Контакт

Соопштенија

(Видео) Стојаноска: Катица Јанева сама закажува рочишта и ги диктира процесите

Објавено пред

Зоран Заев е исплашен од храброста и решителноста на македонскиот народ кој не потклекна на сите притисоци и манипулации и на референдумот покажа дека по ниедна цена нема да поддржи антидржавни политики со кои се брише името Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече Стојаноска, Заев е во паника затоа што не поминала неговата капитулација и граѓаните го осудиле обидот да добие амнестија за сопствените криминали преку штетниот договор со кој се прифатени грчките црвени линии.

„Заев тргна со реализација на планот Б, а тоа е игнорирање и газење на волјата на сопствениот народ. Заев тргна со обид да ја заплаши опозицијата преку нарачан политички прогон и злоупотреба на институциите. Заев е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ било со народот и дека секогаш ќе стои на браникот на државните и национални интереси и затоа сега бара помош од неговите послушници во СЈО“, нагласи Стојаноска и оцени дека вчерашниот настап на СЈО е уште една потврда дека Македонија не е веќе правна држава.

Според претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катица Јанева си чита имиња и сама ги суди.

„Катица Јанева сама закажува рочишта, ги диктира процесите и ги прозива судиите што не и се по волја. Зоран Заев ги нарачува предметите и кажува која мерка и која пресуда е преостра или преблага. Вака функционира партиско – политичкиот прогон со кој што треба да се скрши македонскиот отпор. Вакво силување на правото и правдата во моментов нема во ниту една демократска земја“, рече Стојаноска и порача дека Македонија ќе ги издржи сите злодела на криминалниот картел на власт, но дека на крајот граѓаните ќе победат, а за се што се прави одговорност ќе понесат Заев и, како што кажа, неговите послушници.

Соопштенија

СДСМ: Владата отвора фронт против корупцијата, следува ред, правда и дисциплина

Објавено пред

Новата ефикасна и одговорна Влада преводена од СДСМ отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата, цврсто одлучна да обезбеди редот и законот да важат за сите и секаде еднакво. Во новата програма на Владата поставени се јасни столбови во борбата против корупцијата, преку воспоставување прецизни и соодветни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни фактори, соопшти СДСМ.

Според партијата, транспарентноста и отвореноста се врвен приоритет, а тие ќе бидат спроведени од највисоко до најниско ниво.

„Ќе се работи на развивање системска алатка и концепт за следење на парите и капиталот на функционерите за да може да се превенира незаконско зголемување на имотот на функционерите за време на вршење на јавната должноста и на сервис и одговорност кон граѓаните. Се работи на ревидирање на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, а главната максима во неговата имплементација е нулта толеранција за корупција, нулта толеранција за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да сноси одговорност.

Сите надлежни институции, како што се МВР, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, УЈП, инспекторатите и целата извршна моќ и институциите што имаат надлежност и се платени од граѓаните да се борат против криминалот и корупцијата, редовно ќе се координираат и ќе се премостат сите пречки во нивната меѓусебната комуникација. Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, чесни, одговорни и искрени кадри, на што во следните четири години Владата ќе посвети сериозно внимание. Владата предводена од СДСМ е цврсто решена да обезбеди ред, правда и дисциплина и силни, ефикасни и професионални институции и тоа ќе го стори во новиот четиригодишен мандат“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Панама пере пари, а Обвинителството спие

Објавено пред

„Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти-ЕУ бизнисменот Дака, а Обвинителството спие. Згора на тоа, Маричиќ, кој треба да се бори против тој криминал, вели дека не слушнал за скандалот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, инвестицијата на Дака е панамска шема за перење пари во Македонија одобрена од Заев со кого Дака имал средба како што слушнавме од снимката што ја објавија медиумите по што дал и 300.000 евра и 2.000 квадратни метри поткуп за да му се заврши работа. Но, и ветување дека кога ќе се заврши работата, ќе даде уште 4 милиони евра.

„Фирмата на која гласи земјиштето на ‘ШИК Јелак, на кое е предвидена изградба на над 2.000 стана и илјадници квадратни метри трговски и деловни објекти, е формирана во Панама – ‘Адастра груп корп’, Дака Давидовиќ е нејзин сопственик, а таа во Македонија го купила ‘ШИК Јелак’ со обврска да ја рестартира фабриката, што не се случи затоа што Заев има друга бизнис-шема. Еден ден по формирањето на Владата, работата му е завршена. Донесена е измена на ДУП, со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла среде Тетово. На простор на објект што тој го зел со намена да го рестартира како производствен капацитет.

Заев и Владата прават измама и на Дака му дозволуваат да гради згради на место што требало да биде фабрика. Место што доколку првично се продавало како парцела за станбени згради, ќе посигнело многу повисока цена од цената што ја платил Дака. А со тоа е оштетен буџетот на Македонија“, се вели во соопштението.

