Контакт

Соопштенија

(Видео) Ѓорчев: Заевизмот ја направи Македонија празна и пуста земја

Објавено пред

Според сите бројки и сите статистики Македонија се соочува со невидена досега демографска катастрофа, рече на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, пробиени се сите негативни рекорди.

„Во Македонија никогаш до сега не се раѓале помалку деца, од Македонија никогаш повеќе не се иселувале луѓе. Македонија за жал со овој заевизам и со оваа влада на Заев станува празна земја и пуста земја. Тоа е жално и тажно“.

Во продолжение, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ презентираше неколку статистички податоци.

„Заводот за статистика излезе со податоци за третиот квартал на 2019 година, падот на новородени деца споредено со истиот период 2018 година е 7,4 проценти. Демографската рецесија само во третиот квартал е – 7,4 проценти. Во истиот период во 2018 година во Македонија биле родени 5.804 деца, во 2019 година во истиот период во третиот квартал родени се 5.374 деца. Тоа не е мало намалување. Големо намалување од 430 помалку родени бебиња само во третиот квартал“, кажа Ѓорчев и додаде дека во 2016 година во време на владата на ВМРО ДПМНЕ во првите три квартали од јануари до септември во Македонија биле родени 17.400 бебиња.

Како што рече тој, од бројките може да се заклучи дека, за жал, во 2019 година прв пат откако има статистика во Македонија, бројот на умрени е поголем од бројот на родени.

„Ова е буквално национална катастрофа, катастрофа за државата, катастрофа за образовниот систем, за економијата, за општините. Се затвораат училишта, помалку паралелки, стануваме за жал општество на старци“, посочи претеникот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека сите надлежни треба сериозно да ја земат предвид оваа проблематика.

Соопштенија

СДСМ: Блокадата на Законот за клинички центар е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните

Објавено пред

По средбата на претседателот Зоран Заев со Христијан Мицкоски пред еден месец беше договорено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да се откажат од блокади на важни закони за граѓаните, вклучително со законот со кој македонското здравство по 80 години ќе добие нов, модерен клинички центар, потсетуваат од владејачкиот СДСМ.

Од таму напоменуваат дека еден месец подоцна пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сè уште не се откажуваат од блокадите.

Според СДСМ, блокадата на најкапиталниот проект во македонското здравство е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи директно на штета на граѓаните и државата. Друга причина за вакво деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ насочено кон јавното здравство не постои, велат од оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги лажеше граѓаните дека ќе изградат нов клинички центар, а од него останаа само лимени тараби во комплексот клиники. Компанијата со која ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за изградба на нов клинички отиде во стечај по само неколку месеци. Оваа Влада ќе изгради современ клинички центар, како што заслужуваат нашите граѓани и нашето здравство. Во изградбата на истиот ќе бидат инволвирани најреномирани европски компании ‘Вамед’ и ‘Буиг констракшн’. ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии и непостоечки случаи. Законот за изградба предвидува независен финансиски ревизор, односно со тој закон да се дозволи компаниите ‘Вамед’ и ‘Буиг констракшн’ да дадат една понуда за изградба на клинички“, потенцираат од СДСМ.

Од СДСМ сметаат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води проектот, но немаат доблест, како што велат, да гласаат за законот, бидејќи спасот на Мицкоски им е поважен од здравјето на граѓаните.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните, затоа ги чекаат нови порази и во Собранието и на изборите“, стои во соопштението од оваа партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковска е предлог на Заев, таа не е компетентна да именува и разрешува судии

Објавено пред

Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет е предложена од страна на Собранието, таа е предлог и кадар на Зоран Заев и СДСМ, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија напоменуваат дека Павлина Црвенковска како претседател на Судски совет ќе избира и разрешува судии, ќе ја оценува нивната работа, ќе одлучува за престанок на судска функција, а притоа таа нема ниту еден ден работен стаж како судија.

„Павлина Црвенковска е некомпетентна да одлучува за судиите и судското работење, таа нема минат труд, а уште помалку е компетентна да оценува работа на Врховен суд, што исто така спаѓа во нејзин делокруг на работа како претседател на Судскиот совет. Единствен критериум за Црвенковска да биде избрана за претседател на Судскиот совет е очигледно нејзината партиска активност. Таа била шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на СДСМ и очигледно човек од најголема доверба на Заев. Заев и Црвенковска ги поврзува и пропаѓањето на Еуростандард банка, сопругот на Црвенковска, исто како и Заеви, зел кредит без покритие од Еуростандард банка, и со 400.000 евра покритие зел 1.6 милиони евра кои не ги вратил, објавија оштетените штедачи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како успеала Црвенковска исто како и Заев да стигне до милионски кредит без покритие? Која е шемата по која е ограбувана банката и дали таква личност има кредибилитет да води и тело како Судскиот совет, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Кредибилитет нема, а другите прашања очекуваме да ги одговори Црвенковска, но и ЈО, истакнуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините

Објавено пред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е на врвот во светот со најмногу починати на милион жители од коронавирусот и во најлошите три земји по вакцинација во Европа.

„Освен што вози мотори со Заев, Филипче си барал и провизии од набавката на вакцините. Провизиите на Филипче чинат 7,8 милиони евра и 1.000 мртви месечно.
Поради алчноста и неспособноста на Филипче, Македонија денеска надмина 5.000 починати, што е како да исчезнал еден цел град како Македонска Каменица, а повеќе отколку што имаат жители Валандово, Пехчево, Македонски Брод или Демир Капија“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека сите набавуваа вакцини, Филипче, како што додаваат од оваа партија, бркаше провизии и затоа нема ден да нема двоцифрена бројка на починати од коронавирус, а тој во меѓувреме си се вози со мотори или хеликоптери.

„Фатени се со рацете во медот, документите покажуваат дека платил 7,8 милиони евра на фантомска фирма од Хонг Конг со тројца вработени за двојно поскапи вакцини од реалната цена. СДСМ и Владата претходно негираа за потоа да признаат дека навистина платиле. На СДСМ не може да му се верува. Наместо да спасуваат животи, гледаа да полнат џебови и за тоа ќе одговараат“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ31 минута

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија41 минута

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија52 минути

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија2 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет2 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија3 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет4 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет16 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион17 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт18 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ21 час

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија22 часа

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија22 часа

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија24 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија1 ден

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија2 дена

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија2 дена

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Досие