Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Додека Заев е премиер, неговите компании прават годишен обрт од 56 милиони евра

Објавено пред

Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Бизнис во Струмица велат не е можен, а можеби и во цела Македонија, ако фирмите на Заеви во тоа немаат интерес“, порача Стоилковски кој кажа дека сега се турка закон со кој што најголема заработка ќе има нарко- бизнисот, односно, како што рече, плантажите на Заеви за марихуана.

Според портпаролот на опозициската партија, компаниите на Заеви, триесетина на број, прават годишен обрт од 56 милиони евра во време кога Заев е премиер.

„Заев е должен да објасни колкава е разликата во обртот на бизнисите, обртот на пари сега и пред да стане премиер? Колкукратно е зголемен обртот на пари? Заев мора да објасни колку од семејните фирми, но и фирмите кои соработуваат со нив, добивале државна помош и колку изнесува таа помош? Колку тендери добиле и на колку тендери учествувале фирмите соработнички на заевите компании“, јавно запраша Стоилковски и додаде дека актуелниот премиер е пример за можна корупција, за политичко влијание и за моќ во бизнис релациите.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека сите политичари кои вршат јавни функции, мора суштински да се оттргнат од компаниите каде се или биле дел, бидејќи во спротивно отвораат оправдана перцепција за корупција и насочување на државната економија кон лични цели.

Соопштенија

Мицкоски домаќин на грчкиот амбасадор: По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе создаде силна економија

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средби со грчкиот и кинескиот амбасадор во земјава, Димитрис Јанакис, односно Жанг Зуо.

Како што информираат од опозициската партија, теми на двете средби биле актуелните политички случувања во земјава, предвремените парламентарни избори кои претстојат и предизвиците со кои Македонија се соочува на меѓународен план.

Мицкоски потенцирал дека клучна стратешка определба на Република Македонија останува членството во Европската Унија и во НАТО.

„Токму затоа веднаш по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на значајните реформи, но и создавање на силна економија со која државата и граѓаните ќе може да ги достигнат европските стандарди“, посочил партискиот лидер.

Како што истакнал тој, актуелната власт предводена од СДСМ потфрлила на исполнување на клучните реформи и ги посочил заробеното судство, криминалот и високата корупција.

Мицкоски нагласил дека во земјата неопходно е итно враќање на владеење на правото и дека мора конечно да се расчисти со криминалот и корупцијата кои, како што рекол, го достигнале зенитот откако е СДСМ на власт.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари

Објавено пред

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои членуваат во Комисијата за труд и социјална политика, вчера одбија да дискутираат за измени на законот кои предвидуваат зголемување на опфатот на стечајци што ќе бидат обесштетени од државата. Истовремено, по завршување на дискусијата за Законот за минималната плата, одбија да го стават предлогот на гласање за тој да продолжи во понатамошна расправа“, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ, научена на земање од граѓаните, уште еднаш покажа дека е против ново зголемување на минималната плата, овој пат на 14.500 денари.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не може да се помират со тоа што парите веќе не завршуваат во белиот дворец и затоа се против секоја мерка што носи пари кај граѓаните. Ништо ново од ВМРО- ДПМНЕ, опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица на Груевски. 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорира стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прави тоа и како опозиција.

Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се зголеми опфатот на стечјани работници што ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда. Деструкција, грабање на парите на граѓаните и блокирање на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Граѓаните, јавноста, го ценат таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, на 12 април одново ќе ја поразат нивната антидржавна и деструктивна матрица. Граѓаните на 12 април ќе му дадат поддршка на концептот што носи повеќе пари во семејствата и ќе потврдат дека државата е на прав пат“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Шекеринска: Наместо на споменици, ние покажавме дека парите можат да се инвестираат во патишта, градинки, училишта

Објавено пред

Додека ВМРО-ДПМНЕ велеше дека сите пари мора да одат на споменици и статуи, ние покажавме дека парите можат подобро да се инвестираат, во патишта, градинки, училишта, рече вечерва заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во Свети Николе.

„За само 2.5 години изградивме и обновивме над 500 километри патишта, изградивме или реконструиравме над 43 нови градинки. Затоа што ние сме фокусирани на вистинските приоритетите. Над 300 милиони евра се влезени од државата во земјоделието, кои не треба да ги гледаме како трошок, туку како шанса граѓаните да добијат повеќе, да инвестираат и да добијат поквалитетно и подобро производство. Тоа е прав пат“, истакна Шекеринска.

Таа кажа дека цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ била против парите да завршуваат назад кај граѓаните.

„И денес во Собранието тие се под истата деструктивна матрица, тие не гласаат за законите за покачувањето на минималната палата“, рече заменик-претседателката на СДСМ.

Зборувајќи во салата на Домот на културата Шекеринска рече дека за само 2.5 години СДСМ ја покачи минимлната плата за 5.500 денари, а просечната плата за над 2.000 денари.

„За само 2.5 години ние ја покачувме минималната плата за 5.500 денари. За една година, тоа се повеќе од 60 илјади денари за еден работник само поради тоа што се покачила минималната плата. Просечната плата ја зголемивме за 2 илјади денари, тоа се дополнително 24 илјади повеќе кај граѓаните. Е тие закони ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги блокира. Не дозволуваа 11 години да се обезбеди пораст на платите, сега повторно се трудат да блокираат. 11 години велеа дека стечајците не може да се решат еве ние ги решивме, успеавме за само 1.5 година. Не може една партија да го бара вашиот глас ако се бори против најзагрозените граѓани, ако е против покачување на платите и против стечајците“, рече Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион6 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион9 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа9 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија12 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија13 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија13 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија15 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ17 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија17 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија17 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион17 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија19 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет19 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион19 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија1 ден

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет1 ден

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија2 дена

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Досие