Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот

Ако Пендаровски е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот. Референдумот е највисока форма на демократијата во едно општество и најдобар начин да се чуе ставот на народот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Добро е да се чуе дека Пендаровски е на иста линија со претседателот Мицкоски и дека размислува да поддржи референдум. Набргу претседателот Мицкоски ќе излезе со формулацијата и очекуваме Пендаровски да го поддржи и да повика на поддршка од сите политички партии.
Референдумот мора да им даде право на граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина или, пак, горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина да имаме европска иднина.
ВМРО-ДПМНЕ е за европска иднина, но со зачувано достоинство и под исти правила и услови што важеле за сите до сега, а не Македонија да се дискриминира“, додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособната Влада на СДСМ и ДУИ, Македонија меѓу државите со највисока инфлација

Македонија соборува рекорди породи катастрофалното справување со економската криза. Македонија е меѓу земјите со најголема инфлација во Европа. Големиот процент на инфлација го јаде и така кревкиот животен стандард на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека неуспешното справување со инфлацијата од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и од страна на Народната банка нè искачи веќе подолг временски период на врвот на листата во Европа според висината на стапката на инфлација.
И во јули, според објавените податоци за годишната инфлација (на 21 држава), Македонија е на 4. место. Вкупно 17 држави имаат пониска инфлација, а само три имаат повисока инфлација од регистрираната во Македонија. Годишната инфлација во Македонија е и двојно повисока од годишната инфлација во Албанија во јули 2022 година.
Ова покажува дека животот поскапе значајно повеќе кај нас дома отколку во Европа. Воедно, ако на ова додадеме дека порастот кај платите не ја следи стапката на инфлација во повеќето сектори во економијата, тогаш јасно е дека народот е значајно осиромашен.
Наместо мерки за спречување на економската криза и помош за граѓаните и најранливите категории, државата се решава да удри директно по џебот на граѓаните и со зголемување на даноците да го полни испразнетиот буџет.
Оваа Влада ни донесе национална и економска катастрофа. За излез од оваа економска катастрофа, која ѝ се случува на државата, и за запирање на сите национални предавства, потребни ни се предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението.
Македонија
СДСМ: Лажговци и лицемери, ВМРО-ДПМНЕ на луксузните хотели и плажи во Монте Карло

ВМРО-ДПМНЕ е пример за лицемерство, за дрско и безобразно лажење на граѓаните. Додека глумат загриженост за економската состојба и животниот стандард, партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни хотели и плажи во Монте Карло, во ексклузивни рисорти во Црна Гора и други монденски дестинации, се вели во соопштението од СДСМ.
Ете колку раководството на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните, ете како го замислуваа протестното лето со кое го лажеа првенствено своето членство, а потоа и граѓаните.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеноста, безобразноста и лицемерството – беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ донесе хаос во образованието, нема учебници, нема сведителства

Министерството за образование и наука, наместо концепција, создава хаос. Концепција подразбира план и стратегија, а во случајот гледаме неспособност и неодговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека сè е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Наставниците и образовниот кадар се соочуваат со тотален колапс на системот, а на помалку од половина месец до почетокот на учебната година нема учебници. Наместо учебниците, се нудат материјали за учење, прирачници, упатства и слични експерименти што не може да бидат целосна алтернатива на учебникот. Печатењето на учебници доцни и голема е веројатноста дека до октомври, па и декември учениците нема да имаат книги.
Дополнително, веќе два месеца доцни и доделувањето на сведителствата бидејќи не биле набавени доволно сведителства за учениците. Ова покажува целосна неспособност и неодговорност на властите. Тие очигледно се изненадени со почетокот, но и со крајот на учебната година, исто како што би било изненадување снег во зимските месеци.
Поради оваа власт на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот и на институциите. Образованието тоне исто како што тонат сите области во Македонија. Криминалната власт ја уништува државата. Ова мора да престане. Најдобар начин за справување со оваа штетна власт на Ковачевски се предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението.