Соопштенија
(Видео) Трајчевска: Во битолската болница владее хаос

Во битолската болница владее хаос. Внатре во ходниците новиот режим на влегување и посета предизвика револт кај пациентите. Редици револтирани пациенти и граѓани, кои се дојдени во посета, чекаат на шалтерите, изјави Елена Трајчевска, член на Советот на Општина Битола и член на ОК Битола.
Според неа, хоспитализираните пациенти, дел од новогодишните празници, на -20 степени, ги поминаа без парно, а повеќето од лековите и терапијата пациентите се принидени да си ги купуваат сами затоа што Клиничката болница нема голем дел од лековите.
,,Пациентите за многу видови испитувања се препраќаат во Скопје и се изложени на дополнителен трошок иако Клиничката болница има соодветни апарати, но за нив нема доктори. Од другата страна на ходниците, пак, во дворот, само кал и ѓубре. Пред само една недела одделот за онкологија не беше пристапен затоа што не беше исчистен снегот од дворот на Клиничката болница, а деновиве, поради дождот, истиот тој двор на Клиничката болница личин на базен. За да стигнат до одделот за заразни болести, поради големите дупки, навистина е предизвик.
Почитувани функционери од власта, да ве потсетиме затоа што очигледно вие заборавивте – ветивте нов клинички центар во Битола! Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи надворешна реконструкција на постојната болница, во втората фаза следуваше внатрешна комплетна реконструкција, која вие по преземањето на власта, требаше да ја реализирате, но и по две години владеење, од тоа нема ништо. Почитувани, граѓаните очекуваат реални и суштински реформи во здравствениот систем, а не ограничувања, нечистотија и недостиг на основните лекови“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Мицкоски е симбол за непотизам

„Вистинската адреса за прашања за непотизам е Христијан Мицкоски. Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговори како нивниот шеф станал асистент токму кај сопствениот татко и како добил бизнис со хидроцентрали од владата во која бил советник за енергетика. Мицкоски е симбол за непотизам и судир на интереси“, соопшти СДСМ.
Од партијата велат дека СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизам, притисоци и политика.
„Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана, а доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
Во меѓувреме почна повлекувањето од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и сè уште е непозната категорија. Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите што им ги обезбедила за време на нејзиното 11-годишно владеење“, се додава во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Опозицијата да престане да го злоупотребува Ласкарци во политички цели

Очајното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на политички концепт, на идеја и програма, продолжува да злоупотребува сообраќајни несреќи и човечки трагедии во партиски цели.
Се потврди дека Мицкоски зборува преку Силјановска. Се потврди дека таа ги следи политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партиајта, и покрај тоа што лагите на антинародното ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани, опозициската партија не престанува да се обидува да профитира на низок и крајно неморален начин.
„Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај. Веќе е почната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци“, се додава во соопштението.
Соопштенија
СДСМ: Наградата за Заев и Ципрас е уште едно признание за пријателските политики

Наградата „Евалд Фон Клајст“ за премиерите Заев и Ципрас е уште едно признание за успешноста на политиките кои создаваат пријателство и отвораат перспективи, вели СДСМ преку соопштение.
Желбата за подобра иднина, смета СДСМ, ги надмина стереотипите и низ дијалог се дојде до решение во интерес на граѓаните од двете земји, Република Северна Македонија и Република Грција, а тоа е препознаено и гласно поздравен од целиот демократски свет.
„Европа и Балканот стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.
Отворени се перспективите за засилен развој и напредок на Република Северна Македонија, интегрирана во најмоќните сојузи, НАТО и ЕУ. Тоа за граѓаните значи сигурна иднина, стабилност, безбедност, силна економија, поголеми плати, подобар животен стандард за сите“, се додава во соопштението на владејачката партија.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал