Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата

Објавено пред

Зоран Заев мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата, која е основно демократско средство во политиката. Оваа дебата не е само за собирање политички поени и надмудрување помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку станува збор за дебата на која ќе се разговара за суштински прашања што задираат во идентитетот на државата и треба да му помогнат на народот да одлучи во каква Македонија сака да живее, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев.

Според партијата, не му е тешко на Заев да застане на некој митинг на кој ќе глуми дека бара камшици, а партиските функционери ќе му аплаудираат бидејќи им дели тендери и криминални иновации. „На Заев не му е тешко на митинг да лаже 30-ина активисти на СДСМ дека здравството било бесплатно во Германија или дека ќе има подобри вакцини за нивните деца ако го поддржат во промената на името на државата бидејќи тие очекуваат работа и милостина од него за да може да преживеат.

Заев знае дека е многу потешко кога ќе се соочи со вистината за неговата капитулација и кога ќе му бидат предочени сите аргументи за злото што ѝ го нанесува на државата.
Затоа, Зоран Заев се плаши од дебата. Тој е свесен за економскиот пустош и антидржавните политики што ги спроведе“, соопшти партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев бега од одговори бидејќи не може да го оправда губењето на идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија.

„Тоа е причината поради која Заев ги потценува граѓаните и смета дека тие немаат право сами да одлучат. Капитулантското дело што го потпиша Зоран Заев е без оправдување и на директна штета на Република Македонија, токму затоа Заев бега од дебата бидејќи не може да ја оправда штетата што ѝ ја причини на државта. Заев трајно ги наруши преговарачките позиција на Република Македонија, кои беа градени од страна на сите влади од независноста досега. Оваа Влада, покрај лошите меѓународни политики, ѝ нанесе и тешки удари на економијата. Повеќе од една и пол година економијата тоне, граѓаните се сè посиромашни, а иселувањето што најавуваа дека ќе го запрат – не само што не го запреа туку и го забрзаа. Граѓаните разочарани од лошите политики не гледаат перспектива во Република Македонија под власт на Заев. Заев, наместо да бега од дебати и соочување, со што сака да ги скрие својата неспособност и штетност, треба да си даде оставка пред штетите што ќе ѝ ги нанесе на државата да бидат ненадоместливи“, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ:Непотизмот е столбот на кариерата на пионот Мицкоски

Објавено пред

,,Непотизмот и криминалните шеми се двата концепта околу кои се врти целата кариера на антизападниот пион Мицкоски, чија единствена политичка агенда останува заштита на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски. Пред да одржува празни, рециклирани прес-конференции, портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да го праша својот шеф како од толку професори на Машинскиот факултет, Мицкоски станал асистент кај својот татко?

Портпаролот на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да го праша Мицкоски како токму тој од Владата на неговиот ментор Груевски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали во време кога е советник”, се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, лагите и измислиците се веќе видена форма на комуникација од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Исто како што партизацијата на институциите и злоупотребувањето беа апсолутна асоцијација за ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски, која 11 години масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите. Со реформите, институциите работат слободно, независно, одговорно и во интерес на граѓаните. Сега сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и критериуми.

Вработувањето за кое денеска лажно обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, како што е веќе јавно објавено, е времено на одреден период до крајот на годинава. Преку истиот оглас се вработени и други лица за кои институцијата проценила дека ќе бидат потребни и компетентни за извршување на работните обврски, и тоа е јавно соопштено”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Груевски мора да ја одлежи затворската казна

Објавено пред

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно потврдуваат дека се на браникот на одбраната на криминалниот Никола Груевски.Не само што по секоја цена го бранат криминалот на осудениот Груевски, туку Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку јавни притисоци се обидуваат да ги спречат институциите да ја вршат својата работа, соопшти СДСМ.

Според партијата, како што е јавно познато, автомобилите за коишто денеска врвот на ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува, поминале оттаму бидејќи во хотелот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ бил сместен генерал на алијансата.

,,Легитимирањето поединци и проверката на автомобили е рутинско дејствување на припадниците на полицијата.Никој, па ниту членовите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се над законите и правдата. Секој граѓанин без разлика на партијата што ѝ припаѓа, има обврска да се легитимира ако тоа му биде побарано од овластено службено лице. Едно да им биде јасно на пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ: правда ќе има, Груевски ќе понесе одговорност, мора да ја одлежи казната што му ја одреди судот”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГДУ: Се надеваме дека Спасовски веќе си подготви оставка поради бегството на Груевски

Објавено пред

Од партијата Граѓанско-демократска унија (ГДУ) преку соопштение јавно му се обратија на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во кое изразуваат надеж дека веќе во овој момент му ја врачил својата оставка на премиерот.

„Логично денеска сите си го поставуваат прашањето како поранешниот премиер со одземен пасош успеа да ја напушти Македонија? Додека зборувавте за зајакнато полициско присуство на излезот од Скопје и на граничните премини, Груевски се јави од Унгарија“, се наведува во партиското соопштение.

Оттаму истакнуваат дека покрај Груевски, од државата успеал да избега и Јетон Љужа, третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски – Саздо од навивачката група „Комити“.

„МВР со денови молчеше и не кажуваше кој е третиот што учествувал во убиството на 21-годишното момче. Кога се одважи министерството предводено од Спасовски да го открие, тој веќе не беше во земјава. Неодамна среде Скопје со испукани над 25 куршуми од ‘калашников’ од возило во движење, две лица беа брутално убиени. МВР по повеќе од еден месец не успеа да открие кој пукаше од зелениот ‘ленд ровер’. Не се фатени ниту убијците на Дилавер Бојку и Мартин Јанушев“, велат од ГДУ од каде што констатираат дека премиерот има сериозни проблеми со својот кабинет и, како што велат, козметички рокади нема да бидат доволни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија1 час

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија3 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија4 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања6 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија6 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток7 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија7 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија7 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток8 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија10 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет10 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија10 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа11 час

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет11 час

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија12 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија13 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија13 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија21 час

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија1 ден

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Досие