Контакт

Соопштенија

(Видео) Јанушев: СДСМ за две години изгуби 300.000 гласа

Објавено пред

СДСМ за две години со своето погубно владеење, неправдите, криминалот и корупцијата загуби околу 300.000 гласа. Заев и Пендаровски ја уназадуваат Република Македонија и граѓаните тоа го казнија, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо голи флоскули како СДСМ, ќе презентираме бројки и факти. СДСМ тоне и за тоа нема спас. Коалицијата што ја предводеше СДСМ во 2016 година броеше 14 партии, во 2017 година броеше 24 партии, а сега бројат е над 30. Но, додека бројот на партии расте, бројот на гласови вртоглаво опаѓа. Коалицијата предводена од СДСМ, во која се партиите ДУИ, ДПА, ДОМ, ЛДС, ДП, ВМРО – НП, Обединети за Македонија, и уште 20 други партии, на овие избори освои само 323 илјади гласа, ова е пад од речиси 200.000 гласа на истата оваа гарнитура од политички партии, кои заедно во 2017 година освоија над 523 илјади гласа.  Граѓаните им кажаа ‘не’ на негативните политики, криминалот, корупцијата и непотизмот. А Заев и Пендаровски за само една година паднаа за речиси 200.000 гласа“, рече Јанушев.

На 5 мај, додаде тој, граѓаните ќе ги поразат Заев и Пендаровски.

„Поразот на Пендаровски е крај за Заев и целата деструктивна и криминогена политика во изминатите две години. ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова се за право и правдина за Македонија и во Македонија. Ние се залагаме за подобра иднина, посилна економија, чиста животна средина, зголемена безбедност, депаритизирана администрација, независно судство и буквално, ама буквално, почитување на принципите и вредностите на кои се темелат модерните демократии“, рече Јанушев.

Соопштенија

СДСМ: Преку мерката „зелена” нафта ќе се вратат 200 милиони денари кај земјоделците

Објавено пред

Цели 11 години земјоделците беа цел на притисоци, закани, уцени заради остварување на личните бизнис-интереси на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.НавикнатА на грабање пари и осиромашување на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека се намалуваат трошоците на земјоделците и сè повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети, се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, единствено нешто што ВМРО-ДПМНЕ прави за земјоделците е ширење лаги и манипулации.

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не ги дели земјоделците по партиска линија и не прави селекција на подобни и неподобни земјоделци. Тоа се покажа и со навремената и неселективна исплата на субвенциите по тековните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Денес Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој потпиша договор со приватна компанија, со што до крајот на месецот земјоделците ќе можат да користат евтино гориво.

Со мерката ,,зелена” нафта 200 милиони денари ќе се вратат кај 55 илјади земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште.ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците.Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остануваат посветени на грижа за земјоделците преку реални мерки, враќање на достоинството на земјоделството и обезбедување повеќе пари за секој земјоделец”, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше препораките на УНЕСКО

Објавено пред

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше препораките на УНЕСКО и се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид, денес Владата преводена од СДСМ со сите сили се бори да го заштити културното и природно наследство на Охрид. Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, по 11-годишниот пустош што му го направи на Охрид и Охридскиот Регион”, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство поради целиот игнорантски однос на препораките на УНЕСКО од една страна и нивниот целосен фокус на криминал од друга страна.

„Охриѓани многу добро знаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го разобличи ликот на Плаошник.Граѓаните убаво се сеќаваат и на белосветските измамници како Субрата Рој кои Груевски ги најавуваше како странски инвеститори. Охрид и Охридскиот Регион беа во немилост на криминалната ориентација на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, експертската јавност и невладиниот сектор интензивно и посветено работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.Владата предводена од СДСМ и надлежните институции ќе направи сè да се спроведат препораките од УНЕСКО и да се заштити природното и културно богатство на Охрид и Охридскиот Регион”, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Струјата остана непроменета, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра

Објавено пред

Концептот на Владата предводена од СДСМ за враќање пари кај граѓаните е базиран на реални и остварливи мерки што даваат резултат, соопшти СДСМ.

„Реформите во енергетиката даваат резултат. Цената на струјата останува непроменета 2 години, а ЕСМ бележи акумулирана добивка од 40 милиони евра.

Ја вративме евтината тарифа на струјата, која донесе до 11 милиони евра годишно заштеда кај граѓаните.

За споредба, на пример, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Христијан (Хидро) Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, цената на струјата поскапе 100 отсто, а евтината тарифа беше укината.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години грабаше пари од граѓаните, СДСМ враќа пари назад кај граѓаните. Зборот важи!“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија1 час

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион4 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија6 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија6 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија9 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија9 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија10 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија10 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија11 час

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија13 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава14 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет14 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет15 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион16 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт1 ден

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет1 ден

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Досие