Контакт

Соопштенија

(Видео) Трипуновски: Откупот и продажбата на земјоделски производи бележи пад од 4,4%

Објавено пред

За време на посетата на Струмица и струмичкиот регион, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски изјави дека земјоделците како никогаш досега не биле заборавени и оставени сами на себе.

„Доказ за актуелната политика е тоа што Државниот завод за статистика за второто тромесечје во 2018 година бележи пад на откупот и продажбата на земјоделските производи за 4,4%. Граѓаните на овие средби истакнуваат, особено земјоделците дека никогаш до сега не биле оставени сами на себе и буквално во секој земјоделски сектор имаат потешкотии со пласманот на земјоделските производи. Тој пласман и таа потешкотија значи и помал приход за нивните семејства и обавување на семејните обврски во текот на целата година“, изјави Трипуновски.

Тој исто така посочи дека на средбите се разговарало и за актуелниот договор кој што го потпиша владата  со Грција. Тој вели дека граѓаните се против тој договор, дека негодуваат на рушењето на идентитетот и дека во ЕУ и НАТО не се влегувало со потчинет земјоделец, заклучува Трипуновски, и додава „потчинет земјоделец, бидејќи они целата ситуација ја парафразираат во актуелната ситуација во која се наоѓаат, а тоа значи, вели тој, во ЕУ треба да се влезе со достоинствен земјоделец со достоинствен граѓанин“.

Соопштенија

СДСМ: Промените во партијата значат нова енергија, а белиот дворец останува симбол на криминал

Објавено пред

Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски, која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност, велат од СДСМ, од каде што додаваат дека белиот дворец и натаму останува симбол на одбрана на криминалот.

„Од друга страна, СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова дополнителна енергија за забрзување на напредокот“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и другите членови на рекетарската банда?

Објавено пред

„Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболиран премиер во Европа. Русковска и Јовевски и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев, кој е на чело на операцијата за рекетирање политичари, бизнисмени, македонски граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, сите слушнаа како Боки 13 го споменува името на Зоран Заев во една од аудиоснимките на „Ла Верита“ и како тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13, по рекетот, заминува на средба со Заев. Сите, освен Русковска и Јовевски, кои на прес-конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“.

„Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и другите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ, кои потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари.

Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку таа ги зафати пипалата на октоподот, ќе се стигне до главата? Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев? Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот што трипати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев.

Но, вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. Деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев и тогаш тој ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние што се ставија во заштита на криминалот наместо да го гонат“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги пушта низ вода сите, само за да се амнестира себеси

Објавено пред

Заев е очаен и заглавен во криминал, искусните кадри го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа оние со кои ја креираше коалицијата за криминал и мафија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ.

„Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција. И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека со ваквите одлуки Заев покажал дека нема намера да ја реформира СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, премиерот се обидува да се дистанцира од актуелните случувања, иако, како што велат, тој е главата на криминалниот октопод.

„Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот ‘Рекет’, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод“, порачуваат од опозициската партија, од каде велат дека СДСМ го трча последниот круг на власт.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Македонија15 часа

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Македонија16 часа

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија17 часа

17 здруженија ѝ порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот масакр на животни

„Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест...

Македонија17 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Свет19 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Македонија19 часа

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места...

Регион19 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет19 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет21 час

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија1 ден

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија1 ден

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа1 ден

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ2 дена

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ2 дена

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија2 дена

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија2 дена

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија2 дена

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет2 дена

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија2 дена

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Досие