Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев по налог на Заев се обидува да ја измами јавноста

Објавено пред

„Таа дупка не е дупка“, е основната поента на прес-конференцијата што ја одржа Кочо Анѓушев. Анѓушев по налог на Заев повторно се обидува да ја измами јавноста со презентирање поинаква состојба со странските директни инвестиции. Зоран Заев и Кочо Анѓушев се патолошки лажговци. Друго образложение за апсурдниот настап нема, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, денес, Кочо Анѓушев ја манипулира македонската јавност. Тој ја оспорува методологијата на НБРМ и од тековите по основ на странски директни инвестиции ги исклучува должничките инструменти, нешто што никогаш не се правело, дури ни на претходните прес-конференции држени од него.

„Зошто Анѓушев не призна дека заедно со Заев лажел за 2018 година и не објави дека странските директни инвестиции во 2018 година не изнесуваат 624 милиони евра, туку 395 милиони евра, доколку се исклучат должничките текови. Измамниците Заев и Анѓушев ги презентираат податоците мислејќи дека никој не разбира што прават. Доколку Заев и Анѓушев не знаат да читаат и не ги разбираат извештаите, нека ангажираат некој што ќе им го протолкува и извештајот на ЕК, во кој има зачуденост од ниската реализација на капиталните инвестиции, потфрлањето во растот и расфрлањето со парите на граѓаните. Со секој ден на Заев и Анѓушев во Владата во Македонија се живее сè потешко. Време е измамниците да се изметат“, се додава во соопштението.

Соопштенија

Царовска: Социјалната реформа обезбедува подобар живот за 300.000 граѓани

Објавено пред

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, ги продолжи средбите со граѓаните и разни целни групи. Денеска, на средба со Ромите од населбата Ѓорче Петров, Царовска порача дека реформите што ги реализира СДСМ во социјалата директно влијаат на подобрување на животот на над 300.000 граѓани

„Со социјалната реформа обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, го враќаме достоинството и го креваме животниот стандард. Социјланата помош ја зголемивме над 300 отсто. Во споредба со претходно, 20 пати го зголемивме бројот на дечиња на кои сега им следува помош од државата. Конкретно, со новата социјалната реформа 22.374 деца земаат детски додаток, а 8.678 деца добиваат образовен додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 2.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија“, рече Царовска.

Таа рече дека одлуката за покачување на пензиите од 900 денари, која, од друга страна, го следи растот на платите во државата, е најголемо покачување на пензиите досега и покажува вистинска грижа за постарите, но и за идните пензионери.

Царовска зборуваше и за предлог-законот за неевидентираните лица во Матичната книга на родените, со кој ќе го решат долгогодишниот проблем на неевидентираните граѓани.

„Овие наши граѓани премногу долго живееја на маргините на нашето општество. Со ова наше решение преточено во закон, кој веќе ја помина владината процедура, овозможуваме право на здравствена и социјална заштита и редовен работен однос. Нивните деца, конечно, ќе може да се вклучат во образованиот процес“, дополни таа.

На денешната средба со граѓаните од Ѓорче Петров се дискутира и за активните мерки за вработување, кои се дел од оперативниот план, за што оваа година се издвоени 1,1 милијарда денари.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Муцунски: Актуелната власт нема капацитет да ги спроведе потребните реформи

Објавено пред

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со директорката на одделот за Западен Балкан при службата за надворешни работи на ЕУ, Елса Фенет.

„Муцунски на средбата истакна дека најголем проблем со кој се соочува државата се криминалот и корупцијата и нивната неказнивост. Тој посочи дека се потребни суштински промени во правосудниот систем за борба против случаите на висока корупција“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ додал дека актуелната власт нема капацитет да ги спроведе потребните реформи.

„Муцунски додава дека новата влада што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на суштински промени во правосудството и спроведување на реформските приоритети. Муцунски потенцира дека членството во Европската Унија е стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија и дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и програма што ќе ја донесе државата на брза патека за членство во Унијата“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Да не беше трагична, одлуката за Јанева ќе беше смешна

Објавено пред

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Апелациониот суд, ексшефицата на СЈО од затворски да биде преместена во куќен притвор.

„Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска-судството и Русковска-обвинителството од начинот на кој ја водат истрагата за случајот ‘Рекет’. Од почетокот негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека сè било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор, Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. По тоа, следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесирана откако и таа претходно ги изгуби двата телефона“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е, додаваат од партијата, дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“, само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот – Зоран Заев.

„Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени кога криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12 април“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 час

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија12 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа13 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија15 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет17 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија17 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија19 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ19 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија20 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија21 час

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ22 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата23 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија23 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа24 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет2 дена

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија2 дена

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија2 дена

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија2 дена

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Досие