Контакт

Соопштенија

(Видео) Шекеринска во Чаир: Светот ја гледа Македонија како нова надеж

Објавено пред

На 30 септември можеме со нашиот глас да обезбедиме Македонија да стане 30. земја членка на НАТО, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на трибина во Чаир и посочи оти Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, денеска јасно кажал дека 29 најмоќни земји членки на Алијансата чекаат да го постават јарболот со 30. знаме.

dobivaj vesti na viber

Шекеринска на трибината посочи дека поддршката од земјите членки на ЕУ и НАТО е силен поттик за Македонија, но дали ќе ја искористиме шансата зависи од граѓаните.

„Денеска во посета на Македонија беше Столтенберг и тоа втор пат за 9 месеци, што досега не се случило. Доаѓаат австрискиот премиер Курц, германската канцеларка Меркел. Светот ја гледа Македонија како нова надеж, ЕУ и НАТО ги отворија вратите, но одлуката дали ќе го пречекориме прагот е наша. На 30 септември одлучува секој од нас. Убедена сум дека мнозинството граѓани сака нашата држава да биде стабилна и рамноправна членка на ЕУ и НАТО, каде нашите деца ќе ги имаат истите шанси со нивните врсници од земјите членки“, посочи министерката.

Таа зборуваше за придобивките кои на Македонија ќе и ги донесе членството во ЕУ и НАТО – безбедност и стабилност, повеќе работни места и подобра економија.

„Чаир е етнички мешана средина и тука луѓето зборуваат на различни јазици и се разбираат меѓу себе. Знаеме колку ни прави чест кога другите ни го знаат и признаваат јазикот. Чаир е пример за тоа. Кога Македонија ќе биде членка во ЕУ и НАТО, македонскиот јазик ќе биде официјален јазик во ЕУ и ќе се признава во НАТО“, кажа во обраќањето Шакеринска и одговарајќи на прашање на присутните, таа порача дека кога станува збор за интересите на граѓаните, партиските интереси мора да се стават на страна.

Соопштенија

„Aлкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI

Објавено пред

CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата

dobivaj vesti na viber

„Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, овогодишното јубилејно 35. издание на CPhI се одржува од 8 до 10 октомври во Италија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година забележува маркантно учество со свој штанд, како рута на глобалната фармацевтска мрежа, од каде што ја проширува својата листа на еминентни соработници од редот на фармацевтските лидери во светот.

„CPhI за ’Алкалоид’ е значајна алатка за одржување на трендот на експанзија и за одржување чекор со сите новини во нашата динамична индустрија. CPhI е единствениот глобален one-stop-shop за генеричката фармацевтска индустрија кој нуди можност за средби со постојните и со потенцијалните добавувачи на суровини, ексипиенси и амбалажа, како и со лиценцни партнери и консултанти за регулаторни активности, истражување и развој и слично. Огромни се можностите од прва рака да дознаеме повеќе за најновите трендови во индустријата, зелените технологии, новите молекули и формулации, како и за придобивките од вештачката интелигенција за фармацијата; да пробаме да ги оптимизираме предизвиците во синџирот на набавки и да градиме нови синергии и партнерства. ’Алкалоид’ за првпат учествуваше на овој собир во 2003 година, а со оглед на бенефитите остануваме тука редовно“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Милано собра повеќе од 2.400 изложувачи и 62.000 посетители од 166 земји во светот. CPhl е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето 3,5-децениско постоење прерасна во заедница која го обединува глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, креира врски и инспирира партнерства..

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ‘Алкалоид’“

Објавено пред

Децата на вработените заедно со своите родители го посетија производството фармација.

dobivaj vesti na viber

Водени од грижата за човечките ресурси и од континуираните заложби за негување и јакнење на врската меѓу компанијата и вработените, со оваа иницијатива децата на вработените во „Алкалоид“ имаа ретка можност да го посетат производствениот објект фармација во Автокоманда и одблиску да се запознаат со производствените процеси и активности на работните места на нивните родители.

