Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ остане на власт, годинава нè очекува уште поголема сиромаштија

Објавено пред

Единствено со заминување на СДСМ од власт граѓаните може да се надеваат на прогрес и просперитет. Во спротивно годинава нè очекува уште поголема сиромаштија и крах на сите полиња, наведуваат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта им ја честиташе новата година на граѓаните со поголеми даноци. Оваа година двојно повеќе на име персонален данок на доход ќе плаќаат земјоделиците, младите и просперитетни кадри кои се занимаваат со програмирање, 50% повисок данок ќе плаќаат граѓаните кои изнајмуваат стан или дуќан, лицата кои остваруваат доход од капитал и граѓаните кои играат игри на среќа“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека катастрофална година ги очекува и пазарџиите, кои, како што велат, ќе мора да плаќаат поскапи тезги, а, според нив, власта удрила и по сиромашните пензионери и вработените кои имаат помали плати па за да остварат нормална живејачка продаваат на пазар, право кое сега им се крати.

„Граѓаните видоа дека СДСМ не знае да ја води државата, партијата е целосно неспособна и само ги влече граѓаните во пропаст. Епидемијата со морбили е уште еден доказ за тоа. Првин со нивната лицемерна политика за печалење на политички поени го предизвикаа антивакцина-бранот, за сега да зборуваат сосема спротивно од она кога политички профитираа врз грбот на граѓаните“, велат од опозициската партија и додаваат дека црнилата не смеат да бидат наше секојдневие и оти за Македонија мора да изгрее зората.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка треба да си поднесе целата Влада

Објавено пред

Оставка е потребна од целата Влада не само од поединци од третиот ешалон на власта. Заменик-министерот за здравство само го следи примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој моделот едно евро за Вицето го префрли од Струмица на ниво на цела Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта, потребна е оставка од Зоран Заев, кој е единствениот аболиран премиер во Европа. Заев е главата на криминалниот октопод, кој е посочен во еден од исказите на жртвата во случајот „Рекет“, а уште не е повикан ниту на разговор.

„Оставка е потребна и од Драги Рашковски, кој е аудиодокументиран како мести тендер од 1,8 милион евра. Оставка мора да има и од Јован Деспотовски, кој како директор на Фондот за иновации додели милионски грантови на фирми блиски до СДСМ. Оставка е потребна и од Венко Филипче, кој заедно со Ден Дончев е осомничен дека барал рекет од неколку милиони евра. Оставки се потребни од десетици други функционери како на централно така и на локално ниво. Зоран Заев и неговата криминогена влада мора да си заминат. Со Заев, Македонија само тапка во место. Со Заев, Македонија нема иднина“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Спасовски: Од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава

Објавено пред

Денес, по 2 и пол години од преземањето на одговорноста да управуваме со институциите, можеме да констатираме колку е различна нашата држава, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, на трибината „На прав пат“ во Кичево.

„Дека државате е променета и на прав пат, треба само да го споредиме тоа време од пред 2 години кога граѓаните немаа право на слобода на говор, а денес секој слободно и храбро може да даде критика, идеjа и сугестија.Од заробена држава, денес имаме комплетно сменета држава, затоа што комплетно ги променивме политиките што ја држеа заробена и денес нашата држава гради добрососедски односи“, истакна Спасовски.

Тој порача дека како држава направивме многу реформи, ги откочивме процесите и државата тргна кон правиот пат кој го заслужува.

„Многу скоро Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ќе ги започнеме преговорите за ЕУ, иако се јавуваат дилеми кои ги слушаме од надвор, сепак одлуката ќе биде позитивна. Верувам дека искрено ќе се израдуваме на 17 и 18 и ќе го добиеме стартот за преговори“, истакна Спасовски упатувајќи порака дека деструктивните обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да успеат да ја оддалечат државата од интеграцијата во ЕУ и НАТО.

„Ќе победи напредна и просперитетна Република Северна Македонија“, порача Спасовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Демократскиот сојуз: Македонија не може да ги разреши проблемите на ЕУ

Објавено пред

Демократскиот сојуз е убеден дека Македонија ќе ги почне преговорите за интеграција во Европската Унија. Во Македонија постои и граѓански и политички консензус за прифаќање на европските вредности и стандарди и побрзо полноправно членство во Европската Унија.

„Препораката на Парламентот и Комисијата на ЕУ за почнување на пристапните преговори за влез во ЕУ се гаранција дека Советот на ЕУ ќе донесе одлука за брзо почнување на преговорите и целокупниот процес ќе се одвива со забрзано темпо.

Македонија ги исполнува сите критериуми за отворања на поглавјата клучни за реформи и нивна имплементација, особено поглавјата поврзани со владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Во сите препораки од ЕУ се инсистира да се надмине спорот со Грција, што беше и направено, со големи компромиси и отстапки и промена на уставното име на државата. Затоа не треба да има дилеми за почнување на преговорите, ниту блокада на евроинтеграциските процеси на Македонија, ќе се разрешат проблемите во рамките на ЕУ, ниту ќе се порази екстремната десница во земјите членки на ЕУ. Македонија зазема стратешка позиција на Балканот и нејзината интеграција во ЕУ ќе биде стабилизирачки фактор на Балканот и поширокo, соопшти партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија31 минута

Заев: Ако нема одлука за датум, владата може да падне

Понатамошно одлагање на добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на владата, рекол премирот...

Македонија1 час

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет2 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион3 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија3 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет5 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет5 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион6 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа6 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија16 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет18 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија20 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа21 час

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион22 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт22 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет23 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет24 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ1 ден

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Досие