Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Останува запишано дека 81 човек во парламентот го променија името

Објавено пред

Само Владата за една намена, заглавена во криминогени дејствувања, може да се радува на промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија, македонскиот  идентитет, македонската историја, посебноста на својот народ, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само Влада што има сериозни хипотеки може да посегне и да го згази достоинството на народот, на пратениците, на Собранието, на судскиот и обвинителскиот систем, само и само да ја исполни својата единствена цел на своето постоење – промена на Уставот со цел промена на уставното име на Македонија. И потоа да се фали со тоа. Само Зоран Заев и неговите однародени ликови во власта може да се гордеат со лагите, и со бруталноста и со теророт врз волјата на народот, врз јасно изразената волја на граѓаните на референдумот од 8 септември 1991 година и потврден на 30 септември 2018 година“, рече Стоилковски.

Останува запишано, додаде тој, дека 81 човек во парламентот ги променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава.

„ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го поддржаа овој договор. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сè што е во негова моќ да се исправи неправдата во иднина“, рече Стоилковски.

 

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги пушта низ вода сите, само за да се амнестира себеси

Објавено пред

Заев е очаен и заглавен во криминал, искусните кадри го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа оние со кои ја креираше коалицијата за криминал и мафија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ.

„Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција. И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека со ваквите одлуки Заев покажал дека нема намера да ја реформира СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, премиерот се обидува да се дистанцира од актуелните случувања, иако, како што велат, тој е главата на криминалниот октопод.

„Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот ‘Рекет’, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод“, порачуваат од опозициската партија, од каде велат дека СДСМ го трча последниот круг на власт.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ги напушта седниците на советот на општина Аеродром

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изјавија дека нема да учествуваат во работата на советот на општина Аеродром сè додека претседателот на општинскиот комитет на опозициската партија, Дејан Митевски, е во притвор во затворот Шутка.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром сè додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка“, изјави денска Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

Тој нагласи дека Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници.

„Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски, е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев“, посочи Антовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Борбата против климатските промени да стане врвен приоритет, бара младинската организација на ДОМ

Објавено пред

Младинската организација на зелената партија ДОМ (МОДОМ) се приклучува на протестот организиран од Fridays for future („Петоци за иднината“) во борбата против климатските промени.

Од таму информираат дека се свесни за катастрофалните последици од климатските промени и бараат надлежните интституции да преземат итни мерки за справување со климатската криза.

„Апелираме преку користење на обновливите извори на енергија, исфрлање од употреба на фосилните горива, подобрување на јавниот транспорт и органското производство на храна, итната борба против климатските промени да почне веднаш“, повикуваат од МОДОМ.

Од таму апелираат до Советот на Град Скопје да ги поддржи барањата поднесени од иницијативата Fridays for future и активно да се вклучи во светската борба за заштита на планетата.

Воедно, ги повикуваат и сите млади на 20 септември да се приклучат на маршот против климатските промени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија6 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Свет7 часа

Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите

Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја...

Европа9 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ13 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ14 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија15 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија16 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија16 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет17 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија17 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа18 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија1 ден

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион1 ден

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија1 ден

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија1 ден

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија1 ден

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија1 ден

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Досие