Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Скандалозни семејни вработувања на раководни позиции во Штип

Објавено пред

Владините министри донесоа зараза од нов непотизам во Република Македонија, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение тој презентираше, како што кажа, низа скандалозни семејни вработувања на раководни позиции во Штип.

„Љупчо Трајковски е началник на СВР Штип. Неговата сопруга, Снежана Трајковска, е директорка на Здравствениот дом во Штип. Брачниот пар Трајковски во Штип се познати како брат и снаа на Трајковски, човекот кого во Штип го сметаат за одговорен за пропаста на гигантот ‘Македонка-Штип’ со над 6.000 вработени. Тони Атанасов е командир на противпожарната единица во Штип, а неговата сопруга Софка Атанасова е директорка на детска градинка во Штип. Јане Миланов е претседател на општина Штип, а неговата сопруга Љубица Миланова е поставена за главна сестра во штипската болница. Внуката, пак, на претседателот на општината, Милкица Санева, е шеф на кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски“, обелодени партискиот портпарол и нагласи дека квалитетните луѓе не можат да добијат шанса за вработување од децата и роднините на функционерите на власт.

„За 3 дена и 10 часа Заев заминува, а на 12 април ќе замине и сета оваа непотистичка мрежа“, порача Стоилковски.

Соопштенија

Подмладокот на ДОМ бара да се постават јавни тоалети за лицата со попреченост

Објавено пред

Младинската организација на ДОМ, МОДОМ, апелира до општините и локалните власти за потребата од поставување  јавни тоалети за лицата со попреченост низ целата држава.

„Лицата со попреченост се соочуваат со вистински проблеми во секојдневното функционирање, без соодветна инфраструктура и опрема. МОДОМ алармира дека лицата со попреченост имаат ограничен пристап до институции, училишта и јавни установи“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека градење инклузивно општество подразбира и приспособување на општествената средина според потребите на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи се оние што го оставија Заводот во Демир Капија да пропаѓа

Објавено пред

Единствено, поради негрижата од единаесетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и комплетното игнорирање на оваа категорија лица, во изминативе две и пол години силно го интензивиравме процесот на деинституционализација. Од вкупно 482 корисници, кои беа сместени и заборавени во шесте резиденцијални социјални институции во земјата, денеска во институциите живеат 267 лица, што претставува намалување повеќе од 44 отсто, соопшти СДСМ.

„Техничката министерка Мизрахи самата потврди во каква катастрофална состојба нејзината партија го остави Специјалниот завод ‘Демир Капија’ велејќи: „На почетокот на владеењето на СДСМ оваа установа имала 227 корисници со 41 негувател. Тоа значи еден негувател секој ден се грижел за 6 корисници“. За да ѝ биде на јавноста појасно, со деинституционализацијата фокусот го ставивме на децата под 18-годишна возраст.

На почетокот на мандатот институциите згрижуваа 180 деца, а денес нема ниедно дете во институциите. Сите деца живеат во заедницата – во згрижувачки семејства или во мали групни домови, во средина најблиска на семејната. Кога на почетокот на мандатот тогашната министерка Царовска најави дека во земјата нема да има деца во институциите до крајот на 2020 година, многумина велеа дека тоа е невозможна мисија. Невозможната мисија ја остваривме една година пред рокот! Конкретно, за Специјалниот завод „Демир Капија“, денеска во Заводот се сместени 189 лица за кои се грижат 40 негуватели. Денес еден негувател се грижи за четири лица, а не за шест – состојба што ја затекнавме на почетокот од мандатот.

21 поранешен корисник на Специјалниот завод „Демир Капија“ се сместени во пет групни дома, а за нив се грижат 22 негуватели и две стручни лица. Со досегашното спроведување на деинституционализацијата развивме модел на интензивна и индивидуализирана грижа за корисниците, токму како што посакува техничката министерка Мизрахи – еден негувател на еден корисник. Заради создавање похумани услови за корисниците за периодот додека не се преместат да живеат во локалните заедници, во ноември минатата година почнавме реконструкција, односно санација на сите објекти каде што моментно има сместени корисници, и тоа во вредност од 10,5 милиони денари. Тоа е она што го остави зад себе како владеење ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри, кои сега се околу новата техничка министерка како едни од главните советници.

„Дали тие ќе ја советуваат техничката министерка повторно да биде заборавен и уназаден системот на социјлана заштита доколку ВМРО-ДПМНЕ некогаш дојде на власт“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Местењето тендери е специјалност на оние во белиот дворец

Објавено пред

„Нема крај на лагите што се пласираат од белиот дворец, кои се резултат на очајноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ денес изнесе тенденциозни невистини и лажни вести, кои немаат врска со реалноста, а преку кои се обидува да ја манипулира јавноста во врска со јавната набавка за снабдување со електрична енергија на Министерството за одбрана“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на огласот се пријавиле четири фирми, кои учествувале на електронска аукција, во која значително е намалена цената.

„Од првичните понуди, кои изнесуваа меѓу 95 и 116 милиони денари, конкуренцијата ја намали цената на 77,7 милиони денари и му обезбеди заштеда на Министерството за одбрана од речиси 18 милиони денари. Според јавно објавените информации од Министерството, најниска цена понудила компанијата ЕДС, компанија во која одамна сопственик не е Кочо Анѓушев и тоа лесно може да се провери во Централен регистар. Вистина е дека ВМРО-ДПМНЕ нема идеја ниту програма и се обидува со ширење тенденциозни лаги да собере политички поени. Но, граѓаните знаат дека местењето тендери е специјалност на оние во белиот дворец и затоа и по 12 април, ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Македонија5 часа

Вооружените крадци од НЛБ банка украле 8.700 евра

Вооружените крадци што утринава влегоа во експозитура на НЛБ банка во Ѓорче Петров украле 8.700 евра, соопштија од банката. Од...

Топ6 часа

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија8 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија8 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата9 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Регион13 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ13 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет13 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија14 часа

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија14 часа

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет15 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион16 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет16 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет16 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион16 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет1 ден

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија1 ден

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа1 ден

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ2 дена

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Досие