Контакт

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Јавните здравствени институции се задолжуваат како никогаш досега

Објавено пред

Задолжувањата на државата станаа секојдневие, а тројката Заев, Филипче, Дончев се синоним за расипништвото и за криминалот во здравството. Јавните здравствени институции деновиве се задолжуваат како никогаш досега на примарно, на секундарно до терциерно ниво, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Сето ова, додаде тој, го прават на крајот на годината кога треба да се реализирани плановите за јавни набавки.

„Или можеби не успеале да испланираат добро? Ова го прават и во период кога, според политичкиот договор, на 3 јануари Заев си оди од премиерската фотелја, почнува техничката влада, почнува период кога на 12 април треба да има избори. Оттука, министерот за здравство, Венко Филипче, треба да даде одговор на прашањето дали е запознаен со овие јавни набавки? Понатаму, зошто сега и што сè се набавува, освен нели она што е неопходно за пациентите да добијат соодветна услуга? Трето, дали ова е само план како парите да завршат во џебовите на блиските на СДСМ?“, праша Стоилковски.

Според него, тенденцијата на задолжувања во јавните здравствени институции е факт.

Тој обвини дека Зоран Заев и Венко Филипче, освен спорните набавки, деновиве биле ангажирани и во, како што рече, незаконска трансформација на работниот однос на лица ангажирани во Министерството за здравство.

„ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува сите раководители во здравството дека за сите незаконски дејства што ќе се преземат и што ќе бидат направени во претстојниот предизборен период одговорност ќе има и одговорност ќе се сноси. Сите постапки ќе бидат разгледани и ќе се преземат мерки против сите оние на кои партиските наредби од Заев и Венко Филипче им биле поважни од законите на Република Македонија“, рече Стоилковски.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува опасно по јавното здравје

Објавено пред

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во време кога расте бројот на инфицирани со коронавирусот, а болниците се полнат, продолжува да ја злоупотребува сериозна здравствена ситуација за дневно-политички поени.Од почетокот на коронакризата во земјата, од безидејното ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики“, соопшти СДСМ.

Според партијата, во деструктивноста предничи тоа што заменичката министерка за финансии во техничката влада цело лето, го кочеше заемот од Светска Банка од 90 милиони, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран.

„Цела есен, во време на сериозен бран на коронавирусот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ организира масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот.Колку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им е битно здравјето на граѓаните говори фактот што бараа предвремените избори да се одржат есенва, колку навистина се загрижени за коронавирусот, говори фактот што во Собранието ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кои се потребни за зголемување на превенцијата од коронавирусот.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго освен деструкција и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните. Затоа уште долго ќе останат во опозиција“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потфрли – секој трет тестиран во Македонија вчера имал Ковид

Објавено пред

„1/3 од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на Ковид. Тоа значи дека секој трет тестиран имал Ковид. Филипче целосно потфрли“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче.

„Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.Есенскиот бран на Ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема.Лошиот менаџмент со системот допринесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично.Се што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните.Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се Филипче виновнк граѓаните. Преземи одговорност и дај си оставка веднаш“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Левица бара оставка од Филипче: „Неговата стратегија е вината да ја префрла на народот“

Објавено пред

Најновите статистички извештаи на веб-сајтот „Ворлдометерс“ според кои Македонија е прва во светски рамки по број на починати во 24 часа на милион жители, уште еднаш ја покажува алармантно лошата кондиција на нашиот здравствен систем, велат од политичката партија Левица.

Од таму како голем проблем ја посочуваат и, како што велат, неодговорноста на министерот за здравство, Венко Филипче, кој на почетокот на пандемијата рекол дека се очекува пикот на заразени  да достигне до 2.000, а до вчера во земјава  вкупно се детектирани 26.954 случаи на инфекција.

„Денеска Филипче изјави дека над 85% од досега починатите (919) од Ковид-19 имале други хронични болести. Погрешните одлуки на Владата се согледуваат во тоа што хронично болните лица, иако се загрозена категорија, повторно беа вратени на работните места – додека Владата се обидува да протне онлајн седници на Собранието“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека министерство на чело со Филипче треба да престане со стратегијата на префрлање вина на „непослушниот“ народ.

„Арогантниот однос на Филипче кон народот не застанува со обвинувањата за ширењето на вирусот. Тестовите кои се прават на државна сметка се многу помалку отколку оние во приватните клиники. Според објавените информации во јавноста, завчера за едно деноноќие се направени само 776 на државна сметка, а останатите 1.125 во приватните клиники, за кои пациентите платиле вкупно 75 илјади евра. Освен ова, огромни се сумите со кои полицијата ги казнува оние кои ќе ги фати без маска, во автомобил или онаму каде што е пропишано да се носи, додека, пак, кафичите во сопственост на блиски личности до власта не се санкционираат, иако ги прекршуваат правилата“, посочуваат од Левица од каде што бараат Венко Филипче да си поднесе оставка и следниот министер сериозно да ја преземе работата за справување со оваа криза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Фронт 21/42: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

Фронт 21/42 се приклучува кон Манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија24 минути

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката...

Македонија1 час

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион1 час

Вирусот влезе во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус се појави на снимен во Хрватска на Одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во...

Регион2 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет2 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божиќни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица, далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет2 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа3 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија11 час

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет14 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа15 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија16 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија21 час

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија21 час

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа21 час

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет21 час

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет22 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ23 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија23 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Досие