Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром се труе, а Шилегов и Марин го преспаа мандатот

Објавено пред

Мерната станица во Лисиче уште од 17 часот покажува енормна загаденост на воздухот, а истата сè повеќе расте со секој поминат час, реагираат вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од таму, нивото на канцерогени ПМ-10 честички во воздухот во Аеродром е и до 4-5 пати поголемо од максимално дозволената граница.

„Скопје буквално се гуши, а зимата не е ниту почната. И сето ова се случува на намален и редуциран градски превоз и намален проток на луѓе. Можеме да замислиме што ќе се случува во текот на зимскиот период. Петре Шилегов и Златко Марин кои се најповикани да се справуваат со проблемот со загадувањето на воздухот не направија ништо за да го подобри квалитетот на воздухот“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека двајцата градоначалници три години го преспале мандатот без ниту еден проект.

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски продолжува со црна кампања против здравствениот систем и се однесува опасно по јавното здравје

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ на чело со некрофилот Христијан Мицкоски продолжува со злоупотреба на жртвите од коронавирусот, си поигрува со чувствата на нивните најблиски и ги користи за политичко профитирање, а до вчера зборуваа дека вирусот е смешен, соопшти СДСМ.

„ Пандемијата зема замав насекаде во светот и наместо да ги поддржи напорите за справување со кризата, Мицкоски стои на страната на вирусот и нанесува штета со црната кампања против здравствениот систем, опструкциите, ширењето лажни вести, со кои предизвикува страв и паника кај граѓаните.

Граѓаните знаат дека во борбата со коронавирусот, владата предводена од СДСМ прави се за да се заштити здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ кочи средства за опремување ковид-болници, организира настани на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита, ги поттикнува луѓето да не носат маски.

Мицкоски глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а со своето однесување го доведува во опасност.

Она за што Мицкоски навистина се грижи е како да ја задржи фотелјата во белиот дворец, по три избори порази. Затоа уште долго ќе остане во опозиција“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Во која друга земја во светот мртовци и пациенти се лечат во иста просторија

Објавено пред

Во која друга земја во светот во една иста просторија има мртовци и пациенти кои се лечат. Тоа за жал се случува во битолската болница во Македонија. Тоа е последица на распаднатиот здравствен систем кој сто е продолжение на случаите каде во двор на болница се земаше инфузија, пациент во Штип почина поради недостаток на кислород, пациентка од Струга почина во дворот на охридската болница, само затоа што не ја пуштија да се лечи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Вистината е дека Филипче ја лаже јавноста дека болниците се отворени за сите пациенти. Во болницата 8 септември не примаат пациенти над 70 години. Овие луѓе се оставени да умрат во немилост од државата.

Вистината е дека Филипце ја лаже јавноста кога вели дека ја има ситуацијата под контрола кога нема ништо под контрола.

Заради неспособноста на Филипче со денови се чека за тестирање, а уште толку за да се добијат резултатите. Дополнително луѓето се позајмуваат за да можат да се тестираат, а додека чекаат резултати остануваат и без работа.

Сведоштвата кои ги слушаме од луѓето секојдневно, а кои и неретко ги пишуваат и на социјалните мрежи се траорни.

Филипче не успеа да се справи со коронакризата. На секаде ни се случува хаос, а Македонија е рекордер по бројот на умрени на милион жители, ни умираат луѓе буквално на секој саат од КОВИД 19.
Филипче и Заев се главните кривци што се губат животи“ се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали дека е подготвен за снегот, а загадениот воздух не го ни спомнува

Објавено пред

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, тоа е работа што Град Скопје треба да ја врши редовно затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешните активности на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Тој се фали дека е спремен за снег во ситуација кога има најмалку четири општини во градот Скопје во моментот во кои загаденоста е на највисоко ниво. Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз што повеќето од граѓаните на Скопје не може да си го дозволат, па се принудени да се задушуваат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици врз животот од нечистиот воздух за што Шилегов нема мрднато со прст“, се наведува во соопштението од политичката партија.

Во него се додава и дека актуелниот градоначалник не реализирал ниту еден од проектите што им ги ветил на скопјани.

„Урбанистичкото насилство продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, сè повеќе има сообраќаен метеж, а ветувањата за град без смог останаa во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

Бајден: Се уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека се уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет47 минути

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот, за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет57 минути

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет1 час

Големи гужви на аеродромите и центрите за тестирање во САД, во пресрет на Денот на благодарноста

Гужва на аеродромите и редици пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија13 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет14 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет14 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија14 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа14 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет15 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт16 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ16 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија16 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија17 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет18 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа18 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет19 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет22 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија22 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија23 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Досие