Контакт

Соопштенија

(Видео) Шекеринска: Не постои поголем патриотски чин од обезбедувањето иднина за граѓаните и државата како дел од ЕУ и НАТО

Објавено пред

Поддршката што ја добиваме од светот денеска ни покажува дека лажна била тезата што ја слушавме минатите 10 години – дека светот е против нас. Во Македонија дојде најмоќниот Европеец и најмоќната жена на светот да ни покажат дека Европа и Германија ги отвораат вратите за Македонија, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на трибина во Злетово.

Одлуката сега не е нивна, туку е наша, додаде Шекеринска и посочи дека за само една година успеавме да ја трансформираме Македонија од изолирана држава во држава со покана за НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Го решивме и спорот со Грција, и донесовме достоинствено решение.Сега е на граѓаните со својот глас на 30 септември да обезбедат европска иднина за Македонија, рече Шекеринска на трибината.

„Сите нè болеше душата кога моравме да седнеме и да преговараме. Но кога седнавме, знаевме дека ќе направиме сè да го гарантираме и зацврстиме македонскиот идентитет. И тоа стои во договорот. Сите кои лажат поинаку нека седнат и нека го покажат црно на бело. Ова е првиот договор со кој ние во ЕУ и НАТО ќе го обезбедиме македонскиот јазик, јазикот на Конески. Треба да чувствуваме патриотска подготвеност да обезбедиме македонскиот јазик да стане официјален јазик на Унијата од 500 милиони луѓе, да биде со ист статус како јазиците на земјите членки на ЕУ“, изјави министерката.

Шекеринска ги повика младите да се борат и да се изборат за себе, а возрасните со својот глас да им ги обезбедат истите шанси како што ги имаат нивните европски врсници, но во својата држава како членка на ЕУ и НАТО. Членството во ЕУ значи финансиска помош во милијарди, а членството во НАТО – безбедни граници, сигурност и инвестиции. Не постои поголем патриотски чин од обезбедувањето иднина за граѓаните и државата како дел од ЕУ и НАТО, рече министерката.

Соопштенија

(Видео) Николов: Филипче наместо да признае неуспех вината дрско ја префрли кај граѓаните и МВР

Објавено пред

Состојбата со Ковид-19 епидемијата е алармантна, а на владата и се случува здравствена капитулација, рече денеска на прес-конференција Игор Никлов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека дрско, безобзирно и неодговорно ја префрла вината кај граѓаните, или кај МВР, иако претходно уверувал дека состојбата е под контрола, дека пикот е поминат и дека заразата е победена.

„Граѓаните не се виновни, виновна е власта кој што не го заштитува здравјето на граѓаните и носи чудни мерки. Имаме чисто фијаско на Владата на Спасовски, и Филипче кое што граѓаните го плаќаат со животите. Граѓаните се препуштени сами на себе, затоа што сами мора да се грижат за сопственото здравје заради нивните мерки. За три дена имаме 10 починати, 115 ново заразени, од кој само денес се 52 заразени“, нагласи Николов и додаде дека Македонија по бројот на заболените станува изолиран случај, на врвот по неуспешноста.

Партискиот претставник посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и повикува на разрешување на членовите на Комисијата за заразни болести и итно формирање на нова составена од експерти и надпартиски решенија кои, како што рече, нема да подлегнат под политички влијанија и ќе донесат итен пакет на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Министре потребни се ефикасни решенија. Потребно е да се престане да се глуми нормализација, потребно е да бидете одговорна Влада, тоа го очекуваат граѓаните на Македонија“, јавно му порача Николов на Филипче.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на граѓаните во Прилеп

Објавено пред

Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески и Ане Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, рече во денешната изјава за медиумите Филип Попоски, портпарол на прилепскиот огранок на СДСМ.

„Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири, на кои присуствувале и двајцата, јасно се гледа дека Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето. Ваквото неодговорно однесување, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со Ковид-19“, нагласи Попоски.

Тој порача дека со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата и го повика министерот Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ бара трајно да се реши случајот со рудникот Иловица

Објавено пред

Зелената партија ДОМ смета дека поединци во институциите, преку несериозно постапување, дозволуваат да се јави недоверба кај граѓаните околу прашањето за раскинување на Договорот за концесија на рудникот Иловица.

„Ние се прашуваме, заедно со загрижените граѓански организации и движења, што навистина се случува низ институциите во врска со рудникот Иловица и дали повторното враќање на случајот во лавиринтите на одлучување може да го ‘воскресне’ концесионерот“, се наведува во партиското соопштение.

ДОМ бара од надлежните органи да утврдат како и зошто Државното правобранителство дозволило судиите во Управниот суд за рочиштето да не добијат соодветни материјали за одлучување, вклучувајќи ја и одлуката за едностран раскин на концесијата за екплоатација.

„Бараме Државниот правобранител да ги преземе сите неопходни чекори за да може да се потврди Одлуката на Владата за едностран раскин на концесијата за експлоатација, за конечно да се затвори овој случај“, нагласуваат од ДОМ.

Од партијата посочуваат и дека направиле анализа на случајот Иловица според достапната документација и воочиле цела низа недоследности и правни и процедурални прекршувања во постапките поврзани со рудникот Иловица.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО. Тој...

Македонија5 часа

Над половина од новозаразените во Скопје се од Сарај, Бутел и Чаир

Шест лица од денешните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството...

Регион6 часа

Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни, тестови за корона ќе се прават по случаен избор

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари...

Македонија7 часа

(Видео) Пауновски: Некои угостители ги понижуваа инспекторите, се однесуваат како да нема вирус

Одредени угостители со понижување се однесувале кон инспекторите од Пазарниот инспекторат велејќи им: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“, посочи...

Македонија8 часа

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија9 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2 години...

Македонија9 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија10 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија10 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија10 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија10 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет11 час

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет13 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион13 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет14 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа14 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет14 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија14 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија1 ден

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Досие