Контакт

Соопштенија

(Видео) Јанушев: Заев има листа за сигурен пораз, останува да се види колку катастрофален ќе биде

Објавено пред

СДСМ вчера ги претстави пратеничките листи, кои не се ништо друго освен спас на политичката кариера на криминално-рекетарската банда на чело со Заев, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Ова е листа за пораз. Заев настапува со стари истрошени и компромитирани кадри на кои сака да им обезбеди пратенички имунитет зошто така мислат дека нема да одговараат. Нема никаква свежина и ниту еден нов лик. Тоа е приказ за атрофирана партија која не извлекува поука од граѓаните“, истакна Јанушев.

Тој зборуваше за политичката позадина на носителите на листи на СДСМ, а особено се задржа на Зоран Заев и кажа дека за неговата криминалност може да се зборува со часови.

„Само да споменеме дека тој во моментов е единствениот аболициран политичар кој ја искористи премиерската позиција да обезбеди дополнително уште неколку повлекувања на обвиненија за очигледен криминал. Тој е клучниот лик околу кој се врзува и најголемата афера во Македонија, аферата ‘Рекет’, за која знаел од самиот нејзин почеток и на извесен начин ја помагал. Овозможи на своето семејство милионски бизниси со марихуана, но и матни зделки со РЕК Битола, при што го направи кланот Заев најбогатото политичко семејство во Европа“, нагласи генералниот секретар на на партијата.

Според него, поразот на Заев е сè поизвесен, а по овие листи веќе останува да се види само колку катастрофален ќе биде.

„Македонија е на нозе, а обновата пристига и Заев не може тоа да го спречи“, кажа Јанушев.

Македонија

Левица: Владата доцни три недели со конкурсот за студентски легла

Објавено пред

На само три дена од одложениот почеток на учебната година, не се знае изборот на студентите кои би добиле место во редуцираните капацитети на студентските домови, иако според најавите на Владата истиот требаше да биде објавен пред три недели, велат од политичката партија Левица додавајќи дека стотици студенти се во неизвесност и стрес заради можното отсуство од наставата.

„МОН и Владата немаат конкретни одлуки и насоки за цел дијапазон прашања што ги вклучуваат и наставниците и учениците и студентите и нивните родители. Ресорното Министерство за образование и наука издава општи соопштенија, наменети за површна медиумска присутност, но не и за ефективна и практична употреба од страна на идните академски граѓани. Во изминативе шест месеци, ресорното министерство ‘успеа’ да објави Конкурс за студентско сместување на 28.07.2020, но не и да ги процесира и објави резултатите навремено за студентите кои зависат од тоа. Исто така, успеа на 23.09.2020 само да даде општо соопштение на веб-страницата на МОН дека ќе предложи до Владата (која ќе предложи до Собрание) Предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард. Со најавениот предлог, на студентите и учениците кои конкурирале за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом – ќе им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите“, велат од Левица.

Како што се додава во соопштението, за да ја остварат оваа помош, студентите и учениците треба да се пријавуват на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, која е сѐ уште неактивна, односно неупотреблива.

По овој план, според Левица, јасно е дека наместо да се оспособат други јавни капацитети за студентско домување кои ќе останат во функција и наредните години – буџетските средства ќе се издвојат по непознати критериуми, за еднократна активност (покривање трошок за сместување), што не го прават ни најбогатите држави во светот. Од политичката партија оценуваат дека со ова темпо на динамика на решавање на круцијални прашања за студентите – очигледно е дека ресорното Министерство се однесува како набљудувач, а не лидер на ситуацијата, додека учениците и студентите немаат информација како ќе го решат сместувачкото прашање оваа година.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека тонeме во економска криза

Објавено пред

Ниту едно соопштение на СДСМ не може да го покрие фактот дека Македонија тонe во економска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на тврдењата од владејачката партија дека и во време на пандемија земјата е атрактивна дестинација за инвестиции.

„Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека поради нивната неспособност без работа останаа над 40.000 граѓани. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека над 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата и денот го поминуваат со помалку од 50 денари. Ниту едно соопштение на СДСМ нема да го скрие фактот дека даноците енормно растат. Во првите денови од нивното доаѓање на власт, СДСМ ја покачи струјата за 7,4%“, се нагласува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека наместо нови инвестиции, СДСМ донел повеќе криминал и корупција во Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: И во време на пандемија сме атрактивна дестинација за инвестиции

Објавено пред

Инвеститорите ја препознаваат позитивната стабилна клима за вложување во нашата економија и отворениот и инклузивен пристап на Владата за креирање услови за побрз развој и одржливост на стопанството, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека процесот на реализација на директните странски инвестиции се одвива тековно и во време на пандемијата со коронавирусот.

„За тоа зборува вториот инвестициски проект на компанијата ‘ВИК (WIK) Македонија’ во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп, кој доби државна поддршка. Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица“, се нагласува во соопштението во кое се додава дека тоа е потврда за позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата, како и предност од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион1 час

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Македонија2 часа

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија2 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Свет2 часа

Ерменското Министерство за одбарана: Азербејџан претрпе големи загуби

Претставникот на Министерството за одбрана на Ерменија, Акркрун Ованисјан, изјави дека азербејџанската армија претрпела големи загуби во судирот во Нагорно-Карабах...

Македонија3 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија14 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија15 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион16 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет17 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет18 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ19 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија19 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија20 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ22 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа22 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет22 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ24 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа1 ден

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Досие