„Целиот процес е крајно сомнителен. ЈО мора веднаш да отвори постапка и да утврди: каде завршиле 300.000 евра и 2.000 квадратни метри што Дака во снимката вели дека ги дал? Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито? Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште, на кое сега ќе гради згради? ЈО мора да реагира. Криминалот не смее да остане неказнет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Уште во првите 100 дена од мандатот ќе се донесе модел за прочистување на судството

Објавено пред

„Ред, правда и дисциплина, градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото, се врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ во новиот мандат. Уште во првите 100 дена од мандатот ќе биде подготвен модел за прочистување на судството, кое, меѓу другото, подразбира и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата“, соопшти СДСМ.

Истовремено, Судскиот совет, во согласност со новите закони, треба да направи детаљна проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети што беа доведени до застареност со одлагање. На почетокот на следната година, најдоцна напролет, се очекува да зпочне и ЕУ-мониторингот на судските случаи од висок профил, на 50-ина предмети годишно. Во овој процес ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ како спроведувачи.

„Следува и ревизија по случаен избор на 5 % од предметите од висок профил на случаи што застареле за да се увидат причините за нивното застарување. Министерството за правда и Владата ќе подготват и нов модел за спречување на злоупотребите на системот на судии поротници преку промена на начинот на избор, одредби за конфликт на интереси, зајакнување на одговорноста на поротниците и посебни процедури за гласање при донесување одлуки.

За поефикасна и посилна борба против криминалот и корупцијата, следува и кадровско зајакнување на судовите и обвинителствата преку зголемување на бројот на стручни соработници. СДСМ останува посветена на градење силна и ефикасна правна држава, доаѓа време на ред, правда и дисциплина на сите нивоа“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Трамп го нарече докторот збунет, тој му одговори: маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината за коронавирус е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет1 час

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет2 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да започне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Свет13 часа

Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“. Брејвик...

Свет14 часа

Границите на Унгарија остануваат затворени

Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето...

Свет15 часа

(Видео) Полицаец во САД застрелан од автомобил – пред два дена беа застрелани и други двајца

Американски сојузен полицаец е застрелан пред судницата во Феникс, Аризона, во напад од автомобил, пренесуваат американските медиуми. Офицерот го преживеал...

Македонија17 часа

Нови 163 заболени и седум починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија19 часа

(Видео) Заев на средба со грчката претседателка: Подготвени сме за интензивирање на соработката во согласност со договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Грција, денеска оствари средба со претседателката на Република Грција, Катерина...

Македонија20 часа

Обвинителството ќе го проверува предизборното рекламирање на политичките партии

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за проверка на фирми што во...

Македонија22 часа

Турканици во ЈСП, ги снема налепниците за заштита од Ковид-19

Автобусите на ЈСП утрово се преполни. Патниците не само што не седат преку едно столче туку едвај наоѓаат место и...

Македонија23 часа

МОН ги повикува учениците да смислат име и лого за Националната платформа за онлајн-учење

Министерството за образование и наука објави јавен повик за избор на идејно решение за лого, насловна фотографија и официјален назив...

Македонија23 часа

(Видео) Апасиев: Му се закануваат на моето семејство

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и за неговото семејство по пишувањето на фејсбук-статусите за...

Регион24 часа

По две недели од почетокот на наставата во Србија, 52 ученици заболеле од Ковид-19

Во првите две недели од почетокот на наставата во основните и средните училишта во Србијам вкупно 52 ученици и 20...

Европа1 ден

(Видео) Голем пожар во италијанско пристаниште, изгореа неколку складишта

Голем пожар избувна синоќа во близина на пристаништето Анкона, италијански град на јадранскиот брег. Огромен чад и оган можеле да...

Свет1 ден

СЗО: Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот

Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот поради порастот на бројот на заболени, почетокот на школската година и пристигнувањето...

Македонија1 ден

Лабораторијата за вирусологија успешно го помина надворешниот тест на компетентност за детекција на САРС-Ков-2

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на...

Свет1 ден

Светската трговска организaција одлучи дека се незаконски американските царини за кинеските производи

Светската трговска организација (СТО) донесе одлука дека се незаконски американските царини за кинеските производи во вредност од над 200 милијарди...

Свет1 ден

Во Колумбија убиени 63 припадници на ЛГБТИ-заедницата

Во првите осум месеци од годинава 63 припадници на ЛГБТИ-заедницата се убиени во Колумбија, соопшти Канцеларијата на државниот заштитник на...

Македонија1 ден

Заев на средба со Мицотакис во Атина

Премиерот Зоран Заев, кој престојува во дводневна работна посета на Грција со владината делегација, денеска ќе разговара со премиерот Киријакос...

Свет2 дена

Белорусија почна процедура за тестирање на руската вакцина

Белорусија почна прелиминарни процедури за клинички испитувања на руската вакцина против коронавирус, изјави министерот за здравство Дмитриј Пиневич. Тој кажал...

Досие