Контакт

Соопштенија

(Видео) Шекеринска: На 30 септември бидете будни и гласни, ја избирате вашата иднина во европското и светското семејство

Објавено пред

30 септември е шанса да се обединиме околу идеја која е поголема од сите нас поединечно, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на синоќешната граѓанска трибина на Коалицијата ЗА европска Македонија што се одржа во Струга.

„Долг и обврска на нашата генерација е обезбедиме нашите млади да не се занимаваат со проблемите кои ги имаме сега. Наша е одговорноста, на секој од нас, да излеземе на референдумот на 30 септември, бидејќи тоа е историската шанса на која чекавме 27 години. Ова е клучниот историски потег кој го бара учеството на секој граѓанин, клучниот чекор кон европска Македонија со повеќе работни места, повисоки плати и подобра иднина“, изјави Шекеринска.

Министерката за одбрана посебно им се обрати на младите, повикувајќи ги да бидат будни и гласни за Македонија да стане дел од европското и светското семејство. Шекеринска, меѓудругото зборуваше и за силните економски ефекти по членството на соседните земји во ЕУ и НАТО.

Македонија

СДСМ до Мицкоски: Кажи дали си посегнал по парите на еден од осомничените

Објавено пред

Владејачкиот СДСМ бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали дали посегнал по парите на еден од осомничените во случајот „Рекет“.

„Христијан Мицкоски да не бега од јавноста туку да одговори дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во позната дискотека, а потоа и во белиот дворец. Дали посегнал по парите на еден од осoмничените?“, прашува СДСМ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ го праша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, што договарал на средбите со Боки 13 и дали има разговарано за рекет и колку пари биле изнудувани од бизнисмените.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Костадинов: Мицкоски го блокира напредокот на земјата додека со половина уста бара предвремени

Објавено пред

Со неуспешно алиби и крајна неодговорност Христијан Мицкоски е во нов обид да ги блокира напредокот на земјата и реформите, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дојде на лидерската средба.

Според Костадинов, старото криминално крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака земјава рамномерно да се развива.

„ВМРО-ДПМНЕ сака 18 години да бидеме без попис на населението. Во време кога функционира правосудниот систем во државата и имаме неселективна правда, кога има поврзување помеѓу граѓаните, Обвинителството и МВР за заштита од корупција и криминал, Мицкоски бега од разговор за Законот за Јавното обвинителство“, посочи партискиот портпарол и додаде дека опозицискиот лидер со половина уста бара предвремени избори, а не сака да зборува за подобрување на Изборниот законик.

Според Костадинив, Мицкоски се моли избори да нема затоа што и самиот е свесен дека изборите ќе ги изгуби.

„Мицкоски бега од лидерска. Мицкоски бега од реформи. Мицкоски ѝ штети на државата. Мицкоски работи против датум за преговори за членство во ЕУ“, рече портпаролот и додаде дека блокадите и антидржавните дејствувања сепак нема да успеат.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го раскинува договорот со концесионерот за „Дрисла“

Објавено пред

Петре Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со германската компанија „Шолц“, која Градот сам ја избра да раководи со депонијата „Дрисла“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопјани не знаат кога да му веруваат на неработникот Шилегов – кога ја убедуваше јавноста дека ‘Шолц’ е вистинскиот избор за стопанисување со ‘Дрисла’ или сега кога го раскинува договорот со нив. Се работи за дистанца од само еден месец, каде што Градот има дијаметрално спротивни ставови и затоа неработникот Петре Шилегов треба да одговори дали зад ваквото раскинување стои неуспех за договарање некаква провизија познавајќи каков криминален октопод управува со државата“, велат од партијата.

На дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје е поништување на одлуката за избор на приватен партнер за вложување во „Дрисла“.

Од Град Скопје соопштија дека одлуката за избор се поништува затоа што избраниот кандидат на јавниот повик, односно германската компанија „Шолц“, не го основала друштвото за посебна намена во предвидениот рок.

„Конзорциумот е должен да основа правно лице, односно друштво за посебна намена во утврден рок, кој го склучува договорот за концесија со Град Скопје, а која обврска не е почитувана од страна на избраниот конзорциум предводен од ‘Шолц’“, се вели во образложението на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 час

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија14 часа

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија14 часа

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија19 часа

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа20 часа

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија20 часа

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет20 часа

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ21 час

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет21 час

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Свет21 час

Конгресот ги осуди расистичките коментари на Трамп, поднесено е и барање за импичмент

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со резолуција ги осуди наводните расистички коментари на претседателот Доналд Трамп, кој, според резолуцијата, ги...

Свет22 часа

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден (77), кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа22 часа

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет23 часа

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Македонија1 ден

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион1 ден

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа1 ден

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет1 ден

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија2 дена

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа2 дена

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Досие