Контакт

Соопштенија

(Видео) Јаулески: Студентите во студентските домови повеќе од две недели се оставени без топла вода и парно греење

Објавено пред

Зоран Заев и Радмила Шекеринска не се тушираат со студена вода во своите луксузни бањи. Тие и нивните блиски уживаат на јахти и мотори, а за студентите е луксуз да добијат топла вода. Ветуваа студентски градови и подигнување на студентскиот стандард, а ги вратија студентите 15 години назад, обвини Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Студентите во студентските домови повеќе од две недели се оставени без топла вода и парно греење. Власта не работи за младите, власта работи против младите. Студентите во студентските домови не може да си ги остварат основните потреби. Тие со недели немаа ниту топла вода ниту греење, а температурите се сè пониски. Студентите живеат во супстандардни услови. Иако редовно ги плаќаат обврските кон државата, обврските за домување, добиваат ризик за нивното здравје.

Исто така, и храната во студентските домови не ги задоволува санитарите и калориските стандарди. Во неа редовно може да се најдат бубачки, догорчиња и игли! Вака се хранат идните академски граѓани кои треба одново да ја градат државата што СДСМ ја уништува!

Ваквата состојба во студентските домови е резултат на негрижата и неспособноста на актуелната власт на СДСМ. Реализацијата на капитални инвестиции изнесува очајни 27 проценти, нема нови проекти за младите, стопирана е реконструкцијата на студентските домови. Нема ништо ниту од ветувањата за изградба на студентските градови.
Ветувањето за младинска гаранција исто така остана уште една шарена лага на власта, а СДСМ дополнително скрати милиони евра со ребалансот на буџетот наменети за изградба на основни и средни училишта, превод на книги од светски реномирани автори и други проекти во интерес на младите.

ВМРО-ДПМНЕ знае што им треба на младите, а во новата програма на партијата тие ќе бидат врвен приоритет. На Македонија ѝ требаат младите кои одново ќе треба да ја изградат државата од пустошот што го оставија Заев и СДСМ!“, порача Јаулески.

Соопштенија

СДСМ: Додека Заев во Брисел се бори за државните интереси, ВМРО-ДПМНЕ поставува блокади

Објавено пред

Додека премиерот Зоран Заев во Брисел се сраќава со политичкиот врв на Европската унија и прави сѐ да продолжи интегративниот процес, бранејќи ги националните и државни интереси, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, шири лажни вести и блокира сѐ што е во интерес на граѓаните, велат од СДСМ.

„Блокадите на Законот за Клинички центар, Законот за служба во Армијата и други двесеттина закони покажува дека во оваа партија нема ништо патриотско, туку дека едноставно се на спротивната страна од интересите на граѓаните“, се нагласува во партиската реакција.

Според владејачката партија, поради таквиот однос ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шест пати се казнуваат од граѓаните и уште долго ќе бидат опозиција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните

Објавено пред

Во рамки на агендата предвидена за претстојниот период насловена како „Пратениците со народот“, пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ остварија средби со граѓани од повеќе населени места, со кои поразговарале за актуелните случувања во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и во однос на политичката ситуација.

Како што информираат од опозициската партија, пратеникот Александар Велјановски од Тетово ги посетил жителите од населените места Јегуновце, Прељубиште и Подбреѓе со кои разговатал за актуелните случувања во државата и проблемите со кои се соочуваат во секојдневието.

„Жителите на Прељубиште велат дека најголем проблем им претставува лошата инфраструктура, водоводот, како и дивата депонија која го загрозува здравјето на луѓето. Згора на тоа, единствениот простор кој се користи за рекреација на децата, кој е во приватна сопственост е обраснат и руниран, а со тоа младите немаат можност за спортување. Најнезадоволни се жителите на населеното место Јегуновце, кои велат дека селото е запуштено и тотално заборавено од централната и локалната власт. Жителите се соочуваат со бројни проблеми меѓу кои лошата патна инфраструктура, немањето на нови проекти кои ќе помогнат во секојдневното живеење, како и пропаднатиот стадион на ФК Југохром, кој како што велат жителите бил нивна гордост. Најголема загуба чувствуваат од затворената фабрика Југохром и немањето работни места за мештаните“, се наведува во соопштението од средбата со граѓаните.

Пратениците Ане Лашкоска и Петар Ристески, заедно со претседателот на ОК ВМР-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски ги посетиле жителите на населените места Ерековци, Канатларци, Селце и Тополчани, кои ги споделиле нивните проблеми во секојдневното живеење и земјоделието.

„Незадоволството кај сите веќе ја прелева чашата и луѓето велат дека ваквата ситуација во државата повеќе не се поднесува. Најогорчени се земјоделците кои велат дека државата еднострано веќе им ги раскинува договорите за концесија на земјиштата, а задкулисно сака да изгласа закон за продажба на земјоделско земјиште, што за земјоделците ќе знаци целосен крах. Покрај овие проблеми, тутунарите велат дека тони тутун им скапува во подрумите, бидејќи трудот не им се вреднува и килограм тутун вреди исто како да го даваат без пари, па затоа веќе втора година останаа без нивната заработка. Посакуваат брза смена на власта и стабилизирање на економијата во земјата, бидејќи како што велат, доколку државата продолжи да функционира на ваков начин, Македонија нема светла иднина“, наведуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мицкоски: Целосно расветлување за „Мафија“ ќе има

Објавено пред

Ако некому не му беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата „Мафија“ се обично топовско месо со симболични казни преземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР, зошто се судени само за злоупотреба на службената должност по членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага, одговорот на сето ова следува во видеото каде што Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома, посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалните мрежи.

Според него, целосно расветлување на случајот ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа, како што ја нарекува, мафијашка влада.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Фаучи: Наскоро без маски во затворен простор, мора да почнеме да живееме послободно

Луѓето би можеле да продолжат да носат маски уште неколку години за да спречат ширење на респираторни инфекции, изјави Ентони...

Регион23 минути

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани откако Вучиќ вети по 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија30 минути

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница, со повеќе точки на дневниот ред , информираат владините служби. На седницата,...

Свет1 час

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицираше индискиот сој на коронавирус, исто така познат како „двоен мутант“, како можност од нова...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион12 часа

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија19 часа

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија19 часа

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија21 час

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија23 часа

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија24 часа

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет1 ден

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Свет1 ден

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож на Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба кога биле прободени со нож во супермаркет на Нов Зеланд,...

Свет1 ден

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет1 ден

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет2 дена

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион2 дена

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ2 дена

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија2 дена

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Досие