Контакт

Соопштенија

(Видео) Стојаноска: Коронавирусот повторно ни чука на врата

Објавено пред

Власта не може да ја држи ситуацијата под контрола. Коронавирусот повторно ни чука на врата. Во текот на вчерашниот ден забележан е раст на бројот на заразени и од 145 тестирани, имаме 22 новозаболени, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа обвини дека Владата не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните. Според неа, мерките на Владата не дале резултат, целото општество претрпело загуби, а заразени сè уште има и бројот пак расте.

„Несериозноста и неспособноста на власта е една од главните причини за лошата ситуација во која се наоѓаме. Секој петти заболен од корона е медицинско лице, тие немаат никаква заштита, сами си купуваат и маски, и ракавици и дезинфициенси. Иста е сиуацијата и со другите вработени во јавниот сектор, кои сами си купуваат заштитна опрема. Владата целосно потфрли. Големиот број заболен медицински персонал е доказ дека не се запазени безбедносните протоколи и дека за власта не ѝ е битно здравјето ниту на граѓаните ниту на медицинските лица“, рече Стојаноска.

Неспособноста на власта, додаде таа, се гледа и од податокот што како држава имаме смртност на милион жители повеќе од Грција, Бугарија и Албанија заедно, а бројот на тестирани ни е најмал во Југоисточна Европа.

„Во текот на вчерашниот ден излегоа со став и лекарите епидемиолози, кои се децидни дека за масовни собири од типот избори, единствено се можни само кога 28 дена по ред ќе немаме ниту еден нов случај. Изглед за намалување немаме. Само во текот на вчерашниот ден заболени се 14,5 отсто од вкупниот број тестирани, што очигледно е и една од причините поради кои Филипче не тестира, а доколку тестира, бројот на заболени ќе биде многу поголем, па затоа СДСМ ќе нема аргументи да бара избори во ек на коронавирусот и да го ризикува здравјето на граѓаните. Ситуацијата во која се наоѓаме не е воопшто безопасна. Потребна е итна стратегија. Здравјето на граѓаните не смее да се става во опасност“, рече Стојаноска.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ бара казна и извинување од Рашковски

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за, како што велат од партијата, демонстрираното беззаконие.

„Власта неколку дена молчи за неодговорното однесување на Рашковски. Дали Рашковски е над законот и поради тоа не е казнет за непочитување на мерките и законите? Генералниот секретар на владата Драги Рашковски пред неколку дена е фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека за ваквото беззаконие институциите се уште молчат.

„Граѓаните прашуваат зошто за Рашковски не важат законите кои за нив важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот?
ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие. Уште еднаш се докажа дека со Заев и СДСМ Македонија доби единствено хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски призна дека со помош на Чулев вршел притисок врз вработени за истрага што се води против него

Објавено пред

Без срам Христијан Мицкоски призна дека праќал пораки и телефонски се слушал со вработени во МВР кои воделе истрага во која самиот тој е предмет, велат од СДСМ. Ова, додаваат од партијата, според сопствено признание, Мицкоски го сторил со директна помош од техничкиот министер Наќе Чулев.

„По кој закон и по кој правилник Чулев му дал на Мицкоски телефонски број од помошник министер во МВР за тој да врши притисоци за истрага која се води за него? Дали Чулев на сите лица против кои се водат истраги им дава телефонски броеви од лица од МВР кои ги водат истрагите, наместо да го штити нивниот професионален интегритет“, прашуваат од СДСМ.

На овој начин, велат од партијата, Мицкоски и Чулев ги прекршиле законите, затоа што на секој граѓанин, па дури и претпоставено лице во институција забрането му е да му се јавува на службено лице кое врши истрага и да се интересира за неговиот случај.

„Ова е класично однесување по режимската матрица од времињата која ВМРО-ДПМНЕ го претвори МВР во МВРО-ВМРО, но тој филм Мицкоски нема да го гледа. Времето кога со телефонски повици од белиот дворец се покренуваа или прекинуваа истраги, се монтираа случаи и се диктираа пресуди, завшри. СДСМ, граѓаните, јавноста нема да дозволат враќање на ВМРО-ВМРО. Режим – никогаш повеќе“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Промашените мерки и стратегија на Владата се плаќаат со чoвечки животи

Објавено пред

Неспособноста на Владата се повеќе се гледа. Македонија во последно деноноќие има 37 новозаболени, а Словенија 4 дена по ред нема заболен од Ковид-19, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регинот. Додека во регионот државите се фалат како неколку денови немаат новозаразени, Македонија е на врвот по заразени. Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот. Освен тоа Словенија прогласи пред некое време и крај на корона кризата.
Во Хрватска последното деноноќие имаат само еден новозаболен од Ковид-19. Кај нас досега се направени околу 25.000 тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482“, се вели во соопштението.

Додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, велат од партијата, во Македонија сеуште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација и изолација.

„Овој податок говори дека Владата предводена од СДСМ наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледа како да ја спаси политичката кариера на Зоран Заев.
Сето ова се должи на задоцнети и несоодветни мерки. Се поочигледно е дека Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот. Со СДСМ и Заев единствено добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион25 минути

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија1 час

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија1 час

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија2 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион2 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет14 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа17 часа

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа18 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет23 часа

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија24 часа

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт1 ден

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет1 ден

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија1 ден

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион1 ден

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа1 ден

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт1 ден

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион1 ден

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Свет2 дена

И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

И, Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на...

Спорт2 дена

Маса: Знам, но нема да откријам во каква состојба е Шумахер

Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач...

Европа2 дена

(Видео) Поради коронавирусот илјадници Шпанци излегоа на улиците

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро...

Досие