Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: „Рекет 3“ е случај на рекетирање на компанија и нејзино туркање во стечај

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска зборуваше за аферата наречена „Рекет 3“, која, како што рече тој, е надоврзување на „Рекет 1“ и „Рекет 2“ и излегува во јавноста на три месеци пред избори.

Според Стоилковски, по оваа афера, јасно е зошто Штип останал без болница, односно дека поради лукративни цели и незаконски постапувања болницата уште не е доградена.

„’Рекет 3′ е случај на рекетирање домашна компанија и нејзино туркање во стечај заради нејзино преземање понатаму. ‘Рекет 3’ е случај на вмешаност на министер во рекетирање и непостапување по банкарската гаранција на штета на буџетот иако договорот не е почитуван. ‘Рекет 3’ е случај на ново барање 7 милиони евра од буџетот за истата компанија која должи пари и веќе две години доцни со градбата“, посочи партискиот портпарол.

Додаде дека Оливер Спасовски, Зоран Заев и, пред сè, Венко Филипче мора да објаснат зошто не е активирана банкарската гаранција.

„Која фирма ќе биде нов подизведувач и дали навистина таа е блиска до власта? Дали градежните работи и градежните фирми на штипската болница ги координира човек од семејството на поранешен премиер? Оливер Спасовски мора да одговори дали планира да му одобри на Венко Филипче нови 7 милиони евра за проект поврзан со аферата ‘Рекет 3’“, порача Стоилковски и додаде дека однесувањето на власта е срамно, а однесувањето на Обвинителството за организиран криминал во целата ситуација уште посрамно.

Соопштенија

Трипуновски: СДСМ на криминален начин сака да подели илјадници хектари државно земјоделско земјиште

Објавено пред

Трајан Димковски и СДСМ на криминален начин сакаат да им поделат илјадници хектари државно земјоделско земјиште на свои партиски војници непосредно пред изборите, обвини Цветан Трипуновски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Вкупно два огласа и четири јавни повици за распределба на државно земјоделско земјиште се распишани во последниот еден и пол месец, со кои спротивно на законот и подзаконските акти се предвидува можност за расцепување на земјоделските парцели помеѓу повеќе лица. Димковски постапува во спротивност на неколку закони кои ги регулираат земјоделското земјиште и Правилникот за избор на најповолен понудувач“, рече тој.

Со постапките за доделување земјоделско земјиште, рече Трипуновски, Димковски го крши чл. 3, ст. 6 од Правилникот, според кој е предвидено дека не може да се дели, односно цепи, една катастарска парцела. Со цел да го покрие криминалот, рече тој, Димковски врши измена на Правилникот на 22 јануари, последен ден од завршување на постапките.

„Истовремено, свесен дека не може да го примени ретроактивно Правилникот, по брза постапка на три дена пред распуштањето на Собранието преку група пратеници предлага и измени во законот, со кој признава дека постапките му се почнати спротивно на законските норми и противуставно бара измената на Законот за земјоделското земиште да важи ретроактивно. Обидот шверцерски да се протуркаат измените во Законот за земјоделското земјиште не успеаја. Иако свесен за незаконското постапување, Димковски продолжува да ги криши законите, моментно тој дели земјиште по однос на 2 огласа, што само по себе повлекува одговорност и за него лично, но и за комисиите“, рече Трипуновски.

Тој го повика Димковски и членовите во комисиите за доделување земјоделско земјиште да го почитуваат законот и да ја преиспитаат законитоста на спроведените постапките, особено по однос на четирите јавни повици.

„Дополнително, го повикувам Трајан Димковски да им објасни на повеќе од 1.600 земјоделци, кои потрошија време и пари за изработка на елаборати и собирање друга документација, дека поради негов пропуст и незнаење, ќе останат и без пари и без земјиште. Димковски и членовите на комисиите да не се дрзнуваат да влегуваат во криминал и да ги кршат законите, тие треба да знаат дека секое незаконие ќе биде санкционирано по 12 април“, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Николовски: Со маршот „Чекориме за правда“ ќе испратиме порака дека следува прочистување на правосудството

Објавено пред

Со маршот „Чекориме за правда“ ќе испратиме порака дека следува прочистување на правосудството, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Им честитам на пратениците што го поддржаа законот за Јавното обвинителство. Огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики. Нема веќе простор за криминални структури и за политичари што поддржуваат криминални интереси. Тие што се охрабрија да го кочат напредокот на државата – изгубија. Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили, кои и мислат добро на сопствената земја“, рече Николовски.

Тој ги повика граѓаните да му се приклучат на маршот „Чекориме за правда“, кој ќе се одржи денеска од 18 часот.

„Тргнуваме од Собранието и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака. Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да го порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас, од граѓаните“, рече Николовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не им пречи уставното име, туку прогресот кон НАТО и ЕУ

Објавено пред

Лажниот патриотизам и лицемерството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието пратениците на опозициската партија не гласаа за законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО, соопшти СДСМ.

„Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за законот за служба во АРМ, каде што стои Северна Македонија, а го проблематизираат законот за одбрана, кој е исклучително важен за НАТО-интеграцијата.

На лицемерството на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ му нема крај. Самите потврдија дека не им пречи уставното име Република Северна Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.

Со ова паѓаат во вода сите лажни тврдења и манипулации на извршителот Христијан Мицкоски дека со гласање за законот за одбрана се гласа за промена на името на Армијата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните, освен лажен патриотизам, блокади и деструкции и затоа на 12 април нивните политики на уназадување и изолација уште еднаш ќе бидат поразени.

Република Северна Македонија чекори кон НАТО и ЕУ и враќање назад нема. Граѓаните заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава и затоа ќе ги поддржат политиките на СДСМ, кои отсекогаш биле насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Регион27 минути

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија2 часа

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија6 часа

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ6 часа

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија7 часа

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија7 часа

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија8 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија9 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет11 час

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ11 час

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет12 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет12 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет13 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија1 ден

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија1 ден

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија1 ден

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија1 ден

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Досие