Контакт

Соопштенија

(Видео) Јанушев: Заев бега да се произнесе за губењето на идентитетот преку договорот со Грција

Објавено пред

Зоран Заев бега да се произнесе за губењето на идентитетот преку договорот со Грција, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев за време на својата посета во Берово.

„Гледаме дека преку кампањата што ја спонзорираат и финансираат со државни пари сакаат да прикажат дека патот во Европската Унија и НАТО се единственото нешто кое што се случува во овој момент. Што е апсолутно неточно, бидејќи единствено нешто што во овој момент губиме како држава и како нација тоа е нашето име, името на државата, меѓутоа и идентитетот. Во неколку наврати го повикувавме Премиерот Заев да одговори на неколку прашања кој што вешто ги избегнува“ изјави Јанушев.

Јанушев во својата изјава упати и апел до сите граѓани, како што рече, да земат да го прочитаат и да го разгледаат договорот и да се уверат дека навистина станува збор за капитулантски договор кој што не треба да се поддржи.

Соопштенија

Левицата повикува на бојкот на референдумот

Објавено пред

Од

Во духот на славната традиција на Крушевскaта Република, a инспирирани од Крушевскиот манифест кој ги повикува Македонците и Албанците на заедништво и заедничка борба против тиранијата, Левицата на 30 септември ги повикува Албанците заедно со Македонците и сите други етникуми масовно да го бојкотираат референдумот, велат од партијата.

„Не дозволувајте да бидете излажани од валканата пропаганда дека овој референдум има врска со повисок стандард и влегувањето на Македонија во ЕУ. Овој референдум има една и само една цел, а тоа е да ја внесе Република Македонија во НАТО на грбот на македонскиот народ во процесот на негово понижување, негирање и самоукинување. Да не дозволиме децата да ни гинат по светот за туѓи интереси“, се вели во соопштението.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година, па дали албанскиот народ е посреќен од македонскиот?, прашуваат од таму.

„Дали Албанија економски се развива, дали се градат училишта, болници, патишта, фабрики? Дали Албанците помалку се иселуваат? Не! Исто како Македонија, и Албанија економски се распаѓа! Сите ние тука тивко умираме, заедно едни покрај други, странци сме во сопствените земји. Затоа, национализмот и заблудата дека НАТО или некој друг ќе ни ја заврши работата дома треба да ги отфрлиме и да си ја земеме судбината во свои раце! Сите заедно и Албанци и Македонци! Заедно ќе ја изградиме оваа земја за сите еднакво“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ знае дека огромното мнозинство граѓани е „за“ европска Македонија

Објавено пред

Од

Залудни се измислиците и конструкциите на опозициската партија, граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку бојкотот, што активно го организираат, насилно да ја блокираат македонската иднина, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Граѓаните се определени за напредок, интеграција и развој и затоа в недела масовно ќе излезат и ќе гласаат ‘за’ европска Македонија. Надлежните институции се на висина на задачата и гарантираат организирање фер, слободен и демократски референдум. Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран“, се наведува во соопштението.

Како што се ближи датумот за референдум, додаваат од СДСМ, станува сè појасно дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и работат против иднината на Македонија и нејзините граѓани.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стаменковска: Незаконски и партиски вработувања во Централниот регистар

Објавено пред

Од

Во склоп на многуте огласи за незаконско и партиско полнење на јавната и државната администрација, власта не го заобиколи ниту Централниот регистар. Оваа исклучително важна државна институција се стави во погон на задоволување на партиските интереси на СДСМ со кршење на законите, изјави Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, на 9 август Централниот регистар објави оглас за вработување 34 лица во нерегуларна и противзаконска постапка.

„Централниот регистар, во согласност со матичниот закон, постапката за вработување треба да ја води во согласност со Законот за вработените во јавниот сектор и во согласност со Законот за административните службеници. Според Статутот на оваа институција, вработените во Централниот регистар се државни службеници. Дали е вистина дека директорката на Централниот регистар си донела колективен договор во кој имплементирала одредби со која си дозволува вработувања во согласност со Законот за работните односи. Објавувајќи го огласот за новите партиски војници на СДСМ, таа врши противзаконско вработување ставајќи го колективниот договор над Законот. Ваквите и слични начини на вработување се дел од кампањата на СДСМ за партизирање на институциите од јавниот сектор“, изјави таа.

„Дали кршењето на законите и нивно заобиколување е европска вредност што ја буди СДСМ?ВМРО-ДПМНЕ досега информира за незаконските вработувања и, за жал, не добивме одговор од ниту една институција ниту некој се охрабри да нѐ демантира. Министерството за финансии молчи, молчат и другите засегнати институции. Агенцијата за администрација немоќна поради големата независност ги отстапи надлежностите на Агенција за вработување, поточно Владата со задолжение ја овласти Агенција за вработување да ги контролира годишните планови и да не дозволува да се пријавуваат административните службеници во работен однос.

Можеби медиумите, ОЈО, инспекциските органи, ви ветиле 1.000 дена безгрижно и незаконско работење, но ние ќе информираме и ќе ги потсетуваме сите за вашето незаконско и скандалозно работење. Незаконието станува пракса со СДСМ на власт. Граѓаните се жртви на неодговорноста на власта. Ова мора да запре. СДСМ мора да си оди. Одговорност за ова незаконско работење мора да има. Наше е да ве информираме, а ваше е да запаметите!“, изјави таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставните измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставните измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ3 часа

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија3 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет5 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија6 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион6 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава7 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет7 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион8 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет20 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион22 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија23 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија24 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток1 ден

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток1 ден

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие