Контакт

Соопштенија

Владина делегација положи венец за помен на загинатите припадници на ЈНА

Објавено пред

Делегација на Владата, предводена од националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов, денеска, положи венец на споменикот „Мајкино скршено крило“ на плоштадот Слобода.

Претставниците на Владата им оддадоа почит на педесет и четворицата загинати припадници на поранешната ЈНА, кои настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година, а потекнуваат од нашата држава.

На настанот, кој е во организација на Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92, во соработка со националниот координатор за воени и полициски ветерани, присуствуваа и положија цвеќе и претставници на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегација на претседателот, Стево Пендаровски, и делегациja предводенa од началникот на Генералштабот на АРСМ.

 

 

Соопштенија

СДСМ: Го осудуваме нападот врз Палевски, институциите да го расветлат случајот

Објавено пред

СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето Трета.

„Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец. Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани.

Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Платформата за онлајн настава не е завршена, учениците немаат ниту електронски, ниту печатени учебници

Објавено пред

„На само две недели пред почетокот на новата учебна година на први октомври повторно хаос во образованието.До училиштата не е доставена скратена програма изработена од БРО, за да можат наставниците да се подготват“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во август директорите на училиштата, назначени од Владата на СДСМ и ДУИ ги викаа наставниците итно од годишен одмор, за да го креираат годишниот училишен план, за сега да го поправаат. Се покажа дека дел од училиштата го предале, а дел не, но поважно од тоа е што тој поради скратување на училишната година за 138 училишна часа, сега треба да се преправа.

Почитувани,На само две недели пред почетокот на новата учебна година на први октомври повторно хаос во…

Posted by Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ on Четврток, 17 септември 2020

„Платформата за онлајн настава сè уште се изготвува, а наставниците, родителите и учениците се речиси во паника поради нејзино непознавање и потребата од обука. Колку за информација, во руралните средини и подрачни училишта наставниците им ја инсталираат платформата на учениците при што две до три деца користат еден компјутер.

Интернет-врските во огромен дел од училиштата се лоши и во огромен дел од училиштата наставниците немаат компјутери, лаптопи, па дури ни таблети. Сосема е јасно дека 30.000 компјутери не може да се набават за 30 дена.

Предупредувавме на време и потсетуваме на роковите за спроведување на набавките. Немаше кој да нè слушне, затоа што во тек на летото сè беше поважно освен образованието, изборите, кампањата, масовниот легален поткуп, сè друго, но не образованието.Нема печатени и нема електронски учебници. Од заштедите што училиштата ги остварија во претходното полугодие, директорите на СДСМ и ДУИ наместо да набават опрема, да го засилат интернетот, да набават средства за хигиена, фарбаа, менуваа врати, поправаа огради, поправаа фасади и менуваа светилки.Учебната година можеби и ќе почне на први или на петти октомври, ама учењето не, јасно е како бел ден“, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Владата отвора фронт против корупцијата, следува ред, правда и дисциплина

Објавено пред

Новата ефикасна и одговорна Влада преводена од СДСМ отвора длабинска и неселективна борба и фронт против криминалот и корупцијата, цврсто одлучна да обезбеди редот и законот да важат за сите и секаде еднакво. Во новата програма на Владата поставени се јасни столбови во борбата против корупцијата, преку воспоставување прецизни и соодветни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни фактори, соопшти СДСМ.

Според партијата, транспарентноста и отвореноста се врвен приоритет, а тие ќе бидат спроведени од највисоко до најниско ниво.

„Ќе се работи на развивање системска алатка и концепт за следење на парите и капиталот на функционерите за да може да се превенира незаконско зголемување на имотот на функционерите за време на вршење на јавната должноста и на сервис и одговорност кон граѓаните. Се работи на ревидирање на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и функционерите именувани од Владата, а главната максима во неговата имплементација е нулта толеранција за корупција, нулта толеранција за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да сноси одговорност.

Сите надлежни институции, како што се МВР, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, УЈП, инспекторатите и целата извршна моќ и институциите што имаат надлежност и се платени од граѓаните да се борат против криминалот и корупцијата, редовно ќе се координираат и ќе се премостат сите пречки во нивната меѓусебната комуникација. Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, чесни, одговорни и искрени кадри, на што во следните четири години Владата ќе посвети сериозно внимание. Владата предводена од СДСМ е цврсто решена да обезбеди ред, правда и дисциплина и силни, ефикасни и професионални институции и тоа ќе го стори во новиот четиригодишен мандат“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ12 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет12 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија13 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ13 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ15 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура16 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија17 часа

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија18 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Македонија18 часа

ЗНМ повикува на транспарентна и непристрасна истрага за рекламирањето на партиите на последните избори

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага...

Македонија19 часа

(Видео) Костадинов: Односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство, изјави портпаролот...

Македонија19 часа

Владата: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на...

Македонија20 часа

Целиот тим на ракометниот клуб Голден арт КЛ7 во изолација поради коронавирус

Ракометниот клуб Голден арт КЛ7 ги информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на...

Македонија21 час

(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија22 часа

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион22 часа

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Свет22 часа

Се затвора џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија „Ал-Акса“ во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет23 часа

Трамп го нарече докторот збунет, а тој му одговори: Маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината против коронавирусот е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет24 часа

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет24 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Досие