Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисите во Македонија плаќаат и до 100% поскапа струја во однос на земјите од регионот

Објавено пред

Со владата на Ковачевски бизнисите во Македонија плаќаат и до 100% поскапа струја во однос на земјите од регионот, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Како што велат од партијата, според официјалните податоци на ЕУРОСТАТ за 2021 година за цената на струјата која ја плаќаат малите и средните бизниси со потрошувачка од 500 до 2.000 мегавати, се гледа дека бизнисите во Македонија плаќаат и до двојно поскапа струја во однос на бизнисите од регионот.

„Во 2021 година фирмите во Македонија плаќале просечна цена на струја од 144.5 евра за мегават, додека во Црна Гора плаќале 79.2 евра, со тоа се гледа дека нашите бизнисмени плаќале за 82% поскапа струја од нивните колеги во Црна Гора, за 38% поскапа струја од бизнисмените во Србија, за 66% во однос на турските, за 70 во однос на босанските, за 98% во однос на косовските, за 12% во однос на хрватските и за 18.5% во однос на словенечките.

Ова е доказ дека македонските фирми плаќаат најскапа струја во регионот, и тоа е пред сè последица на криминалот и неспособноста на владата, од каде не знаат како да произведат повеќе домашна струја по пристојни цени“, наведуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека енергетскиот сектор во Македонија под СДСМ увезува и до 3 терават часови струја годишно, затоа што, според ВМРО-ДПМНЕ, не се способни да произведат и го намалија производството скоро двојно во однос на времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата.

„СДСМ со своето неделување, криминал и неспособност сега, придонесува истата ситуација да продолжи и догодина. Затоа предвремени парламентарни избори час поскоро се решение за излез од кризата во која не втурна СДСМ“, порачаа од опозициската партија.

Македонија

СДСМ: Воопшто не се разговара за реконструкција на Владата, единствено ќе се пополни позицијата на Горан Милевски

Објавено пред

Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата, велат од СДСМ демантирајќи ги написите во медиумите за наводна реконструкција на Владата.

dobivaj vesti na viber

„Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски, кој се повлече од функцијата. Наводите дека ќе се менуваат министри од редовите на СДСМ се свесни манипулации кои доаѓаат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја дефокусира јавноста од своите внатрепартиски проблеми, како и мега скандалот со тендерот од 136 милиони евра во Град Скопје“, посочуваат од оваа партија.

Владата предводена од СДСМ, додаваат од таму, останува фокусирана на менаџирање со економската и енергетската криза, како и креирање нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Тендерската ДПМНЕ удри по џебот на граѓаните, во Прилеп поскапуваат градскиот превоз и сметките за вода и смет

Објавено пред

Според партијата на власт, во време на светска економска и енергетска криза, наместо помош кон граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Поради неспособноста на градоначалникот и директорите на општинските комунални претпријатија во Прилеп, поради масовната партизација на истите, во Прилеп сериозно поскапуваат сметките за вода и смет, како и јавниот превоз, реагираат од СДСМ.

Советничката група на СДСМ повеќе од 11 часа се бореше за да го заштити стандардот на граѓаните, поднесувајќи 400 амандмани, но претседателот на Советот од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се исклучиво од партиски интереси сите ги отфрли, додаваат од таму.

„Мнозинството на Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ не прифати ниту повлекување на спорните точки за зголемување на цените на комуналните услуги и на јавниот градски превоз. Ете како ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, додека глумат загриженост за економската состојба, јавните претпријатија на локално ниво ги доведуваат до колапс, за потоа дополнително да им наштетат на граѓаните, воведувајќи поскапи давачки во време на криза. По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за граѓаните, туку дејствува единствено за партиски и бизнис интереси“, се истакнува во писмениот допис од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски да одговори според кој НАТО-стандард огранокот на СДС Арачиново регрутира професионални војници

Објавено пред

„Скандал и срам, партијата на дезертерот Ковачевски регрутира професионални војници преку општински ограноци“, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

На фејсбук-страницата на СДС Арачиново, како што додаваат од оваа партија, е објавено известување до членовите на СДС од Арачиново со информација сите тие коишто се јавиле на огласот за професионални војници во АРМ, да се јават кај претседателот на СДС Арачиново!

Ова, според опозициската партија е срам  за македонската армија.

