госпоѓата на која битолски градежен бизнисмен и дал 720 илјади евра за идеа за изградба на станови тврди дека сите пари и ги зеле од Меѓународниот сојуз на Боки, Ременски и Костадинов. Каде завршија тие пари? Дали функционерите на СДСМ му помогнале на Боки да изнуди 750 илјади евра и дали после му помогнале да и ги земе и на бабата“, прашува тој.

Стоилковски обвини дека невладина организација во која што членува повеќе од половина од власта за наводна грижа на повозрасни граѓани, злоупотребува повозрасни госпоѓи и според сведочењата кои што ги слушнале ја туркале во инвалидска количка за да може полесно да и ги земат парите.

„Но ова не е се. Во 2018 градежна фирма од Струга на потпретседателката на Сојузот на Боки 13, ѝ исплатиле 233 илајди евра со авторски договор по слична основа како претходно битолската фирма на госпоѓата. Каде се овие пари? Како се потрошени? Дали функционерите на СДСМ добивале пари од овие скандалозни трансакции? Зошто не пријавиле доколку им било сомнително?“, праша тој.

Стоилковски бара од Обвинителството да ја испита работата на оваа невладина организација Меѓународен сојуз Скопје. Но, обвини тој, обвинителката Русковска, не го прави тоа.

„Дали се плаши дека ако почне да чепка по работењето на организацијата на Боки 13 ќе дојде до функционери на СДСМ, па дури и до самиот Заев, за кој што Боки 13 тврдеше дека му дава директна поддршка и соработка“, прашува Стоилковски.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да излезе и да каже дали се среќавал со Груевски и со италијанскиот новинар

Објавено пред

Тајкнуните за кои се водат серија предмети пред правосудните органи се создадени од режимот на Никола Груевски, велат од владејачкиот СДСМ, од каде што додаваат дека лицата што се на снимките поврзани со „Рекет“ се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

„Лично Мицкоски призна дека се среќавал со еден од обвинетите во случајот ‘Рекет’, споменатиот Зоран Кичеец“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека медиумот во кој се објавуваат снимките има линкови со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Од СДСМ го повикуваат лидерот на опозициската партија, наместо, како што велат, да се крие за лажни вести, да излезе пред граѓаните и да одговори дали имал тајни средби.

„Дали се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта и зошто? Дали се сретнал со итлајанскиот новинар? Дали и што му дал? Дали се среќавал и со други лица во Словенија и со која цел?“, се прашањата за кои од владејачката партија очекуваат одговор од Мицкоски.

Од СДСМ исто така констатираат дека ВМРО-ДПМНЕ како партија останува посветена на одбрана на криминалот на режимот и фабрикување лажни вести.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Гичевски: Се финишира улицата „Ѓорче Петров“, а во тек е реконструкција на „Борис Сарафов“

Објавено пред

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, продолжува со реконструкција на најзначајните сообраќајници во градот. Во општина Ѓорче Петров во моментов се реконструираат две клучни улици, соопшти Никола Гичевски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров.

„Започна реконтрукцијата на улицата „Борис Сарафов“, на потегот од крстосницата со улицата „Македонска Војска„ до крстосницата со улицата „Кузман Шапкарев“, со вкупна должина од околу 1.700 метри.

Исотвремено, забрзано се работи на финиширање на улицата „Ѓорче Петров“ на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на „Макпетрол“, во должина од околу 1.500 метри. Со реконструкцијата, целосно ќе биде реновиран западниот влез во главниот град“ порача Гичевски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го уништи земјоделството, а денеска субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно и навремено

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше земјоделството во земјава, а земјоделците беа мета на притисоци, закани, уцени заради остварување на личните бизнис интереси на раководството на тогашната власт, порача СДСМ.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека аграрните реформи кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ се реални и земјоделците конечно имаат придобивки од својот труд, а не зијан како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ може само да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Официјалните податоци ја докажуваат успешноста на земјоделските политики на СДСМ.

Денес, субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно и навремено тогаш кога им се најпотребни на земјоделците. Бележиме пораст на откупните цени на голем број земјоделски производи. Имаме раст на цената кај лубеницата од 89,1 отсто, а споредено со 2015 година, за 116 отсто. Откупната цена на белото грозје во 2016 година била 30 денари за килограм, а оваа година 50 денари, значи раст од 67 отсто.

Кај сливите, откупната цена е зголемена за 18,8 отсто или за 23 отсто споредено со јули 2016 година.

Раст на откупните цени се забележува и кај зеленчукиот и тоа кај краставицата бележи пораст за 145,8 отсто, а споредено со 2013 година за 240 отсто.

За 85,5 отсто е зголемена откупната цена на доматот или за 143 отсто споредено со јули 2015 година,а за 31 отсто расте откупната цена на пиперката и оризот за 8,7 отсто.

Оваа година пченицата се откупува за 10,4 денари, за разлика од 2016 година кога била 8,48 денари за килограм, што е пораст од 23 отсто.

Денес, немаме интервентни мерки како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ ,затоа што денес се следи реалната состојбата во земјоделството.

Владата предводена од СДСМ посветува големо внимание на земјоделството бидејќи тоа е еден од носечките столбови на македонската економија, затоа се става посебен акцент на развојните мерки и проекти, но и нови инвестиции кои ќе придонесат кон забрзан раст на оваа стратешка економска гранка“ се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија4 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ4 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија4 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет5 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија5 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа5 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет6 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија17 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет18 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет19 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија19 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет19 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт22 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Досие