Контакт

Соопштенија

(Видео) Ѓорѓиевски: Политиките на Заев се колективна несреќа за македонскиoт народ

Објавено пред

Претставници на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска остварија средби со граѓани во Валандово.

Во однос на овие активности, обраќање имаше членот на извршниот комитет на партијата, Орце Ѓорѓиевски, кој оцени дека од средбите со граѓаните може да се види дека кај народот владее тага.

“Од цела оваа политичка, но и економска состојба моментално во државава може слободно да се каже дека Зоран Заев како политичар е колективна несреќа за целиот македонски народ и за Република Македонија. Наоѓаме негодувања кај народот и за економскиот дел на политиката каде што јасно се кажува дека не само што СДСМ не го спречи иселувањето на народот, туку напротив народот уште толку се иселува од Република Македонија. Немаме ниту едно вработување во последниов период, особено во овој регион луѓето се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во нивните семејства и се плашат дека може да ескалира и понатаму“, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Истакна и дека луѓето сериозно ги мачи и засега, како што рече, срамниот и штетен Договор со Грција.

„Може да се види дека сериозно се негодува од страна на нашиот македонски народ за тој договор и дека не го поддржуваат истиот и се исплашени за катастрофалните последици за нашата држава токму од тој договор“, изјави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој порача дека неговата партија нема да дозволи вечно да трае колективната катастрофа што Заев и ја прави на Република Македонија, односно дека заедно со народот ќе се изборат за победа врз, како што рече, режимот кој моментно е на власт.

Соопштенија

СДСМ: Трендот на раст на платите продолжува, економските политики даваат реални резултати

Објавено пред

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални, позитивни резултати во економијата, соопшти владејачката партија.

„Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето-плата исплатена во февруари 2019 изнесува 24.192 денара, односно поголема е 4,5 отсто во споредба со истиот месец во 2018 година.

Трендот на зголемувањето на платите продолжува и во иднина, и тоа во сите сектори, а со тоа се овозможува повеќе пари да остануваат за граѓаните, повеќе пари во секое семејство.

Овие податоци се потврда за дел од успешноста на економските политики и реформи на Владата предводена од СДСМ, кои ја стабилизираа економијата и ѝ дадоа позитивен раст.

Со интеграцијата на земјата во НАТО и почнувањето преговори за членство во ЕУ се очекува уште поголемо зголемување на инвестициите, отворање нови фондови, со тоа и зголемување на конкурентноста на македонската економија“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Единствена Македонија ги повика граѓаните да не излегуваат да гласаат

Објавено пред

Сведоци сме дека во тридецецениската плурална историја на Македонија не ѝ оди добро и менувањето на власта на претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не менува ништо. Сè повеќе Македонци се свесни за оваа ситуација и се обидуваат да најдат излез од оваа лоша состојба, истакна лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

„Затоа, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија, сега со право се прашуваат што на овие избори – да се излезе или да не се излезе на гласање? Денешната моја изјава е токму во оваа насока, да го пренесам одговорот на Единствена Македонија на ова многу битно прашање.

Ставот на Единствена Македонија е да не се излегува на гласање. Еве ги причините:

Познато е дека Единствена Македонија го поддржа кандидатот на „Македонија блокира“.
Познато е дека ДИК по налог на своите странски газди спречи да се соберат потребните потписи преку многубројни фалсификати и неотворање на подрачните канцеларии на ДИК и неотворање на дипломатско-конзуларните претставништва во странство поради што, околу 17.000 гласачи што ги имавме во нашите интерни списоци беа спречени да се потпишат. Тоа е веќе историја! За ова поднесовме и кривична пријава до ЈО.

По ова страшно злосторство од ДИК по налог на нивните странски ментори, Единствена Македонија како партија што секогаш е на првата линија во борбата за националните интереси, поаѓајќи од сопствената одговорност, не може да стои настрана во ови тешки моменти за државата дотолку повеќе како партија мора да го кажеме нашиот став за ова прашање!

А опциите се или да го поддржиме Пендаровски, или да ја поддржиме Силјановска, или да повикаме на неизлегување на изборите.