„Ова е доказ дека СДС партизира сè, од чистачка до министер. Устата им е полна за стандарди и НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штапски филтер во огранок како Арачиново. Каде е министерката Славјанка Петровска, каде е дезертерот Ковачевски да кажат според кој НАТО-стандард огранокот на СДС во Арачиново регрутира професионални војници во АРМ?“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„И од дезертерот Ковачевски да е, премногу е! Единиците на АРМ ги претворија во партиски штабови. Да беа нормална влада, каква што не се, уште синоќа ќе фрчеа оставки. За ваков скандал оставка треба да си поднесат и дезертерот Ковачевски и министерката Славјанка Петровска во пакет. Треба да знаат дека ако бегаат, нема да избегаат од одговорност. Народот ќе ги казни сурово на следните избори и за овој скандал и за целата катастрофална состојба во која ја донесоа државата“ , се истакнува во напишаното.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

Економско-енергетскиот совет донел одлука дека на 15 октомври почнува грејната сезона во Скопје и парно ќе има бидејќи е почната...

Македонија15 часа

Објавени имињата на новите директори на јавните претпријатија во Скопје

Назначени новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје. Со ЈП „Лајка“ назначена е да раководи Радмила Пешева, а со...

Економија15 часа

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите

Доколку не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризите, при...

Македонија15 часа

Се засилува потрагата по лицето кое со „голф 4“ падна во реката Вардар кај Желино

Oд раните утрински часови продолжена е потрагата и се засилува по лицето кое со автомобил „голф 4“ падна вчера во...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски нуди план за справување со енергетската криза: Двојно поевтина струја и спречување на инфлацијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со тимот претставници на највисокото раководство на партијата, вклучително и голем дел од градоначалници...

Македонија17 часа

(Интервју) Дејвид Гир: Дали сте подготвени утре да се приклучите кон ЕУ – очигледно не

За пристапување во ЕУ потребни се институции кои се професионални и се базираат на заслуги а не на партиски интереси,...

Регион17 часа

(Видео) Вучиќ: Не се борам ниту за Путин ниту за Бајден, гајле ми е за нив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за ситуацијата во Украина и на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон...

Топ19 часа

71-годишен маж од Битола извршил полов напад врз осумгодишно дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија20 часа

Зеќири сведочеше против Рашковски: Не бев запознаен со софтверот за определување на просечна брзина и одредување на казни

Ексгенералниот секретар во Владата Мухамед Зеќири сведочеше против неговиот претходник во оваа институција Драги Рашковски. Обвинителката Ивана Трајчева го прашуваше...

Македонија20 часа

Рашковски купил систем за биометриска идентификација иако бил предупреден дека истиот е забранет за користење, вели сведок

Ексгенералниот секретар Драги Рашковски купил систем за биометриска идентификација, за да евидентира работно време на Генералниот секретаријат (пр. со отпечаток...

Свет20 часа

Полскиот премиер за истекувањето на гасоводот Северен тек: Јасно е дека се работи за саботажа

ЕУ ќе ја зајакне заштитата на својата енергетска инфраструктура по инцидентите кои предизвикаа истекување на гасоводот Северен тек, изјави високиот...

Свет21 час

Меркел предупредува: Сфатете ги сериозно зборовите на Путин

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел повика зборовите на рускиот претседател Владимир Путин да се сфатат сериозно. – Мора сериозно да...

Свет21 час

Лидерот на Луганската Народна Република денеска ќе побара од Путин прием во Руската Федерација

Лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛПР) во Украина, Леонид Пашечник, најави дека подоцна денеска ќе подготви документ со кој...

Свет21 час

Олаф Шолц: Путин е очаен, прави грешка по грешка

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека рускиот претседател Владимир Путин „прави грешка по грешка“ и дека таквите постапки, како што...

Свет22 часа

Медведев: Референдумот заврши, добре дојдовте дома во Русија

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека резултатите од референдумот во Донбас, Запорожје и Керсон се сосема...

Европа22 часа

Полска и Бугарија до своите граѓани: Итно напуштeте ja Русија

Владите на Полска и Бугарија ги повикуваат своите граѓани кои сè уште се во Русија веднаш да ја напуштат земјата....

Европа22 часа

Научниците со предупредување: Oткриен нов вид на коронавирус, ги заобиколува постоечките вакцини

Научниците кои се занимаваат со откривање  нови вируси открија нов вид на коронавирус кај лилјаци што може да предизвика проблеми...

Европа22 часа

Полскиот министер: Одговорот на НАТО на нуклеарен напад во Украина би бил разорен

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау изјави во Вашингтон дека одговорот на НАТО на каква било употреба на нуклеарно...

Европа23 часа

Антонов до Америка: Не поттикнувајте го Киев

Америка се приближува до опасен раб кога зборува за тоа дeка нема да го спречи Киев да користи западно оружје...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, откога на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново осамна објава –...