Контакт

Соопштенија

(Видео) Шилегов: Ги утврдивме и запазивме атрибутите на нашата култура, традиција, јазик и националност, во Европа и НАТО ќе влеземе со крената глава

Објавено пред

Денес е денот кога го славиме осамостојувањето на Македонија, со референдумот од 1991 година кога нашите татковци и дедовци, нашите повозрасни роднини и пријатели храбро се одважија и избраа иднина за нашата држава, независна суверена и демократска Република Македонија, изјави Шилегов во своето денешно обраќање на традиционалниот празничен пикник по повод одбележувањето на Денот на независноста.

Оттогаш поминавме низ многу крстопати и во клучните моменти, секогаш избиравме иднина, додаде Шилегов.

„Денес сме горди на Илинден, на АСНОМ и на Референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност. Избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца. И еве не исправени пред одлуката со која треба да ја потврдиме таа иднина за нашите деца, да потврдиме дека сакаме, а уште повеќе и заслужуваме подобро, после сè што преживеавме“, изјави потпретседателот на СДСМ.

Сега треба да го направиме следниот чекор, вели Шилегов и додава во духот на сплотеноста која сме ја имале низ историјата секојпат кога сме одлучувале за клучни прашања за иднина и развојот на нашата земја и народ, во духот на АСНОМ-ците, прво ги утврдивме и запазивме атрибутите на нашата култура и традиција, нашиот македонски јазик и нашата националност, македонска, во договорот со Грција, и веќе сме на сигурно тло, дека во Европа и НАТО ќе влеземе со крената глава.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски да не се крие и да одговори за своите посети на Белград и Будимпешта

Објавено пред

Наместо да се крие зад социјалните медиуми, зад неговите портпароли и зад антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори за средбата со својот ментор Груевски и за неговите посети во Белград и Будимпешта, порачаа од СДСМ.

„Мицкоски треба да даде одговор на јавните сомнежи дали неговите посети на Белград и Будимпешта минатиот месец се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Груевски?

Со кого се среќавал пионот Мицкоски при посетите на овие градови и дали таму бил нацртан планот за бегство на Груевски?
Мицкоски пред граѓаните должи одговори за сомнежите за неговата вмешаност во кукавичкото бегство на Груевски.

Надлежните институции, пред сè, Основното јавно обвинителство, мора да отворат истрага преку која ќе бидат откриени и санкционирани сите лице што се соучесници во бегството на осудениот криминалец Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека Заев не знаел за бегството на Груевски

Објавено пред

СДСМ има целосна контрола врз судството, Обвинителството и полицијата, власта не може, а да не знаела за бегството на Никола Груевски. Никој повеќе не верува во зборот на Зоран Заев, ниту неговите најгласни пулени и поддржувачи не веруваат дека тој лично не знаел за бегството на Никола Груевски. СДСМ е речиси две години на власт во Македонија, а сè уште се однесува како опозиција, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, одговорност мора да има, а како и секогаш, одговорноста е во власта, која овој пат, за жал, ја предводи токму аболираниот Зоран Заев. На одродената и криминална власт во овие мрачни моменти од македонската историја секој дефокус на јавноста од целосниот крах на државата ѝ е добредојден. Па, така, додека ја замајуваат јавноста со бегството на Никола Груевски, во Собранието го менуваат Уставот на државата спротивно на волјата на граѓаните, ги зголемуваат даноците, додека сиромаштијата е во пораст, безмилосно ги задолжуваат граѓаните, а парите ги користат за исплата на партиски и државни функционери преку криминални тендери и грантови.

„Цела Македонија, како и аболираниот Зоран Заев и министерот за прогон и терор, Оливер Спасовски, добро знаеше дека Никола Груевски не се крие во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Причината за опсадата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, целта беше создавање евтин театар и заплашување на членовите и активистите на партијата со полициски притисок.
Одговорноста за бегството на Никола Груевски лежи, единствено, во власта со која предводи аболираниот криминалец Зоран Заев и министерот задолжен за прогон и терор, Оливер Спасовски“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Дали посетите на Мицкоски на Будимпешта и Белград имаат врска со бегството на Груевски?

Објавено пред

Антизападниот пион Христијан Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да одговори на сите отворени сомнежи за неговата улога во бегството на неговиот ментор Никола Груевски, изјави денеска Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Како што рече тој, јавноста сака да знае која била целта на посетата на Мицкоски на Будимпешта и Белград во втората половина од октомври годинава.

„Дали тие посети имаат врска со подготовката за бегство на неговиот ментор Никола Груевски? Со кого се среќавал за време на посетите на Будимпешта и Белград и што договарал? Дали заедно со Груевски бил нацртан планот за бегство?“, запраша портпаролот на владејачката партија.

Костадинов истакна и дека Мицкоски јавно потврдил оти имал средба со Никола Груевски на која, цитирајќи го лидерот на опозициската партија, рече дека се разговарало за личните моменти и иднината на Груевски.

Партискиот портпарол ги повика сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство, да отвори истрага за бегството на Груевски за сите соучесници и помагатели на бегството да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија7 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија9 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија10 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија10 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија10 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија12 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија13 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија13 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија13 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија13 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток14 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток14 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија15 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа16 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија17 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија17 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија1 ден

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Досие