За Единствена Македонија, нема дилема. Во услови кога Единствена Македонија и македонскиот народ се силно вознемирени што нема македонски кандидат на изборите за одбрана на највисоките национални и државни интереси, одговорот дојде сам по себе.
Нашиот одговор е: Ги повикуваме македонскиот народ и поголемиот дел од граѓаните да не излегуваат на изборите.

Ние во Единствена Македонија сме свесни дека со бојкотот не се решава стратешкиот интерес на Македонија за поништување на актите на марионетската власт за бришење на сè што е македонско.
Меѓутоа, доколку бојкотот успее, се отвора патот за политичка криза и распишување парламентарни избори. А токму по следните парламентарни избори, било да се редовни или вонредни, може да го осигуриме стратешкиот интерес на татковината.

Единствена надеж за Македонија е доколку по следните парламентарни избори, дојде народна власт, прво, со определба да го поништи договорт за промена на името со Грција како спротивен на домашното и меѓународното право и, второ, да дојде народна власт за која светот е поширок и не завршува во Брисел.

Само така Македонија ќе го оствари својот базичен интерес за држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право и држава што има меѓународно правно признатото право да го носи името Република Македонија.

Ние во Единствена Македонија сме целосно спремни да бидеме предводници на тој процес.
Затоа, народот нема право на грешка на наредните парламентарни избори. А најголемата грешка би била ако продолжи македонската трагедија со воспоставениот двопартизам на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
За крај, во мое лично име и во името на партијата Единствена Македонија, ве повикувам, браќа Македонци и сестри Македонки и сите граѓани на Република Македонија, да не излегувате в недела на претседателските избори и на тој начин да не се добие потребниот цензус, изборите да бидат неуспешни, со што го отвораме патот да ја вратиме Република Македонија на илинденските и асномските принципи. Ние во Единствена Македонија сме целосно спремни да бидеме предводници на тој процес“, порача Бачев.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Опозицијата бара одговорност за „Големото око“, СДСМ тврди дека апликацијата не постои

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение повторно се осврна на апликацијата на СДСМ со која, како што тврди, се краделе лични податоци на граѓаните.

Опозицијата бара за случајот да се произнесе Јавното обвинителство кое со молкот создавало огромен сомнеж дека власта го користи овој момент за прикривање докази.

„Доказ дека СДСМ брише докази е фактот што по обелоденувањето на аферата ‘Големото око’, апликацијата веднаш беше повлечена, па потоа вратена, а кружат информации дека е сменет и серверот на кој биле складирани украдените лични податоци. ВМРО-ДПМНЕ апелира до Јавното обвинителство најитно да преземе мерки за пронаоѓање и санкционирање на инспираторите, нарачателите и извршителите на овој скандал што треба да заврши со узурпирање на волјата на граѓаните. Очекуваме дека освен нарачателите, оние кои го осмислиле и оние кои го реализирале ова навлегување во приватноста и крадење лични податоци, пред правдата ќе одговараат и оние кои помагаат да се сокријат трагите. Сите инволвирани треба да знаат дека ваквите дела не застаруваат. Одговорност за ова ќе има. Ова афера е само доказ како функционира СДСМ, криминогено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачкиот СДСМ возврати дека за сите измислени лажни вести ВМРO-ДПМНЕ ќе биде казнет од граѓаните, а тимот на Сиљановска треба да знае дека лажното пријавување е кривично дело.

„СДСМ веќе ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, не постои апликација којашто прибира податоци, лични информации, видеа, фотографии, ниту активности на интернет. Основното непознавање на технологијата и современите системи за водење кампања на застарената ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во минатото, е нивни проблем. ВМРО ДПМНЕ е партијата симбол на криминал од невидени размери, измами, најголема можна злоупотреба на институциите и загрозена приватност на граѓаните со масовно прислушкување“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите додаваат дека никој не верува во измислените филмови на ВМРО-ДПМНЕ, кои се остатоци од истата криминална матрица на Никола Груевски која се пресликала и во штабот на Гордана Сиљановска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201910 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија16 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија17 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија19 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија19 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија21 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа22 часа

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие