Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ:Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни

Објавено пред

Неспособноста на владата да ги испорача реформските приоритети, неиплементирањето на судските реформи, организираниот криминал, високиот степен на корупција, нарушеното функционирање на институциите, бројните скандали и однесувањето на функционерите на власт, не само што на Македонија нема да и донесат датум за преговори со Европската Унија, туку ќе ја доведат државата и граѓаните во поголема криза, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Спред партијата, ,,пораките и препораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Република Македонија, не допираат до Зоран Заев. Тој бесрамно се самонагради со незаслужен одмор за неспособното работење”.

,,Заев наместо да ги засука ракавите и да почне да работи на проблемите со кои се соочува државата, за да им обезбеди европска иднина на граѓаните, главна преoкупација му е со каков мотор ќе се вози.Ноншалантното однесување на Зоран Заев, лагите дека сме добиле чист датум за преговори ќе ги чинат граѓаните повторно разочарување. Со ваков премиер Република Македонија ќе оди само назад, државата ќе продолжи да тоне, а резултатите од неработењето ќе бидат повторно на товар народот.

Нема сомнеж дека сериозните европски партнери ќе го казнат неработењето на Заев, кој ќе треба да поднесе одговорност зашто ги трошеше државните пари за прослави по повод добивање на наводен датум за преговори со Европската Унија. Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни,затоа што владата нема капацитет да ги испорача критериумите, а единствени реформи се скапите мотори на Заеви”, се додава во соопшението.

Соопштенија

ДУИ: Граѓаните да не одбиваат тестирања и да се придржуваат до мерките

Објавено пред

Демократската унија за интеграција (ДУИ) апелира до граѓаните во овие моменти најсериозно да постапуваат по прашањата поврзани со заштитата на јавното здравје.

„Да ги избегнуваме фамилијарните и пријателските собирања да ги прифатиме тестирањата и анкетирањата, максимално да одржуваме хигиена, да не излегуваме од дома без заштитни маски и да држиме физичко растојание“, истакнуваат од оваа партија.

Воедно ги повикуваат граѓаните да не ги одбиваат тестирањата, да соработуваат при анкетирањето и да ги одбегнуваат сите околности каде можат да се изложат на можна инфекција.

Вирусот Ковид-19 е присутен и се проширува, а сите заедно треба да го спречиме, порачуваат од ДУИ.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ-кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати

Објавено пред

Непочитувањето на препораките на здравствените експерти резултираше со десетици заболени високи функционери на СДСМ. Да ги почитуваа препораките немаше да ги доведат во опасност сопствените животи и животите на граѓаните. За жал, нивното здравје го ставија зад политичките потреби на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ-кластерот брза на избори во ситуација кога имаме стотици заразени и нови починати лица. Брзајќи за избори, СДСМ, Филипче и Заев заборавија на здравјето и животите на граѓаните. Поради нивната неодговорност, во Македонија имаме црни биланси. Последното деноноќие во Македонија има 101 нов заболен и 4 починати лица од епидемијата со коронавирусот. Македонија има вкупно 2492 заболени и 145 починати, со што сме рекордери во целиот регион по овие параметри на еден милион жители, а Заев и СДСМ сè уште зборуваат за нова нормалност и избори. Тоа покажува дека се тотално одлепени од реалноста. Брзаат на избори и по цена на животите и здравјето на граѓаните, само за да го ублажат поразот и на тој начин да му ја спасат кариерата на Заев“, се наведува во соопштението.

Патем, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, поради нивното неодговорно однесување и водењето на официјална кампања пред почетокот на изборната, создадоа нов кластер СДСМ во кој има позитивни на вирусот, 75 во изолација и огромен број граѓани и активисти кои изминатите денови имале контакт со сомнителните и заразените партиски функционери.

„Состојбата станува алармантна и за тоа одговорност имаат СДСМ, Заев и Филипче поради нивните постапки и одлуки. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и тоа јавноста сега го гледа. Ние цениме дека прво треба да се порази епидемијата, а потоа ќе следи поразот и на Заев поради неговите три години неспособна власт, хибридниот режим, сиромаштијата, корупцијата и криминалот кои тие ги создадоа“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките

Објавено пред

Сега е потребно единство и дисциплина во почитувањето на мерките, ќе успееме да го совладаме коронавирусот, велат од СДСМ.

„Со цел да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, одлучи во текот на продолжениот викенд да воведе одредени рестриктивни мерки со различен интензитет во различни делови од државата. Ваквите мерки се неопходни за да се спречи ширењето на коронавирусот и да се заштити здравјето на граѓаните. Вирусот Ковид-19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба. Вирусот е присутен и опасен и само со почитувањето на мерките ќе успееме“, пишува во соопштението.

„Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилни општини, а најдобар пример за тоа е општина Дебар. Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Онаму каде што има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метра и да нема групирање. А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, велат од СДСМ.

Партијата упати поддршка до сите здравствени работници кои се столбот во овие клучни моменти, но и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките и се грижат за личното и јавното здравје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија3 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион3 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија3 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија4 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ4 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија5 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион7 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет8 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет8 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет8 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија9 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија19 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија20 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија21 час

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ1 ден

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија1 ден

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија1 ден

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија1 ден

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија1 ден

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Досие