Контакт

Соопштенија

(Видео) Стојаноска: Пред избори, власта врши масовна партизација на администрацијата

Објавено пред

Власта на Заев е во очај. Катастрофата која ја создадоа се обидуваат да ја покријат со класична предизборна корупција на гласачите, па спроведуваат партизација на администрацијата на секое ниво, рече на прес-конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа се повика на медиуми, кои, како што кажа, пренеле дека во пресрет на изборите за 60% е зголемен бројот на огласи за работа.

„Од почетокот на месецот објавени се 52 огласи за работа во институциите и на централно и на локално ниво, без прецизирање на бројот на луѓе кои се бараат, а десетици други барања продолжуваат да пристигнуваат во надлежните органи“, образложи Стојаноска и додаде дека ова е спротивно од планот за намалување на администрацијата кој го најавуваа од власта.

„Во исто време кога се закануваат со откази на искусни кадри, се вработуваат илјадници роднини и партиски активисти со средства наменети за капитални инвестиции“, истакна таа и побара да не се залажуваат партиските активисти со вработување за период од само два месеца.

Порача дека секоја злоупотреба која сега се прави ќе биде предмет на проверка после изборите, од страна на новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што бесрамно го прават сега нема да ги спаси Заев и СДСМ од пораз. Оваа власт во заминување може да ги залажува своите заборавени активисти, ама нема да ги излаже граѓаните“, нагласи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека оваа власт ќе биде казнаета на претстојните избори.

Македонија

СДСМ: Мицкоски требаше да му каже „не“ на Апасиев наместо да биде во анти-ЕУ коалицијата

Објавено пред

Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна, модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка, се посочува во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Понудата на Мицкоски, додаваат од таму, е лажна затоа што тој пред целата јавност рече дека е против Европската Унија.

„Во една реченица, Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации. Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси. Мицкоски требаше да му каже ‘не’ на Апасиев наместо да биде во анти-ЕУ коалицијата, која дејствува на штета на државните позиции и работи за интересите на одредени туѓи центри на моќ“, потенцираат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јазикот е чист македонски јазик, вчера тоа и Мицкоски го повтори, денеска друго, кој Мицкоски е ова­?

Објавено пред

Вчера Христијан Мицкоски велеше дека зачувувањето на чист македонски јазик во ЕУ е измислен успех, дека никогаш не бил спорен македонскиот јазик, за утрово неговата ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека јазикот ни бил загрозен, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Едно зборува Мицкоски на прес-конференции, друго преку соопштенија од белиот дворец. Кој Мицкоски е реален, овој од денеска кој тврди дека македонскиот јазик ќе биде оспоруван пред ЕУ или тој од вчера кој велеше дека македонскиот јазик не е спорен? Ваквото несериозно однесување за важни национални прашања само потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат државнички капацитет и нивните ставови се менуваат од ден за ден“, посочуваат од партијата на власт.

Во предлогот на француското претседателство, како што додаваат од таму, јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците

Објавено пред

Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците. Власта се фали дека е гарантиран јазикот, а тој е оспоруван, додека учебниците ќе ни ги пишува Бугарија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали владата. Официјалниот јазик на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван.

Со овој предлог се остава проблем и можност јазикот да биде оспорен, бидејќи тој не е гарантиран.

Дополнително со предлогот историската комисија е таа која ќе може и понатаму да биде кочничар на сè, доколку нешто не е по волја на Бугарија. На Бугарија едноставно ѝ се дава право да ги пишува учебниците по историја во Македонија.

Власта не обезбедува ништо. Отвора само бројни проблеми. Затоа премногу е. Потребни се избори, час побргу“, наведуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Полицијата ги притисна демонстрантите, има приведени неколку лица, но и повредени полицајци

Полицијата ги истурка демонстрантите што беа пред зградата на Собранието. Ги разбрка кон Паркот на жената борец, при што огромна...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите ја урнаа оградата пред Собранието

Демонстрантите ја урнаа оградата од пред Собранието. Помала група влезе на тревата пред законоданвиот дом. Фрлаат со факли, петарди, камења,...

Македонија6 часа

(Фото) Демонстрантите фрлаа јајца и петарди кон зградата на МНР

Петарди, јајца и други предмети завршија во фасадата на МНР. И покрај дождливото време, колона граѓани излегоа на улиците за...

Македонија6 часа

(Видео) И покрај дождот, протестите продолжија и вечерва

И покрај дождот, и оваа вечер продолжи протестот против францускиот предлог, што се одржува пред Владата. Голема група граѓани го...

Македонија12 часа

За време на протестите се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО, оценува Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на...

Македонија12 часа

Мишел за францускиот предлог: Како пријател, сакам да ви кажам дека можноста е премногу важна за да се пропушти

Вие одлучувате за вас и вашите чекор, а С Македонија припаѓа во ЕУ. Ова е ставот на претседателот на Европскиот...

Македонија12 часа

Ковачевски: Со францускиот предлог, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во европскиот предлог има дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик. Во предлогот македонскиот јазик...

Македонија13 часа

Регистрирани се 293 новозаразени со коронавирус, нема починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови,...

Топ14 часа

МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашните протести пред Владата, запалено знамето на ЕУ

На вчерашните протести пред Владата биле повредени четворица полицајци, а било запалено и знамето на ЕУ, соопшти полицијата. Имено, вчера...

Македонија15 часа

Димитров: Тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката e голема лага

Тврдењето дека билатералниот протокол (историските и други прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес) и дека тоа се два...

Топ15 часа

НСДП го прифати францускиот предлог

Извршниот одбор на Новата социјалдемократска партија (НСДП) сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање...

Македонија16 часа

Нуредини: Првите седум контејнери со линдан излегоа од државата

Првите седум контејнери со чист линдан, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа...

Македонија17 часа

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет18 часа

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија18 часа

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот...

Македонија19 часа

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија1 ден

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија1 ден

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија1 ден

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...