Низ организирана прошетка, малите алкалоидовци, преку наративно објаснување со лесен тон на раскажување приспособен на нивната возраст, имаа можност да се запознаат со сите процеси: од почетокот на производството, па сѐ до процесната контрола и пакувањето. Младите истражувачи учествуваа и во практични активности со симулирани контролни тестови и мерења и со мешање течности и бои, наменети да ја разбудат нивната љубопитност. Како и при претходната посета, децата уживаа и во забавниот аспект на настанот, при што се вклучија во групни игри и организирани активности за меѓусебно дружење и зближување, што дополнително го збогати нивното искуство.

Оваа иницијатива продолжува да биде значаен дел од корпоративната култура на „Алкалоид“, воведувајќи ги децата на вработените во светот на науката и технологијата на забавен и едукативен начин. Овие моменти на заедништво ја дополнуваат визијата на „Алкалоид“ за создавање средина во која вредностите на компанијата се живеат и се споделуваат со идните генерации.

ПР текст

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Анѓушев на Машинскиот факултет: Државата да одреди какви кадри ѝ се потребни да се образоваат за да може да се развива

Објавено пред

Не може сите млади да бидат ИТ-инженери бидејќи на државата ѝ се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози.

dobivaj vesti na viber

Вака проф. д-р Кочо Анѓушев се брати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје по повод 20 години од Институтот за мехатроника.

„Мора да се земе предвид дека стопанството денес не е истото што беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори и затоа и факултетите треба да продуцираат кадри на друг начин и со друг пристап, кој одговара на економијата денес.

Можеби е добро на факултет, уште по првата година, да се прави насочување на студентите во два правци: инженери што сакаат да работат во академија, на факултет, во наука и инженери што сакаат да работат апликативно машинство, односно што сакаат да работат во индустријата.

Така и двете групи подобро ќе се спремат за работните обврски во иднина.

Исто така, потребна е државна интервенција на пропишување колку студенти и каде да се запишат на факултетите, и тоа во согласност со потребите на државата и општеството.

Сега сè помалку има запишани студенти на градежен факултет, на архитектура, металургија, технолошки факултет итн. Не може сите млади луѓе да бидат информатичари, како што е сега мода и посакувана професија, бидејќи тоа не е одржливо затоа што државата, за да функционира, има потреба од стручни кадри во сите сфери. Треба некој да гради и патишта, на пример, а денес не можете да најдете градежни инженери ни да вршат надзор на градбата на патишта.

Една држава не може да постои и да се развива без инженери во индустријата“, рече проф. д-р Кочо Анѓушев, сопственик и извршен директор на групацијата „Феро инвест“, на панелот на Машинскиот факултет, на кој говореа и министерката за образование, Весна Јаневска, ректорката на Унверзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Билјана Ангелова, и директорот на КОСТАЛ, Виктор Мизо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Радев: Преговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија завршија пред две години

Преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол по Договорот...

Македонија6 часа

Уште еден земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово...

Македонија8 часа

Огромни гужви на грчко-македонската граница: „Се чека и до три часа“, се жалат граѓани

Колони возила има попладнево на граничниот премин Еврзони од грчка страна, додека голем број македонски граѓани се враќаат од продолжениот...

Топ12 часа

Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во...

Македонија14 часа

Замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања, вели вицепремиерот Фетаи

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска...

Топ15 часа

Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“...

Македонија15 часа

СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта (ВИДЕО)

Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинување за скандал во Јавното претпријатие за државни патишта. Од партијата денеска велат дека скандалот...

Македонија16 часа

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв...

Европа17 часа

Русија ја нападна Украина со 68 дронови

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија. „Две балистички ракети Искандер-М ги погодија...

Регион20 часа

Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во...

Македонија1 ден

В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче

Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во...

Македонија1 ден

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца...

Македонија2 дена

(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто

Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата....

Македонија2 дена

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на...

Македонија2 дена

Aхмети му се пожали на бугарскиот амбасадор: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко...

Македонија2 дена

„Вреди“ подготвува нов закон за правична застапеност, но не само за етничките заединици, туку и за маргинализираните групи

Коалицијата „Вреди“ подготвува закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела, најави министерот за здравство,...

Македонија2 дена

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега наместо раст Владата враќа нивни долгови

Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, велат...

Свет2 дена

Американски војник (24) осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор поради обид да и помогне на Исламска држава во извршувањето...

Свет2 дена

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на...